1 Макавејска 7

7
Зацарувањето на Димитриј Први
(2 Мак 14,1-4)
1Во сто педесет и првата година из­лезе од Рим Димитриј, син на Се­левк, и со малкумина луѓе влезе во еден приморски град и таму се зацари. 2Кога влегуваше во царскиот дворец на своите предци, војската го фати Ан­тиох и го доведе пред него. 3#2 Мојс 10,28Штом тој разбра за тоа, рече: „Не покажувајте ми ги нивните лица!“ 4Тогаш војската ги погуби, а Ди­мит­риј седна на престолот во своето цар­ство. 5Пред него дојдоа сите беззаконици и безбожници од Израилците, а Алким, кој се обидуваше да стане свештеник, ги предводеше; 6пред царот тие го обвинуваа народот и велеа: „Јуда и неговите браќа ги убија твоите пријатели, а нас нѐ прогонија од нашата земја. 7Затоа испрати човек, во кого имаш доверба, да ги види сите разурнувања што ги направија во царската земја и нека ги казни и нив и сите што им по­магаат.“
Вакид и Алким пустошат низ Јуда
8Меѓу своите пријатели царот го из­бра Вакид, кој управуваше од другата страна на Реката; тој беше угледен човек во царството и верен на царот. 9#1 Лет 24,12Царот го прати него и безбожникот Алким, кому му даде свештенство и му заповеда да им се одмазди на израилските синови. 10Појдоа и пристигнаа во јудејската земја со голема војска; на Јуда и на неговите браќа им испратија мирољубива порака, но полна со лаги. 11Само тие не поверуваа на нивните зборови, зашто видоа дека се дојдени со голема војска. 12Кај Алким и Вакид се собраа книж­ници, за да бараат справедливо реше­ние. 13#2,42Први од израилските синови беа Асидеите, тие бараа со нив да биде склучен мир, 14велејќи: „Свештеник од Ароновото племе дојде со војската и тој нема да нѐ навреди.“ 15А тој говореше мирно со нив и им се заколна, велејќи: „Нема да ви напра­виме зло, ни на вас ниту на вашите пријатели.“ 16Тие му поверуваа, а тој фати шест­ми­на мажи од нив и ги уби во еден ден, како што е речено во Писмото: 17#Пс 78,2-3„Ги расфрлија телата на твоите све­тии и нивната крв ја пролија околу Еру­салим; и немаше кој да ги погребе нив­ните тела.“ 18Тогаш страв и трепет го опфати сиот народ, кој говореше: „Во нив нема ни вистина ни правда, зашто ја погазија и наредбата и заклетвата, со која се заколнаа.“ 19Тогаш Вакид отстапи од Ерусалим, а својот логор го постави кај Витзет, па испрати и фати многумина од избега­ни­те од него мажи и неколкумина од на­родот, ги закла и ги фрли во еден дла­бок бунар. 20Потоа, откако му ја предаде земјата на Алким, и откако му ја остави војската за да му помага, Вакид се врати кај царот. 21Алким пак почна да се бори за првосвештеничката служба. 22#13,32Кај него се собираа сите оние што го бунтуваа својот народ, почнаа да вла­деат во јудејската земја и направија големо зло во Израил. 23Кога го виде Јуда сето зло, кое Ал­ким со своите другари им го направи на израилските синови, а што беше пого­лемо и од она што му го направија без­божниците, 24почна да ги обиколува сите кра­иш­та на Јудеја, им се одмаздуваше на от­стапниците и тие престанаа да влегува­ат во земјата.
Никанор во Јуда
(2 Мак 14,5-36)
25А кога Алким виде дека Јуда и оние што беа со него многу, се засилуваат и кога сфати дека не може да им се спротивстави, се врати кај царот и страшно го обвини. 26#3,36Тогаш, царот го испрати Никанор, еден од своите славни војсководци, кој ги мразеше Израилците и беше нивен непријател, и му заповеда да го уништи тој народ. 27Никанор кога дојде во Ерусалим со многубројна војска, на Јуда и на не­го­ви­те браќа им испрати лажен предлог за мир, велејќи: 28#1 Мојс 13,8„Да нема војна меѓу мене и вас, јас ќе дојдам мирољубиво кај вас со малку­ми­на луѓе.“ 29Дојде кај Јуда, се поздравија мирољубиво еден со друг; меѓутоа, војниците беа приготвени да го фатат Јуда. 30Јуда разбра дека тој доаѓа со подмолна намера, се уплаши од него и не сакаше да му го види лицето. 31Штом Никанор сфати дека неговата намера е откриена, тој излезе отворе­но да се бори против него кај Хафар­са­лама. 32Од Никаноровите луѓе таму паднаа околу петстотини мажи, а другите избегаа во градот на Давид. 33#1 Езд 6,10Потоа Никанор се искачи на гората Сион; тогаш од светилиштето излегоа некои свештеници и народни стареши­ни за да го поздрават мирољубиво и да му ја покажат сепаленицата што се при­несува за него. 34Но тој ги исмеа, се подби со нив, ги оскверни и гордо говореше со нив, 35па, силно разгневен, се заколна и рече: „Ако сега Јуда и неговата војска не се предадат во мои раце, тогаш, кога по победата ќе се вратам ваму, ќе го из­горам овој храм;“ и си отиде разгневен. 36Свештениците влегоа и застанаа пред жртвеникот во храмот, заплакаа и рекоа: 37#5 Мојс 12,11; 3 Цар 8,43„Господи, Ти го избра овој Дом за да биде нарекуван со Твоето име и да биде Дом на молитва и молби на Твојот народ. 38Одмазди му се на тој човек и на не­говата војска, нека паднат од меч; спомни си за нивните хулни зборови и не да­вај им да останат долго.“
Пропаста и смртта на Никанор
(2 Мак 15,1-36)
39 # 3,16 Излезе Никанор од Ерусалим и постави логор кај Веторон, а кај него дојде сириската војска. 40#Ис.Н. 15,37Јуда, пак, со три илјади војници постави логор кај Адаса; тој се помоли и рече: 41#4 Цар 19,35„Господи, кога Те похулија пра­тениците на асирскиот цар, тогаш дојде Твој ангел и уби сто осумдесет и пет ил­јади луѓе, 42така и сега пред нас убиј ја оваа вој­ска за да разберат другите дека изрекоа хула против Твојата светиња; пресуди им според нивната злоба.“ 43Војските навлегоа во бој во тринаесеттиот ден од месецот адар; војската на Никанор беше разбиена, а тој прв падна во бојот. 44А кога војниците негови видоа дека Никанор е убиен, го фрлија своето оружје и почнаа да бегаат. 45#4,15Израилците ги гонеа цел ден, од Адаса дури до Газир, и трубеа по нив со труби за известување. 46И жителите од сите околни села из­легуваа и ги опколуваа бегалците, а тие, свртувајќи се кон оние што ги гонеа, си­те паѓаа од меч и ниеден од нив не ос­та­на. 47Го зедоа пленот од нив, а потоа на Никанор му ја отсекоа главата и десната рака, која толку горделиво ја пру­жал, ги донесоа и ги закачија пред Еру­салим. 48Народот се радуваше многу; тој ден го помина како ден на голема веселба. 49Тогаш одредија тој ден да се праз­нува секоја година на тринаесетти адар. 50#9,57; 14,4Така Јудејската земја се смири на извесно време.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

1 Макавејска 7: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល