3 Ездра Вовед
Вовед
Третата книга Ездра е откровение (или серија од виденија и откровенија), кое првобитно било напишано од непознат еврејски писател, на еврејски или на арамејски јазик. Оваа книга била преведена на грчки, а подоцна кон неа биле додадени вовед и додаток. Оригиналот и грчкиот превод исчезнале, па сега текстот е зачуван на латински јазик како Четврта книга Ездра, според кој е направен и преводот на црковнословенски. Во книгата се соопштуваат седумте виденија што ги имал Салатиил (кој е поистоветен со Ездра), а исто така се даваат одговори на прашањата поврзани за разни проблеми, како на пример за злото, страдањето, прогонството, крајот на светот, судот и новиот свет.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
3 Ездра Вовед: MK2006D
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006