2 Макавејска 13
13
Одмазда на Јуда против Јопија и Јамнија
1 #
1 Мак 6,28-63
Во сто четириесет и деветтата година слушнаа оние што беа со Јуда дека Антиох Евпатор доаѓа против Јудеја со голема војска, 2#1 Мак 6,28-30а со него и Лисиј, настојник и државен управител и дека едниот и другиот имаат елинска војска од сто и десет илјади пешаци, пет илјади и триста коњаници, дваесет и два слона и триста бојни коли со коси. 3#4,24-50Кон нив бил придружен и Менелај, поттикнувајќи го многу итро Антиох, не затоа што сакал да ја спаси татковината, туку се надевал да го добие наследството. 4#Откр 17,14Но Царот над царевите го поттикна гневот на Антиох против престапникот, и кога Лисиј објасни дека Менелај е виновен за сите зла, тој заповеда да го доведат во Верија и да го погубат според тамошните обичаи. 5Во тоа место имаше една кула, висока педесет лакти, полна со пепел, а во неа направа, која се врти наоколу и потоа се спушта во пепелта. 6Овде го фрлаат оној што е фатен во кражба на свети предмети или оној што направил некое друго големо злосторство, и тука ја наоѓал својата смрт. 7Таква судбина го снајде Менелај – да умре и да не биде погребан. 8#5,8-10; 9,28; 2 Мојс 21,23И тоа беше сосема праведно: тој направи многу гревови против олтарот на Господ, чии оган и пепел се свети, па затоа и смртта го снајде во пепелта.
Молитвите на Јудејците
9Меѓутоа, царот ожесточен во своите замисли, го продолжуваше својот поход со намера на Јудејците да им нанесе поголемо зло од она што им го беше нанел неговиот татко. 10Кога Јуда слушна за ова, тој му нареди на народот да се моли дење и ноќе, да го повикува името на Господ та и сега, како и порано, да им ја даде Својата помош и во оваа опасност за да не бидат лишени од својот закон, од татковината и од светиот храм, 11да не допушти неговиот народ, кој штотуку се поуспокоил, одново да биде поробен од богохулните назнабошци. 12Сите еднодушно го направија тоа и три дена, едноподруго, со плач, пост и поклони непрестано Му се молеа на милосрдниот Господ; тогаш Јуда, откако ги охрабри, им порача да бидат приготвени. 13Штом останаа насамо со народните старешини, одржаа со нив совет и еднодушно решија, пред царската војска да навлезе во Јудеја и да го преземат градот, да излезат пред непријателите и со Божја помош, веднаш да ја свршат таа работа. 14Откако препушти Создателот на светот да се грижи за Своето дело, Јуда ги охрабри оние што беа со него – храбро да се борат за одбрана на законите, на храмот, на градот, татковината и граѓанските права, ја распореди својата војска околу Модин. 15#8,23Па штом им се обрати на своите луѓе со борбениот поздрав „Божја е победата!“, се спушти ноќе со одбор силни момци кон царскиот шатор, уби четири илјади војници; неговите луѓе го прободоа со меч и најголемиот слон заедно со неговиот управувач што беше во куќичката врз него. 16Најпосле, откако во сета војска внесоа страв и немир, победоносно се повлекоа. 17Тоа стана на разденување, под Божја закрила.
Антиох Петти поразен од Јудејците
(1 Мак 6,48-63)
18А царот, откако лично ја увиде јудејската храброст, се обиде со итрина да ги нападне нивните места. 19#1 Мак 6,31Се приближи до Бет-Цур, силна јудејска тврдина, но претрпе пораз и беше победен: 20а Јуда ги снабдуваше оние во тврдината со сѐ што им беше потребно. 21#4,34Некојси Родок од јудејската војска им ја открил таа тајна на непријателите, но тој бил пронајден, фатен и затворен. 22Вторпат влезе царот во преговори со жителите на Бет-Цур, им ја подаде својата десница, склучи со нив мир, а потоа се повлече и се сврте против оние што беа со Јуда, но беше победен. 23#3,35; 9,29Откако слушна дека Филип, кој беше оставен да управува во Антиохија, се одметнал, тој се вознемири и пак почна да преговара со Јудејците, ги прифати нивните услови и со клетва се обврза дека ќе ги исполни сите нивни справедливи барања; потоа принесе жртва, му даде дарови на храмот и покажа милост спрема градот; 24го прими Макавеј и го постави за намесник од Птолемаида до земјата на Геринците. 25#6,8Потоа отиде во Птолемаида, но жителите на овој град беа незадоволни од договорот, негодуваа против таквите услови и бараа да биде поништен. 26Тогаш Лисиј, откако се искачи на судиското место, го бранеше договорот што можеше подобро, па, откако ги увери жителите во неговата исправност, ги смири и потоа се врати во Антиохија. Така заврши воениот поход на царот и неговиот пораз.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
2 Макавејска 13: MK2006D
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006