2 Макавејска 3
3
Хелиодор доаѓа во Ерусалим
1 #
4,7
Додека во светиот град луѓето живееја во потполн мир и додека грижливо се пазеа законите поради побожноста на првосвештеникот Онија, и неговата омраза кон злото, 2#1 Езд 6,8-11тогаш обично и самите цареви го почитуваа тоа место и светиот храм го даруваа со најскапоцени дарови, 3така што и азискиот цар Селевк даваше од своите приходи за сите расходи околу жртвените служби. 4#1 Лет 24,14Но некој си Симон, од племето на Венијамин, кој бил поставен за настојник на храмот, влегол во расправија со првосвештеникот поради надзорот над градското пазариште. 5Бидејќи не можел да го наговори првосвештеникот Онија, отишол кај Тарсеовиот син Аполониј, кој во тоа време бил управител на Келе-Сирија и Феникија, 6го известил дека ерусалимската ризница е преполна со неизмерно богатство дека во неа е натрупано големо количество пари, кои не се потребни за принесување жртви и дека сето тоа богатство може да му припадне на царот. 7#10,11; 11,1; 13,2; 1 Мак 3,32Кога еднаш Аполониј се состанал со царот и го известил за спомнатото богатство, а овој го одбрал Хелиодор, неговиот државен управител, го испратил со заповед да го земе тоа богатство. 8Хелиодор веднаш тргнал на пат, под изговор дека треба да ги обиколи градовите на Келе-Сирија и Феникија, а всушност тргнал да ја изврши царската заповед. 9Кога пристигнал во Ерусалим, и бил љубезно примен од првосвештеникот на градот, тој му соопштил за тоа што го дознал и дека е дојден да праша дали е тоа вистина. 10#5 Мојс 27,19Макар што првосвештеникот му рекол дека тоа е имот на вдовици и сираци, доверени на пазење, 11#Неем 2,10.19; 13,8и дека еден дел е на Хиркан, синот на Товија, еден многу угледен човек, и дека не е вистина она што клеветел нечесниот Симон, и дека има само четиристотини таланти сребро и двесте таланти злато, и затоа 12#1 Мак 10,43не треба да бидат повредени оние што верувале во светоста на местото и во достоинството, и во неповредливоста на храмот, кој е почитуван во целиот свет, –
Вознемиреност во градот
13Хелиодор, кој имаше царска заповед, сепак, одлучно рече дека тоа треба да биде пренесено во царската ризница. 14Тој определи ден, а кога влезе во ризницата за да направи попис, во градот се создаде голема вознемиреност. 15#2 Мојс 23,6-12Свештениците, облечени во свештенички одежди, паѓаа пред жртвеникот и повикуваа кон небото, до Оној, Кој го дал законот за доверување имот на храмот, молејќи да им го запази цел на оние што му го довериле. 16Секој што ќе го погледнеше лицето на првосвештеникот, ја чувствуваше неговата душевна вознемиреност; изгледот и изменетата боја на лицето ја покажуваа душевната мака. 17Него го обзеде ужасен страв и трепереше со сето свое тело; тоа на оние што го гледаа, им кажуваше колку страда неговото срце. 18Цели семејства истрчуваа од своите домови и одеа на заедничка молитва, зашто на светилиштето му се закануваше осквернување. 19#2 Цар 13,19; Плач 2,19Жените опашани со вреќиште под градите, одеа во групи на улиците, девојки, дотогаш пазени по домовите и вардени, трчаа едни кон портите, други кон ѕидовите, а трети гледаа низ прозорците, 20и сите креваа раце кон небото и се молеа. 21Жално беше да се гледа како многуброен народ паѓа ничкум, а крајно вознемирениот првосвештеник стоеше и чекаше. 22Сите Му се молеа на Бога Седржителот целосно да им го запази на сопствениците она што му го довериле на храмот на пазење. 23Но Хелиодор и понатаму го правеше она што беше наумил.
Казната за Хелиодор
24 #
12,15.28; 15,3.23.29; Евр 12,9 А кога влезе во ризницата со своите вооружени придружници, Господ на нашите татковци и Господарот на секоја власт покажа знак; сите што се осмелија да влезат во ризницата беа соборени од страв пред Божјата сила и паднаа во немоќ и ужас. 25Пред нивните очи им се појави коњ покриен со прекрасно седло, и страшен коњаник, па кога се исправи на задните нозе, го удираше Хелиодор со предните копита, а коњаникот како да имаше златен оклоп. 26Се појавија и други двајца младичи, еден од едната, а другиот – од другата страна, необично силни и со ретка убавина и почнаа да го бичуваат и многу рани му нанесоа. 27Кога Хелиодор најпосле падна на земја, него го обви густа темнина; тогаш го кренаа и го поставија на носила. 28Оној што пред малку беше влегол во ризницата со голема сила, тој и оние што го придружуваа, беспомошен го изнесоа со јасен доказ за Божјата сила. 29Тој беше соборен од Божјата сила и лежеше безгласен и лишен од секаква надеж за спасение. 30Јудејците Го прославуваа Господа, Кој го прослави Своето живеалиште; храмот, кој пред малку време, беше исполнет со страв и трепет, со појавувањето на Господ Седржителот, се исполни со радост и веселба. 31#Дан 3,28-29; 4,30-34; 6,27-28Потоа, некои од придружбата на Хелиодор, го замолија првосвештеникот Онија – да Му се помоли на Севишниот за да му подари живот на оној што лежеше на издивнување. 32Првосвештеникот, плашејќи се царот да не помисли дека Јудејците направиле некакво злодело против Хелиодор, принесе жртва за негово спасение. 33#3 Мојс 4Додека првосвештеникот ја принесуваше жртвата за помилување, истите младинци пак му се појавија на Хелиодор, облечени во иста раскошна облека, па кога застанаа пред него му рекоа: „Биди му многу благодарен на првосвештеникот Онија, зашто Господ ти подари живот само поради него, 34а ти, казнет од Бога, разгласувај им ја на сите Неговата голема сила.“ И откако ги изговорија овие зборови, исчезнаа.
Промената кај Хелиодор
35А Хелиодор, откако Му принесе жртва на Господ и Му даде големи ветувања на Оној, Кој му го запази животот, му заблагодари и на Онија и со својата војска се врати кај царот, 36сведочејќи пред сите за делата на Севишниот Бог, кои ги виде со своите очи. 37А кога царот го запраша Хелиодор кој човек му се чини дека е погоден да биде испратен пак во Ерусалим, тој му одговори: 38„Ако имаш некаков непријател или противник на твојата држава, него испрати го таму, и ќе го пречекаш казнет, само ако остане жив, зашто на она место навистина има сила Божја; 39Оној, Кој живее на небото, бдее над тоа место и го заштитува; оние што Му пристапуваат со лоша намера – Тој ги бие и ги уништува.“ 40Ете, тоа му се случи на Хелиодор и така беше зачувана ризницата на светиот храм.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
2 Макавејска 3: MK2006D
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: