2 Макавејска 12

12
Одмазда на Јуда против Јопија и Јамнија
1Откако се завршија тие договори, Лисиј се врати кај царот, а Ју­дејците се зафатија со земјоделие, 2#3,5.7; 4,4.21; 10,34-37; 1 Мак 5,6но месните воени началници, Тимо­теј и Аполониј, синот на Генеј, Јероним и Димофон, а уште и Никанор, упра­ви­телот на Кипар, не им даваа да живеат во мир и во спокојство. 3#1 Мак 10,75-76; 13,11; 14,34Жителите на Јопија, пак, извршија големо недело. Тие ги поканија своите сограѓани Јудејци, заедно со нивните жени и деца, да влезат во подготвени кораби, божем никакво зло не им при­готвуваат. 4А кога се согласија, зашто сакаа да го запазат мирот и немаа никакво сом­не­вање, тогаш врз основа на јавна градска согласност, Јопијците, откако от­пловија, ги издавија, а ги имало не по­малку од двесте души. 5Кога Јуда разбра за оваа свирепост, извршена врз неговите еднокрвни бра­ќа, за ова ги извести оние што беа со не­го, 6па, откако Го повикаа праведниот Судија, Бога, се упати против убијците на своите браќа; во текот на ноќта го запали пристаништето, ги запали и ко­рабите, а оние што избегаа од нив, ги уби. 7Бидејќи тоа место беше затворено, Јуда си отиде со намера пак да се врати и да ги истреби сите жители на Јопија. 8Откако разбра дека жителите на Јамнија сакаат на ист начин да поста­пат со Јудејците што живеат таму, 9ги нападна во текот на ноќта и им го запалија пристаништето и корабите, та­ка што светлината од огнот се гледаше дури до Ерусалим, кој е оддалечен двес­те и четириесет стадии.
Битката со Арабјаните
10А кога се оддалечија оттаму девет стадии, одејќи против Тимотеј, беа на­паднати од Арабјани – не помалку од пет илјади пешаци и петстотини коња­ници. 11Битката беше жестока и кога оние што беа со Јуда, со Божја помош, изво­ју­ваа победа, победените номади, Араб­јаните, го молеа Јуда за мир, ветувајќи им дека ќе им даваат добиток и сѐ друго со што можат да им бидат корисни. 12Јуда, гледајќи дека тие навистина можат да им бидат корисни во многу работи, се согласи да склучи мир со нив, а тие потоа си отидоа во своите ша­тори. 13Тогаш тој нападна уште еден град со утврден мост, ограден со ѕидини и на­селен со разни народи; градот се на­ре­куваше Каспин. 14#10,34-35Жителите на овој град, надевајќи се на градската тврдина и на својата насобрана храна, постапија многу дрско и ги навредуваа со срамни и неприлични збо­рови. 15#3,24; Ис.Н. 6,19-20Но оние што беа со Јуда, откако Му се обратија за помош на Великиот Гос­подар на светот, Кој го урна Ерихон без бојни машини и оружја, во времето на Исус Навин, диво ги нападнаа ѕидините. 16Со Божја помош, го зазедоа овој град и извршија безбројни убиства, така што блиското езеро, широко две стадии, се чинеше дека е полно со крв.
Битката во Карнион
(1 Мак 5,37-44)
17 # Суд 11,3; 2 Цар 10,6; 1 Мак 5,13 Откако отидоа таму, на одда­ле­че­ност од седумстотини и педесет стадии, дојдоа во Харак, кај Јудејците, на­ре­че­ни Тувијани, 18но таму не го затекнаа Тимотеј, кој, не успевајќи да направи некое зло, се оддалечил од таа земја, но сепак на едно место оставил силна стража. 19Затоа Доситеј и Сосипатер, двајца од предводниците на Макавејците, отидоа и ги убија оние што ги беше оставил Тимотеј во тврдината – повеќе од десет илјади луѓе. 20Тогаш Макавеј, откако ја раздели својата војска на делови и им постави заповедници, го нападна Тимотеј, кој имаше со себе сто дваесет илјади пе­ша­ци и илјада и петстотини коњаници. 21Кога разбра Тимотеј дека Јуда се приближува, ги испрати жените, децата и комората во тврдината Карнион, која не беше погодна за опседнување поради непристапноста на теренот. 22Штом се појави првиот одред на Ју­да, непријателот го обзеде страв и тре­пет од Оној, Кој гледа сѐ, па почнаа да бегаат на сите страни, така што се на­па­ѓале и се убивале меѓусебно, прободувајќи се еден со друг со своите остри мечеви. 23Јуда упорно продолжи да ги гони и да ги убива злосторниците и погуби триесет илјади души. 24А Тимотеј им падна во рацете на Доситеј и Сосипатер, па почна да ги моли многу итро за да го остават жив затоа што кај него имало многу нивни родители и браќа и дека може да ги снајде зло. 25Откако најпосле ги увери дека сите тие луѓе ќе им ги врати живи, тие го пуштија за да ги избават своите браќа. 26Потоа Јуда отиде против Карнион и Атаргатион и погуби дваесет и пет ил­јади души.
Ефрон и Скитополис
(1 Мак 5,45-54)
27По победата и уништувањето над нив, тој тргна против утврдениот град Ефрон, каде што беше Лисиј со своите одреди, составени од многу народности; силни млади луѓе стоеја пред ѕидините и упорно напаѓаа, а таму имаше многу оружје и стрели. 28Тие, откако го повикаа на помош Сесилниот, Кој со Својата моќ ја крши силата на непријателите, го презедоа градот и убија околу дваесет и пет илјади од неговите жители. 29#Суд 1,27Штом се кренаа оттаму, се упатија кон Скитополис, кој е оддалечен шеесет стадии од Ерусалим. 30Но, бидејќи Јудејците, жители на тој град, посведочија дека тие луѓе има­ат спрема нив добар однос и дека им по­магале во тешките времиња, 31#2 Мојс 34,22-24тие, откако им заблагодарија, ги за­молија и понатаму да бидат благонак­ло­ни кон нивниот народ, па појдоа кон Ерусалим, зашто се приближуваше празникот Сеници.
Поход против Горгиј
32 # 10,14.15; 1 Мак 5,55-68 По празникот, наречен Педесет­ни­ца, тие тргнаа против Горгиј, војсково­децот на Идумеја. 33Јуда излезе со три илјади пешаци и четиристотини коњаници. 34Кога влегоа во битка, убиени беа и некои од Јудејците. 35#12,24А некојси Доситеј, еден од луѓето на Вакенор, коњаник, јунак, го фати Горгија и, држејќи го за наметката, го повлече силно за да го здроби жив тој проклетник, но еден од тракиските ко­њаници, налета на него и му ја отсече раката во рамото, а Горгиј избега во Мариса. 36#8,24; 1 Мак 5,18; 5,56А кога, по долгата битка, оние што беа со Ездрин се истоштија, Јуда Го по­вика Господа на помош, Тој да им биде помошник и водач во битката. 37#7,8; 15,29Тогаш почна да пее пофални песни на јазикот на своите татковци колку го служеше гласот, па одеднаш се нафрли на оние што беа со Горгиј и ги натера во бегство.
Жртва за грев
38 # Ис.Н. 12,15; 1 Цар 22,1; 2 Лет 11,7 Потоа Јуда ја зеде својата војска и појде кон градот Одолам, но, бидејќи наближуваше седмиот ден, се очистија, според обичајот, и ја отпразнуваа сабо­та­та. 39Идниот ден дојдоа луѓе на Јуда, зашто беше веќе последниот час, да ги соберат телата на убиените и да ги за­ко­паат заедно со нивните роднини во гро­биштата на нивните татковци. 40#5 Мојс 7,25-26; 1 Мак 5,68Тогаш под облеката на секој умрен најдоа предмети, посветени на јамни­ските идоли што им ги забрануваше на Јудејците Законот. И така на сите им стана јасно дека тоа беше причината за нивната смрт. 41#Сир 42,18-20; 1 Кор 4,5Затоа сите Го прославија Пра­вед­ниот судија, Кој го открива она што е сокриено, 42па почнаа да се молат направениот грев да биде наполно опростен; а бла­го­родниот Јуда ги опомена војниците да се пазат од секаков грев, гледајќи сами со своите очи што се случило по вина на убиените. 43Тогаш собра околу две илјади среб­рени драхми, според бројот на убиени­те свои војници, ги испрати во Еруса­лим за да принесе жртва за грев; со тоа направи убаво и благородно дело, зашто мислеше за воскресението на мртвите. 44Зашто, ако не веруваше дека убие­ни­те војници ќе воскреснат, ќе беше не­разумна и залудна молитвата за нив. 45Но тој мислеше дека на оние што умреле во побожност им е приготвена голема награда. Каква света и побожна мисла! Затоа за покојниците принесе жртва за милост – да бидат ослободени од својот грев.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

2 Макавејска 12: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល