2 Макавејска 5

5
Втората египетска војна
1 # 1 Мак 1,16-20 Во тоа време Антиох започна втора војна против Египет. 2Во тие денови, речиси цели четири­есет дена, над целиот град во воздухот се гледаа коњаници, во златна облека и вооружени со копја, слични на војници; 3стројни борбени коњички редови, напади и отстапувања на едната и на другата страна, размавнување со шти­тови и многу копја и мечеви, фрлање стрели, болскав сјај на златни оклопи и секакво оружје. 4Затоа сите се молеа таа појава да би­де за добро.
Крајот на Јасон
5Кога потоа се прошири лажен глас дека Антиох умрел, Јасон собра не по­малку од илјада души и го нападна градот, а штом се искачија на градските ѕидови, и откако градот беше преземен, Менелај избега во тврдината. 6А Јасон безмилосно ја пролеваше крвта на своите сограѓани, не помислувајќи дека успехот против сонародни­ци­те е најголемото зло, па си замислуваше дека добил победа над непријателите, а не над еднородните браќа. 7Но сепак тој не доби никаква власт, туку срамно го заврши своето предав­ство и беше одново принуден да бара прибежиште во Аманитида. 8Крајот на неговиот лош живот беше ваков: обвинет пред арабискиот владетел Арета, тој бегаше од град во град, од сите прогонуван и мразен како от­стапник од законите и презиран како непријател од својата татковина и сво­ите сограѓани, беше протеран во Еги­пет. 9#1 Мак 12,1-23Оној што изгони толку многу луѓе од својата татковина, самиот загина во туѓа земја, откако појде кај Лакеде­мон­ците со надеж дека меѓу нив ќе најде за себе прибежиште поради роднинството што го имаше со нив. 10#1 Мојс 49,29; 3 Цар 2,10; 13,22Оној кој остави многумина без по­г­реб, и самиот остана неоплакан и неудостоен со погреб, ниту со гробот на своите татковци. 11Кога царот разбра за сето тоа, тој помисли дека Јудеја се одвојува од него, па се дигна од Египет со разгневена душа и го зазеде градот со своите вооружени сили. 12Тој им заповеда на своите војници безмилосно да ги бијат сите што ќе ги видат и да ги убиваат оние што се кријат по куќите. 13Така изгинаа млади и стари, умртвија мажи, жени и деца, заклаа девојки и доенчиња. 14Во три дни загинаа осумнаесет илјади: четиринаесет илјади паднаа од раката на убијците, а не помалку од убиените беа оние што беа продадени.
Ограбувањето на храмот
(1 Мак 1,21-24)
15Но незадоволен ни од тоа, тој се осмели да влезе и во најсветиот храм на целата земја, а го водеше Менелај, предавникот на законите и на татковината. 16Тој ги земаше светите садови и дру­гите свети предмети со своите нечисти раце, подарени од други цареви за бла­гослов и напредок, поради славата и достоинството на ова свето место. 17#6,12-17; 9,13; 15,22Антиох, заслепен од своите горди мисли, не можеше да разбере дека Гос­под за кусо време се разгневи поради гревовите на граѓаните, поради што го остави градот без заштита. 18Иако немаше натрупано толку мно­гу гревови, сепак, кога би се осмелил да влезе, и него ќе го одвратеа ударите на камшикот од неговата дрскост, како што го одвратија и Хелиодор, кого го испрати царот Селевк да ја испита ризницата. 19#Мк 2,27Но Господ не го избра народот заради светото место, туку го избра светото место – заради народот. 20Затоа и светото место, имајќи дел од народните неволји, доби дел од Бож­јите добрини, па макар што беше за­пуштено поради гневот на Севишниот, пак беше издигнато во целата своја сла­ва, откако се смилува Великиот Господ. 21И така, Антиох, откако однесе од храмот осумстотини таланти, па побрза да се врати во Антиохија, мислејќи во својата гордост дека копното може да го направи погодно за пловење, а морето – за сувоземни патишта; 22#8,8за настојник во Ерусалим го остави Филип, родум од Фригија, а по природа пожесток и од оној што го постави, 23#4,38а во Гаризим го постави Андроник, а освен нив, и Менелај, кој управувал уште полошо од другите над јудејските граѓани.
Интервенцијата на Аполониј
(1 Мак 1,29-35)
24Потоа го испрати својот намесник Аполониј со дваесет и две илјади војници, откако му заповедал да ги убијат си­те возрасни мажи, а жените и децата да ги продадат. 25Кога дојде во Ерусалим, тој се при­кажувал како мирољубив човек; поче­кал до светиот саботен ден, и тогаш ја ис­користил саботната починка на Ју­деј­ците, па на своите луѓе им заповеда да го земат оружјето. 26Најнапред ги убил сите оние што отишле да ја гледаат војската, а потоа заедно со својата војска се втурнал во градот и исклал многу народ. 27#3 Мојс 11; 1 Мак 2,28.31; Евр 11,38Тогаш Јуда Макавејски, десетти во својот род, се повлече во пустината и живееше со своите приврзаници по планините како ѕверовите; се хранеше со трева за да не биде соучесник во ос­квернувањето.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

2 Макавејска 5: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល