3 Ездра 4

4
Смртните луѓе не можат да ги знаат Божјите патишта
1 # 5,20; 10,28 Вака ми одговори испратениот ангел кај мене, по име Уриил. 2#4,10.11; 4,11; 5,34; 7,19И рече: „Срцето твое отишло многу далеку од овој век, бидејќи настојуваш да го постигнеш патот на Севишниот.“ 3#4,5Јас одговорив: „Така е, Господаре!“ А тој ми рече: „Пратен сум да ти пока­жам три пата и да ти покажам три проблеми. 4Ако ми решиш еден од нив, тогаш јас ќе ти го покажам патот што сакаш да го видиш и ќе те научам од каде про­излегло лукавото срце.“ 5#Изреки 30,4Тогаш јас му реков: „Говори, Гос­по­даре!“ А тој ми рече: „Појди и измери ја тежината на огнот или измери го ду­ва­њето на ветерот или врати ми го денот што веќе изминал.“ 6Јас одговорив: „Кој човек може да го направи тоа што го бараш од мене?“ 7#Јов 38,16; 3 Езд 6,2; 7,36.53; 8,52А тој ми рече: „Ако би те прашал колку живеалишта има во срцето на морето или колку извори има на по­че­токот од бездната, или колку жили има над небескиот свод и какви се преде­ли­те на рајот, 8#5 Мојс 30,12.13; Пс 138,8; Рим 10,6.7ти можеби ќе ми одговориш: во без­дната не сум слегувал, ниту во Адот, а и на небото никогаш не сум се искачил. 9#Проп 11,5; Мудр 9,16А сега те прашав само за огнот, вет­рот и денот што си ги преживеал, без што не можеш, а ти и на тоа не ми од­говори.“ 10Потоа ми рече: „Ти не можеш да го познаеш ни она што е твое и што било со тебе уште од твојата младост, 11#2 Кор 4,7; 1 Сол 4,4; 1 Птр 3,7; 4,2како тогаш твојот сад би можел да го смести во себеси патот на Севиш­ни­от и во овој видлив расипан свет – да ја разбере расипаноста, која е видлива са­мо за мене?“ 12#Ез 1,28; 3,23; 3 Езд 7,46.47На тоа јас реков: „Подобро ќе беше сосема да нѐ немаше, отколку да живе­еме во беззаконија и да страдаме без да знаеме зошто страдаме.“ 13А тој, одговарајќи ми рече: „Еве, јас отидов во честарот на едно поле и ги најдов дрвјата како се договараат. 14Тие рекоа: ајде да му објавиме војна на морето, за да отстапи од нас и таму да насадиме други горички. 15Исто така: и морските бранови имаа совет, тие рекоа: ајде да востанеме и да ги завладееме шумите во полето, за да придобиеме и таму друго место. 16#Суд 9,15; Јов 38,11; Пс 103,9; Ер 5,22Но планот на шумата се покажа за­луден, зашто дојде огнот и таа изгоре. 17Така заврши и замислата на мор­ските бранови, зашто песокот застана пред нив и ги задржа. 18А ти, ако им беше судија: кого ќе го оправдаше и кого ќе го обвинеше?“ 19#1 Мојс 1,9Јас одговорив: „Навистина нивните замисли биле попусти, затоа на шумата ѝ е дадена земјата, а и на морето му е дадено неговото место, за да ги разнесува своите бранови.“ 20А тој ми одговори и рече: „Право просуди, а зошто вака не си просудуваш и за самиот себеси? 21#Ис 55,8.9; Јн 3,31; 1 Кор 2,14Зашто, како земјата што ѝ е дадена на шумата, а морето што им е дадено на морските бранови, така и жителите на земјата можат да го разберат само она што е на земјата, а жителите на небото можат да го разберат она што е во не­бесните височини.“
Крајот на векот
22Јас одговорив и реков: „Ти се мо­лам, Господи, нека ми биде даден ум, за да можам да разбирам. 23#Пс 43,13.14; 79,4; Тов 3,4; Варух 2,4; 3,8; Јоил 2,17; Дан 3,32; 3 Езд 5,28; 6,57Не сакам да Те прашувам за она што е горе, туку за она што станува кај нас секој ден: зошто Израил им е пре­да­ден за подбивање на незнабошците? Зошто народот, кој го возљуби, е пре­да­ден на безбожни племиња, и зошто за­конот на нашите татковци е доведен до распаѓање, а напишаните наредби ника­де ги нема? 24#Ис 40,22; Пс 108,23; Јк 4,14Низ овој живот минуваме како ска­кулци, животот наш поминува во страв и ужас и станавме недојстојни да ја на­следиме Твојата милосрдност. 25#Ис.Н. 7,9; 4 Мојс 6,27Но што ќе направи Тој со Своето име, со кое се именуваме? Еве, тоа е она за кое прашав.“ 26#6,20; 1 Кор 7,31; 1 Јн 2,17; 3 Езд 14,10.11А тој ми одговори и рече: „Што по­веќе прашуваш, се повеќе ќе се чудиш, зашто овој век брзо се приближува кон својот крај, 27#Рим 8,22и не може да го прими она што им е ветено на праведниците во идните времиња, зашто овој век е преполн со неправда и слабости. 28А за она што ме праша, ќе ти одго­во­рам: злото е посеано, а уште не дош­ло времето за неговото искоренување. 29Зашто додека посеаното не биде ис­коренето и додека не се исчисти местото, на кое е посеано злото, нема да има место, на кое ќе биде посеано доброто. 30#3,20-22; 7,48; Мт 3,12; 13,30.39; Откр 14,15Бидејќи семето на злото е посеано во срцето на Адам уште од почетокот и колку многу зло роди тоа досега и ќе раѓа додека не дојде време за вршидба! 31Размисли колку лоши плодови роди зрното на лошото семе. 32Кога ќе бидат ожнеани безбројните негови класја, колку големо гумно ќе треба!“ 33#Откр 6,10; 7,12; 1 Мојс 47,9Јас го прашав: „А како и кога ќе би­де тоа? И зошто нашите години се мал­ку и зошто се полни со зло?“ 34#5,44; 6,34; Евр 10,37; 2 Птр 3,9Тој ми одговори: „Не брзај да се издигнуваш погоре од Севишниот, зашто попусто брзаш да бидеш погоре од Него; ти одиш премногу далеку. 35#Откр 6,9; 3 Езд 4,41Зар и душите на праведниците не прашуваат во своите затвори, велејќи: до кога ќе се надеваме вака? И кога ќе дојде плодот на жетвата – на нашата отплата?“ 36#2,41; 5,43; Откр 6,11; Ис 40,12На тоа ми одговори архангелот Еремиил, велејќи: „Кога ќе се исполни бројот на семињата во вас, зашто Се­вишниот го измерил овој век, 37#Мудр 11,20со мерка ги измерил времињата и со број ги пресметал часовите; и нема ни да се поколеба ниту да се возбуди до­дека не се исполни одредената мерка.“ 38#3,4; 5,23.38; 6,11; 7,17.58; 12,7; 13,51; 8,35А јас како одговор на ова му реков: „Владетеле Господи, но и сите ние сме исполнети со нечесност. 39#Дела 3,19-21И можеби поради нас не се исполнуваат житниците на праведниците и поради гревовите на оние што живеат на земјава.“ 40Тој ми одговори и рече: „Појди и прашај бремена жена; можно ли е да го задржи плодот што е во неа по наполнувањето на деветтиот месец?“ 41#4,35; 7,32Јас одговорив: „Не може, Господи.“ Тогаш Тој ми рече: „Слични на утробата се и живеалиштата на душите во Адот. 42Како што родилката брза да роди, за да се избави од родилните болки, та­ка брзаат и тие – да го вратат она што им е дадено. 43Најнапред ќе ти биде покажано она што сакаш да го видиш.“ 44#5,56; 6,11; 8,42; 12,7; 14,22А јас реков: „Ако сум придобил благодат во твоите очи, ако тоа е мож­но и ако сум способен за тоа, 45#4,50покажи ми го она што треба да дој­де, дали е поголемо од она што изминало, како и она што било дали е поголемо од она што ќе биде? 46Она што изминало, знам какво е, а она што ќе дојде – за него не знам.“ 47Тој ми рече: „Застани од мојата дес­на страна; значењето на ова ќе ти го објаснам со споредба.“ 48Јас застанав и видов: ете, запалена печка минува пред мене, и кога пламенот измина, видов – остана дим. 49потоа пред мене помина облак, полн со вода, и од него се изли силен дожд; но откако поројниот дожд прес­тана, останаа капки. 50#4,45; 14,11.12Тогаш тој ми рече: „Размисли во се­беси, како дождот што е нешто повеќе од капки, и огнот – нешто повеќе од дим, така и мерката на минатото зела надмоќност, па останале само капки и дим.“
Предзнаци на крајот
51Тогаш јас го замолив и му реков: „Мислиш ли дека ќе доживеам до тие дни и што ќе стане во тие денови?“ 52#5,13; 6,12; 7,26А тој ми одговори и ми рече: „За знаците, за кои ме прашуваш, нешто можам да ти кажам, но не сум пратен да говорам со тебе за твојот живот, а и не знам.“

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

3 Ездра 4: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល