2 Макавејска 4
4
Лошите дела на настојникот Симон
1 #
3,4-6
Спомнатиот Симон, кој стана предавник на храмовата ризница и на татковината, го наклевети Онија дека работи против Хелиодор и дека бил виновен за лошите работи. 2Добротворот на градот, заштитникот на своите сонародници и ревносниот исполнител на Божјите закони, тој се осмелуваше да го нарекува државен непријател. 3И кога непријателството дојде дотаму што преку некој од едномислениците на Симон, почнаа да се извршуваат убиства, 4#3,5Онија, гледајќи дека борбата станува многу опасна и дека Аполониј, управителот на Келе-Сирија и Феникија, ја поттикнува злобата на Симон, 5отиде кај царот, но не како обвинител на своите сограѓани, туку заради општата полза на сиот народ и на секој поединец. 6Тој согледуваше дека без царска помош не е можно мирно да се средат работите и дека Симон нема да се ослободи од своето безумие.
Првосвештеникот Јасон го прифаќа елинизмот
7По смртта на Селевк, кога Антиох, наречен Епифан, стана цар, Јасон, братот на првосвештеникот Онија, се обидуваше да ја преземе првосвештеничката служба, 8ветувајќи му на царот, при една нивна средба, триста и шеесет таланти сребро, и од некои други приходи – осумдесет таланти. 9Освен тоа, ветил дека ќе плати уште сто и педесет таланти, ако му дозволи да има свое училиште за телесно воспитување на младите и на ерусалимците да им дава антиохиско граѓанство. 10Кога царот се согласи и тој доби таква власт, почна веднаш своите сонародници да ги воведува во елински начин на живеење. 11#1 Мак 8,17Ги укина правата, кои царот заради човекољубие им ги беше дал на Јудејците, со посредство на Јован, таткото на Евполем, кој одеше како пратеник кај Римјаните за да склучи сојуз и пријателство, па, со еден збор, уривајќи ги законските уредби, воведуваше нови обичаи спротивни на законот. 12Откако изгради под самата тврдина училиште за телесно воспитување на младинци, ги привлекуваше оние од нив што беа полични, па ги водеше во дом на срамот. 13Така се појави наклоноста спрема елинизмот и приближувањето спрема туѓинците поради преголемата безбожничка расипаност на Јасон, на тој безбожник, а не првосвештеник, 14така што и свештениците престанаа да бидат ревносни спрема својата служба кај жртвеникот, и презирајќи го храмот и не грижејќи се за жртвите, брзаа на знак од свирче да присуствуваат на претстави, забранети со законот. 15Го сметаа за ништо она што нивните татковци го почитуваа; го признаваа за добро само она што го признавале Елините. 16Затоа ги постигна страшна казна: оние што им беа пример за угледување за тоа како треба да живеат и во сѐ да бидат слични на нив, тие им станаа непријатели и крвници; 17#5,8-10; 13,4-8зашто не е можно да ги прекршиме Божјите закони, а да останеме неказнети; тоа го потврдува и она што се случи потоа. 18Кога во Тир се одржуваа, во присуство на царот, петгодишните натпревари, 19безбожниот Јасон испрати гледачи од Ерусалим, антиохијци, да однесат и триста сребрени драхми за жртва на Херкул; но, оние што ги зедоа да ги носат, молеа да не бидат употребени за жртви, бидејќи тоа го сметале како нешто неприлично, туку да ги потрошат за нешто друго. 20И така, парите што ги испрати за жртва на Херкул, беа потрошени за градба на чунови со весла.
Дочекот на Антиох Епифан во Ерусалим
21 #
1 Мак 10,75
Кога потоа Аполониј, синот на Менестеј, беше испратен во Египет да присуствува на зацарувањето на Птоломеј Филометор, Антиох се посомневал во него; затоа кога се упати во Јопија, тој дојде во Ерусалим. 22Тогаш беше пречекан многу свечено од Јасон и од градот, со факели и восклици, а оттаму заедно со својата војска појде во Феникија.
Менелај назначен за првосвештеник
23 #
3,4; 4,1.7 Три години потоа, Јасон го испрати Менелај, братот на претходно споменатиот Симон, за да му ги однесе на царот парите и да го потсети на некои неодложни работи. 24А тој, кога се сретнал со царот, ја пофали неговата власт, и издејствува да му биде дадена првосвештеничка служба, откако рече дека ќе плаќа триста таланти сребро повеќе од Јасон. 25Откако ги прими заповедите на царот, се врати во Ерусалим, без да донесе со себеси нешто достојно за првосвештеник, освен гневот на свиреп тиранин и бес на див ѕвер. 26Па така Јасон, кој го измами својот роден брат, од друг беше измамен и мораше да пребега во Аманитида. 27Менелај ја доби првосвештеничката власт, но воопшто не се грижеше за парите што му ги ветил на царот, иако Сострат, заповедникот на градската тврдина, постојано ги бараше од него, 28зашто тој беше одговорен за собирање на даноците; поради таа причина обајцата беа повикани кај царот. 29#12,2Менелај беше принуден првосвештенството да му го отстапи на Лисимах, а Сострат го заменил Кратис, заповедникот на Кипраните.
Убиството на Онија
30Додека се случуваа овие настани, бунт кренаа Тарсјаните и Малошаните, затоа што нивните градови ѝ беа дадени како мираз на царската наложница Антиохида. 31Затоа набргу потоа царот отиде таму за да ги помири, а за свој намесник го остави Андроник, еден од големодостојниците на царот. 32Тогаш Менелај, сметајќи дека му се укажал погоден момент, украде златни садови од храмовата ризница и еден дел од нив му ги подари на Андроник, а другите ги продаде во Тир и во соседните градови. 33#3,12Откако разбра и се увери во тоа, Онија го укори и се засолна во азилното место Дафни кај Антиохија. 34#Дан 9,26Затоа Менелај, штом се состана со Андроник, го замоли да го убие Онија. Тогаш Андроник отиде кај Онија, измамнички му ја подаде својата десница, а Онија, иако се сомневаше во него, излезе од своето скривалиште; веднаш го уби, не водејќи грижа за правда. 35Од ова се разгневија не само Јудејците, туку и многу други народи, и негодуваа поради неправедното убиство на тој човек. 36Кога царот се врати од пределите на Киликија, Јудејците и побунетите Елини од градот го известија за беззаконото убиство на Онија. 37Антиох, силно огорчен и побуден со сочувство, ги оплакуваше добродетелите и големата побожност на умрениот, 38разгневен на Андроник, му ја соблече достоинственичката облека, му ги искина алиштата и заповеда да го водат по целиот град и на истото место, каде што тој го уби Онија, да го погубат него – убиецот; така Господ му даде заслужена казна.
Смртта на Лисимах
39А кога Лисимах, со знаење на Менелај, направи многу кражби на свети предмети, и затоа почна насекаде да се говори, народот се дигна против Лисимах, зашто многу златни садови беа украдени. 40Откако разгневениот народ востана, Лисимах вооружи околу три илјади луѓе, и прв почна да врши насилства под водство на еден тиранин, стар по години, но не помалку застарен по своето безумие. 41Штом ги видоа насилствата на Лисимах, едни од луѓето беа грабнале камења, други стапови, а трети земја и ги фрлаа врз главите на Лисимаховите луѓе, 42така што многумина од нив убија, некои ранија, а останатите ги натераа да се разбегаат, додека крадецот на светите работи го фатија кај ризницата.
Менелај ослободен
43Затоа Менелај, беше изведен пред суд. 44Кога царот дојде во Тир, тогаш тројца пратеници од Советот на народните старешини му поднесоа жалба. 45#8,8; 1 Мак 3,38А Менелај, веќе фатен, му вети многу пари на Птоломеј, Дорименовиот син, ако се застапи пред царот за него. 46А Птоломеј, го одведе царот под некој трем, под изговор дека треба да се освежи, и скришно го промени судското решение. 47#Кол 3,11Менелај, виновникот на сето зло, царот го ослободи како невин од сите обвиненија, додека кутрите обвинители, кои ако требаше да се бранат и пред суд на Скитите, секако дека ќе беа ослободени, нив царот ги осуди на смрт. 48И така, оние што говореа во одбрана на градот, народот и на светите садови, веднаш беа осудени со неправедна казна. 49Дури и тирчаните, згрозувајќи се од таквата неправедна казна, дадоа голем прилог за нивниот погреб. 50А Менелај, поради алчност на властодршците, ја задржа власта што ја имаше, па напредувајќи во злобата, им стана уште пожесток непријател на граѓаните.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
2 Макавејска 4: MK2006D
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: