3 Ездра 3
3
ПРВО ВИДЕНИЕ
Создавањето на првиот човек и неговото отпаѓање од Бога
1 #
3,29; 4 Цар 25,8-11; Дан 4,5 Во триесеттата година по разурнувањето на градот, јас бев во Вавилон, и додека лежев смутен во постелата, ми доаѓаа мисли во срцето, 2#3,33затоа што го видов опустошувањето на Сион и богатството на оние што живеат во Вавилон. 3Духот мој се вознемири и со страв почнав да говорам кон Севишниот, 4#4,38; 6,53.54па реков: „Владетеле, Господи, Ти во почетокот рече, кога Ти самиот ја основа земјата, и ѝ заповеда на земјата, 5#7,46; 1 Мојс 2,7да му даде на Адам смртно тело, кое беше, исто така, создание на Твоите раце; Ти вдахна во него дух за живот, и тој стана жив пред Тебе; 6#1 Мојс 2,8Ти го воведе во рајот што го насади Твојата десница, пред земјата да роди плодови. 7#1 Мојс 2,17; 7,11; 1 Мојс 3,19Ти му заповеда да ја пази Твојата заповед, но тој ја наруши; Ти го осуди на смрт, него и неговиот пород. Од него произлегоа поколенија и племиња, народи и фиданки од нив, кои немаат број. 8#1 Мојс 6,11.12; 1 Мојс 6,3; Дела 14,16Секој народ почна да прави што сака, да прави неразумни дела пред Тебе и да ги презира Твоите заповеди. 9#1 Мојс 7,10По извесно време Ти испрати потоп врз жителите на земјата и ги истреби; 10И иста судбина ги снајде сите нив. Како што смртта го погоди Адам, така потопот ги погоди нив. 11#1 Мојс 8,1; 1 Птр 3,20; 2 Птр 2,5Само еден од нив остави – Ное со неговите чеда; од него произлегоа сите праведници. 12Кога жителите на земјата почнаа да се размножуваат, се намножија многу синови, народи и поколенија, и пак почнаа да се предаваат на безбожност, повеќе од поранешните. 13#1 Мојс 12,1; 1 Мојс 17,5Кога почнаа да прават беззаконија пред Тебе, Ти тогаш меѓу нив го избра човекот, чие име беше Авраам; 14#1 Мојс 15,12него го возљуби и само нему му ја откри Твојата волја; 15#1 Мојс 17,7со него склучи вечен завет и му рече дека никогаш нема да го оставиш семето негово. Му го даде синот Исак, и на Исак – синовите Јаков и Исав. 16#1 Мојс 21,2.3; 1 Мојс 25,25.26; Мал 1,2.3; Рим 9,13Ти го избра Јаков, а Исав го отфрли, и Јаков се размножи прекумерно. 17#2 Мојс 19,1; 5 Мојс 4,10Кога го изведе неговото семе од Египет и го доведе до гората Синај, 18#2 Цар 22,10; 2 Мојс 19,18; 6,16; Пс 76,16тогаш ги преклони небесата, ја уреди земјата, ја растресе вселената, ги приведе бездните во трепет и целиот свет се вознемири. 19#2 Мојс 19,16.18; Пс 17,7-15Твојата слава помина низ четири појави: оган, земјотрес, бурен ветар и мраз, за да му даде закон на семето Јаковово и усрдност на родот Израилев, 20#4,30.31; 7,48но не им го одзеде нивното лукаво срце, та законот Твој да даде плод во нив. 21#4,30; 7,48Со своето лукаво срце прв ја прекрши заповедта Адам и беше победен; така стана и со сите што произлегоа од него; 22#Рим 7,7-13во срцето на народот остана немоќта и законот со корен од злото; доброто отстапи, а злото остана. 23#1 Цар 16,13Измина многу време, се исполнија години и Ти си издигна слуга по име Давид; 24#2 Цар 7,5.12.13; Ер 25,29; 1 Лет 29,14.16му заповеда да изгради град на Твое име и во него да Ти принесува темјан и жртви. 25Ова се извршуваше многу години, а подоцна жителите на градот згрешија; 26отстапија од сѐ, постапија така, како што постапи Адам и сите негови потомци; зашто и тие имаа лукаво срце. 27А Ти им го предаде Твојот град во рацете на Своите непријатели. 28#3,31Па зар подобро постапуваат жителите на Вавилон и затоа владеат со Сион? 29#3,1Кога дојдов овде, видов безредија што немаат број; во таа триесетта година од ропството душата моја гледа многу грешници и срцето мое се стопи. 30#Ер 12,1; Мал 3,15; Ер 23,18Видов како ги трпиш тие грешници, ги заштитуваш беззакониците; а Својот народ го погуби, непријателите, пак, Твои ги запази и за тоа никого не го извести. 31#3,28Навистина не можам да разберам како можел тој пат да се измени. Зар Вавилон постапува подобро од Сион? 32Дали Те познал некој друг народ, освен Израил? Кои племиња веруваа во Твоите завети, како што веруваше Јаков? 33И наградата нивна не е еднаква, ни трудот нивни донел плод; зашто јас одев меѓу народите и видов, дека живеат во изобилие, иако не си спомнуваат за Твоите заповеди. 34#Јов 31,6; Дан 5,27Измери ги на кантар нашите беззаконија и делата на сите што живеат на земјата, и Твоето име нема никаде да се најде, освен во Израил. 35Кога земните жители не грешеле пред Тебе? Или кој народ ги запазил Твоите заповеди? 36#Дела 10,35Меѓу нас ќе најдеш барем некои што ги пазат Твоите заповеди, а меѓу другите народи нема да најдеш.“
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
3 Ездра 3: MK2006D
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006