2 Макавејска 6
6
Воспоставување пагански обреди
1Набргу потоа царот испрати еден старец, Атињанин, да ги присилува Јудејците да ги прекршат татковските закони и да не живеат по Божјите закони; 2да го осквернат ерусалимскиот храм и да го нарекуваат храм на Зевс Олимписки, а храмот во Гаризим – храм на Зевс Гостољубивиот, затоа што жителите на овој град се придојдени. 3Оваа неволја беше тешка и неподнослива за народот. 4Храмот се исполни со блудство и пијанчење од страна на незнабошците кои, дружејќи се со блудници, се собираа со таквите жени во најсветите места во храмот и внесуваа непозволени работи. 5И жртвеникот се наполнил со недозволени жртви, спротивни на законот. 6Не се дозволуваше празнувањето на саботата, ни празнувањето на празниците, па не дозволуваа дури да се нарекуваме Јудејци. 7Секој месец, на роденденот на царот, сосила ги водеа Јудејците да принесуваат идолски жртви, а на Дионисовиот празник ги принудуваа да носат бршленови венци и да одат во групи свечено во чест на Дионис. 8#4,45; 13,25; Суд 1,31; 1 Мак 5,15; 12,48Таква наредба издаде царот Птоломеј и во другите соседни елински градови, а тие да дејствуваат против Јудејците и да ги принудуваат да им принесуваат жртви на идолите и да јадат од тие жртви. 9Оние, што не се согласуваа да живеат според обичаите на незнабошците ги убиваа. Токму тогаш настана вистинска мака. 10Две жени беа обвинети дека ги обрезале своите деца; затоа ги врзаа тие деца за градите на нивните мајки, па откако ги прошетаа низ градот пред народот, ги фрлија преку градските ѕидишта. 11#5,21-22; 1 Мак 2,29-38Други се собираа во блиските пештери за да можат тајно да го празнуваат саботниот ден, но, откако беа пријавени кај Филип, беа изгорени, зашто, поради светоста на тој ден, сметаа дека е грешно да се бранат.
Милоста Божја и во казнувањето
12Ги молам оние што ја читаат оваа книга да не се плашат од овие неволји и да знаат дека овие страдања не служат за пропаст, туку за вразумување на нашиот род. 13#Ис 54,7-8; Мудр 11,9Зашто тоа што на нечестивите не им се дава многу време, туку набргу биваат казнувани, тоа е знак за големата Божја милост. 14Додека другите народи Господ ги чека долготрпеливо да ги казни за нивните гревови, тогаш кога тие ќе се натрупаат, а со нас не постапува така; нас не нѐ чека така долготрпеливо; 15#1 Мојс 15,16; 1 Сол 2,16нѐ казнува пред да стигнеме до врвот на гревовите. 16Бог никогаш не ја оддалечувал од нас Својата милост; нѐ казнува со неволји, но никогаш не нѐ изоставува нас – Својот народ. 17Ова што го реков, нека ни биде доволно како спомен. А сега пак да се вратиме на нашето прикажување.
Мачеништвото на Елеазар
18 #
3 Мојс 11,7; Ис 65,4 Имаше некој си Елеазар, еден од првите книжници, веќе остарен, но многу личен. Него го принудуваа, отворајќи му ја насила устата да јаде свинско месо. 19Но тој повеќе ја сакаше славната смрт, отколку срамниот живот; доброволно се предаде да го измачуваат и го плукаше она што насила му го ставаа во устата, 20а така требаше да постапуваат сите, решени поскоро да истрпат, отколку да јадат од она што е забрането со закон. 21Тогаш оние, што стоеја на чело на безбожничкото жртвување, познавајќи го тој човек од поодамна, го повикаа насамо и го убедуваа да принесе месо што тој самиот ќе го приготви, кое би можел да го јаде, и да се прави дека божем јаде од месото што го жртвувал царот, 22на тој начин да се избави од смртта, ползувајќи се со нивната љубов поради нивното старо пријателство. 23Но тој, решителен во својата благородна одлука, достојна за неговата возраст и угледна старост, за неговите славни бели коси, за побожноста уште од раното детство, а најповеќе – поради светиот и од Бога даден закон, одговори и рече: 24#4,13„Веднаш нека ме предадат на смрт. Зашто на нашата возраст не ѝ прилега да се преправаме, така што многумина од младите да помислат дека деведесетгодишниот Елеазар минал во верата на незнабошците, 25па, поради мојата лицемерност, заради краткиот и ништожен живот, преку мене да паднат во заблуда, а со тоа јас би ѝ ставил дамка и срам на мојата старост. 26Па и кога би се избавил од човечките измачувања во овој живот, во сегашново време, јас не би можел да избегам од сесилната десница на Севишниот ни во овој живот, ниту по смртта – во другиот. 27Затоа сега, откажувајќи се храбро од овој живот, ќе се покажам достоен за својата старост, 28#13,14а на младите ќе им оставам добар пример како треба за почитуваните свети закони со гордост да се оди во смрт.“ По овие зборови веднаш појде на измачување. 29Тогаш и оние што го водеа, ја изменија дотогашната своја наклоност спрема него во омраза; неговите зборови ги сметаа за лудост. 30Кога под жестоките удари веќе умираше, тој воздивна и рече: „Господ, Кој знае сѐ, добро знае дека можев да се избавам од смртта и дека на своето тело ги поднесувам тешките маки од бичувањето, ги претрпувам во мојата душа од страхопочит спрема Него.“ 31Така го заврши својот земен живот и со својата смрт остави, не само за младите, туку и за многумина од народот, пример за храброст и спомен на добродетел.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
2 Макавејска 6: MK2006D
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: