1 Макавејска 8
8
Пофалба за Римјаните
1Тогаш Јуда слушна за славата на Римјаните дека се силни и благонаклонети кон сите што им се приврзани и дека со секого склучуваат пријателство. 2Му раскажуваа за тоа дека се моќни и силни, за нивните војни, за јуначките подвизи, со кои се истакнале кај Галите, како биле покорени и направени нивни поданици, 3исто и за она што го направиле во Шпанија за да ги завладеат тамошните рудници на злато и сребро; 4дека со својата разумност и истрајност ги завладеале сите земји, иако тие биле многу далеку од нив. Исто така, и за царевите што станувале против нив, кои доаѓале од најоддалечените краишта, а тие ги победувале и ја кршеле нивната сила, нанесувајќи им големи порази, а другите им плаќале годишен данок; 5#1,1тие ги победиле во војна и Филип и царот на Китим, Персеј а, и сите други што станувале против нив. 6Тие го победиле и Антиох, великиот цар на Азија, кој беше излегол против нив во војна со сто и дваесет слонови, со коњица, со бојни коли и со многубројна војска, но и него го уништиле; 7го фатиле жив и го принудиле да им плаќа голем данок, а освен тоа, и тој и царевите што ќе дојдат по него да испраќаат заложници и да плаќаат данок, 8а Индија, Мидија, Лидија и некои подобри негови земји ги зеле од него и му ги дале на царот Евмен; 9за тоа како Елините намислиле да појдат и да ги истребат, 10но дека таа нивна намера била откриена и дека испратиле против нив еден војсководец и дека војувал против нив, кога многумина од нив паднале убиени, одведувајќи ги во плен нивните жени и деца и ги ограбиле, ја завладеале нивната земја, нивните тврдини ги урнале и ги држеле во потчинетост до тој ден; 11тие покориле и разориле и други царства и острови, кои некогаш се осмелувале да станат против нив, 12а со своите пријатели и со оние што имале доверба спрема нив – живееле во пријателство дека владееле со блиски и далечни царства и дека сите што го слушнале нивното име – се плашат од нив. 13Ако сакаа некого да зацарат, тој се зацарува и царува, а кога сакаат – го сменуваат; и тие многу се издигнале; 14но никој од нив не ставил круна, ниту се облекувал во порфира за да не се погордее. 15Тие имаат свое собрание, во кое секој ден триста и дваесет луѓе се советуваат за сѐ што се однесува за народот и за неговата благосостојба; 16секоја година на еден човек му доверуваат да управува над нив и да владее со целата нивна земја; сите слушаат само еден човек и нема кај нив ни завист ни љубомора.
Сојузот на Евреите со Римјаните
17 #
1 Лет 24,10; 2 Мак 4,11 Тогаш Јуда ги избра Евполем, синот на Јован, син на Акос, и Јасон, синот на Елеазар, и ги испрати во Рим, да склучат со нив пријателство и сојуз; 18да им го симнат јаремот од нив, зашто гледаат дека сириското царство сака да го пороби Израил. 19И така, тие појдоа за Рим. Иако патот беше многу долг, тие стигнаа во Рим и влегоа во собранието, па пристапија и рекоа: 20„Јуда наречен Макавеј, неговите браќа и сиот народ нѐ испратија кај вас да склучиме сојуз и мир со вас и да нѐ вброите меѓу вашите сојузници и пријатели.“ 21Ним им се допаднаа овие зборови. 22И еве го преписот на договорот што го врежаа на бронзени плочи и им го испратија во Ерусалим за да биде спомен за мирот и сојузот: 23„Римјаните и јудејскиот народ да имаат вечно добро на море и на копно! Мечот и непријателството да бидат далеку од нив! 24Ако настане војна кај Римјаните или кај нивните сојузници во територијата на нивната власт, 25јудејскиот народ е должен да им укаже помош со сето свое срце, доколку околностите го наложат тоа. 26На непријателите нема да им даваат ни жито, ни оружје, ни пари, ни кораби. Така сакаат Римјаните. И тие верно ќе ги извршуваат своите обврски, без да добиваат надомест. 27Исто така, ако настане војна во јудејскиот народ порано, Римјаните со сета душа ќе им помогнат во војната, како што ќе наложат условите. 28На напаѓачите нема да им дадат ни жито, ни оружје, ни пари, ни бродови. Така е договорено во Рим и тие се должни да ги извршуваат своите задолженија без измама.“ 29#12,3Таков сојуз склучија Римјаните со јудејскиот народ. 30Ако, пак, потоа едните или другите сакаат нешто да додадат или да изменат, можат тоа да го направат според своја волја, што и да додадат или одземат, тоа ќе ги обврзува. 31И што се однесува до злото што царот Димитриј го прави на Јудеите, ние му пишавме вака: „Зошто си им наложил тежок јарем на нашите пријатели и сојузници – Јудејците? 32Ако ни се обратат пак со жалба против тебе, ние ќе им дадеме справедлива помош и ќе војуваме против тебе и по море и на копно.“
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
1 Макавејска 8: MK2006D
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006