1 Макавејска 11
11
Птоломеј Шести му помага на Димитриј Втори
1 #
1 Мојс 22,17; Суд 7,12; 1 Цар 13,5; 2 Цар 17,11; 3 Цар 5,8 Египетскиот цар, откако собра многубројна војска, како песок на морскиот брег, како и многу кораби, се обидуваше лукаво да го завладее царството на Александар и да го присоедини кон своето царство. 2Тој дојде во Сирија со мирољубиви зборови и жителите му ги отвораа градовите и го пречекуваа, бидејќи царот Александар им беше заповедал да го примаат, зашто му беше тест. 3Но, кога Птоломеј влегуваше во градовите, во секој од нив оставаше и своја стража. 4#10,83-84Кога се приближи до Азот, му го покажаа изгорениот храм на Дагон, Азот и околните разурнати градови, како и телата на убиените и изгорените во битката; тие беа натрупани на купови покрај патот. 5Му раскажуваа за сѐ што направил Јонатан, оплакувајќи се од него, но царот премолча и ништо не рече. 6#10,86Тогаш Јонатан излезе и го пречека царот во Јопија со почит; се поздравија еден со друг и преноќуваа таму. 7Потоа Јонатан го испрати царот до реката, која се нарекува Елефтера, а потоа се врати во Ерусалим. 8#Дела 13,4Царот Птоломеј ги зазеде градовите на морскиот брег до Селевкија и почна да крои лоши планови против Александар. 9Му испрати гласници на царот Димитриј да му кажат: „Ајде да склучиме сојуз меѓу нас. Јас ќе ти ја дадам ќерка ми, која ја има Александар, а ти ќе царуваш во царството на твојот татко. 10Жалам што му ја дадов мојата ќерка, зашто тој сака да ме убие.“ 11Тој го клеветеше затоа што сакаше да му го земе царството. 12Па, откако му ја одзеде својата ќерка, му ја даде на Димитриј, ги прекина врските со Александар и нивното непријателство стана јавно. 13Тогаш Птоломеј влезе во Антиохија и се круниса со две круни – со круната на Азија и круната на Египет. 14Во тоа време Александар се наоѓаше во Киликија, зашто жителите на тие места се беа кренале против него. 15Кога слушна за сето тоа, Александар отиде да војува против него; Птоломеј ја изведе својата војска, го пречека со голема сила и го присили на бегство. 16Александар избега во Арабија за да се сокрие таму, а Птоломеј се радуваше. 17Арабјанецот Завдиел му ја отсече главата на Александар и му ја прати на Птоломеј. 18На третиот ден потоа умре царот Птоломеј, а жителите на тврдината ги убија неговите војници, кои беа во неа. 19Димитриј се зацари во сто шеесет и седмата година.
Новата повелба на Димитриј
20 #
1,33; 10,32.46 Во тие денови Јонатан ги собра Јудејците за да ја преземе ерусалимската тврдина и постави многубројни направи. 21#1,11.34Но некои, кои не го сакаа својот народ, оние што беа отстапиле од Божјиот закон, отидоа кај царот и го известија дека Јонатан ја опседнува тврдината. 22Кога тој слушна за тоа, се налути, бргу се подготви и појде за Птолемаида, а на Јонатан му испрати писмо да не ја опседнува тврдината и што може побргу да појде за да се сретнат во Птолемаида и да разговараат. 23Но Јонатан откако ги сослуша тие зборови, нареди опсадата да продолжи и, откако собра некои од старешините и од свештениците, реши да се изложи на опасност. 24Па, откако зеде сребро и злато и многу други дарови, појде кај царот во Птолемаида за да ја придобие неговата милост. 25Иако некои отстапници од неговиот народ го клеветеа, 26царот постапи со него така како што постапуваа и неговите претходници и го воздигна пред сите свои пријатели; 27#10,20.65па, откако го потврди неговото првосвештенство и другите почесни одликувања, кои ги имаше пред тоа, го направи еден од своите први пријатели. 28#10,30.38; 11,34Јонатан го замоли царот да ја ослободи Јудеја, како и трите области и Самарија, од даноци и му вети триста таланти. 29Царот се согласи и за сето тоа напиша и писмо со ваква содржина: 30„Царот Димитриј до братот Јонатан и до јудејскиот народ – поздрав. 31Преписот од писмото што му го напишавме за вас на Ластен, нашиот роднина, ви го испраќаме и вам за да знаете. 32Царот Димитриј го поздравува својот татко Ластен. 33На јудејскиот народ – нашите пријатели, кои ги исполнуваат верно своите обврски спрема нас, одлучивме да им направиме добрини поради нивното добро расположение спрема нас. 34#10,30-31; 1 Цар 1,1; 2 Цар 13,23; 1 Лет 8,11-12; Мт 27,57Освен тоа, ги потврдувам границите на Јудеја и на трите области: Аферема, Лида и Раматаим, кои се присоединети кон Јудеја од Самарија. За сите оние што принесуваат жртви во Ерусалим, го менуваме царското право, според кое порано царот секоја година го добивал делот од производите на нивната земја и од плодовите на овошните дрвја, 35#10,29како и од сѐ друго што ни припаѓа нам од десетокот и од даноците, приходите од солените езера и данокот од венците што ни припаѓа нам – отсега па натаму сето тоа наполно им го отстапуваме. 36И од сето тоа ништо нема да биде изменето отсега и засекогаш. 37И така, потрудете се да направите препис од ова и нека му биде предаден на Јонатан и да се положи во Светата Гора на определено место.“
Јонатан му помага на Димитриј Втори во Антиохија
38 #
10,67; 11,52 Кога виде царот Димитриј дека земјата се смири пред него и дека никој не му се противставува, ги распушти сите свои војски, секого во неговото место, освен странските војски, кои ги беше зел под наем од островите на други народи, поради што сите војски на неговите предци го мразеа. 39Трифон, еден од претходните приврзаници на Александар, откако виде дека војските се бунтуваат против Димитриј, отиде кај Ималикуј Арабјанецот, кој го воспитуваше Антиох, малолетниот син на Александар, 40и побара од него да му го даде за да го направи цар место неговиот татко; му раскажа за сѐ што направил Димитриј и за нерасположението на неговата војска против него, па остана со него многу денови. 41Тогаш Јонатан побара од царот Димитриј да ги повлече оставените од него војници од еруслимската тврдина, кои постојано ги напаѓале Израилците. 42Димитриј испрати луѓе да му кажат на Јонатан: „Не само што ќе го направам ова за тебе и за твојот народ, туку ќе ви направам голема чест и тебе и на твојот народ, штом ќе се укаже прилика за тоа. 43Меѓутоа, ти би ми направил сега големо добро ако ми испратиш на помош луѓе за војна, зашто сите мои војски се одметнаа од мене.“ 44Јонатан испрати во Антиохија три илјади храбри мажи; тие дојдоа кај царот и тој се израдува многу на нивното доаѓање. 45Тогаш околу сто и дваесет илјади луѓе се собраа среде град и сакаа да го убијат царот. 46Царот избега во дворецот, а луѓето ги зазедоа сите улици во градот и почнаа да го опседнуваат. 47Тогаш царот ги повика Јудејците и тие веднаш се собраа кај него, а потоа се разотидоа по целиот град и тој ден убија околу сто илјади души во градот. 48го запалија градот, зедоа многу плен и му го спасија животот на царот. 49Кога жителите на градот видоа дека Јудејците го зазедоа целиот град, се обесхрабрија и извикаа кон царот: 50#6,58„Прости ни и нека престанат да нѐ напаѓаат Јудејците нас и нашиот град.“ 51Тогаш го положија оружјето и склучија мир. А Јудејците се прославија пред царот и пред сите негови поданици во царството и се вратија во Ерусалим со голем плен. 52Седна царот Димитриј на престолот на своето царство и се смири неговата земја пред него. 53Но тој измами и не го направи она што го вети, го изневери Јонатан; не само што не се отплати за доброто што му беше направено, туку и силно го ожалости.
Јонатан и Антиох Шести против Димитриј Втори
54 #
11,39
Потоа се врати Трифон и со него Антиох, кој беше сеуште доста млад; Антиох се зацари и се круниса. 55Тогаш се собраа кај него сите војски, кои Димитриј ги беше распуштил, и почнаа да војуваат против него; тој се даде во бегство и беше победен. 56А Трифон ги зеде слоновите и почна да владее во Антиохија. 57#5,3Младиот Антиох му ги напиша на Јонатан следниве зборови: „Ти го оставам првосвештенството и те поставувам за управител на четирите области; ти ќе бидеш во бројот на царските пријатели.“ 58#10,20.89Му испрати златни садови и покуќнина; му даде право да пие од златни чаши, да носи порфира и златна дијадема; 59а брат му Симон го постави за војсководец на земјите од Тирската област до границите на Египет. 60Јонатан отиде на обиколка во областа преку Јордан и до нејзините градови; кај него се собраа сите сирски војски; кога дојде во Аскалон, сите жители на градот со чест го пречекаа. 61Оттаму отиде во Газа, но жителите на овој град се затворија. Тој го опседна градот, и сите негови предградија со оган ги изгори и ги опустоши. 62Потоа жителите на Газа му се помолија на Јонатан, а тој се смилува на нив, но синовите на нивните старешини ги зеде за заложници и ги одведе во Ерусалим, потоа отиде дури до Дамаск. 63#Ис.Н. 12,22Јонатан слушна дека во Кедес, во Галилеја, дошле воените началници на Димитриј со многубројна војска за да го истераат од таа земја; 64тој отиде кон нив да ги пречека, а својот брат Симон го остави настрана. 65Симон постави логор кај градот Бет-Цур, го опседнуваше многу денови и го затвори. 66Тогаш опседнатите – истоштени, го замолија за мир, и тој се согласи, но ги истера од градот и завладеа со него. 67#Суд 4,2; Лк 5,1; Јн 6,1А Јонатан и неговите војски поставија логор кај Генисаретското Езеро и рано изутрина дојдоа во рамнината кај Асор. 68И, ете, непријателските војски се сретнаа со него во рамнината, откако во планината зад него оставија заседа против него, а војската, пак, сама одеше кон него од другата страна. 69Тогаш излегоа оние што беа во заседата и почнаа да го напаѓаат; а оние што беа со Јонатан, сите почнаа да бегаат, 70#2 Мак 11,17и ниеден од нив не остана, освен Мататија, синот на Авшалом, и Јуда, синот на Халфиј, заповедници на воените одреди. 71#Мт 26,65Јонатан ја раскина својата облека, со пепел си ја посипа главата и на Господ Му се помоли. 72Потоа се врати и се бореше со нив, ги разби и тие се разбегаа. 73Тогаш и оние што беа избегале од него, кога го видоа сето тоа, се вратија и заедно со него ги гонеа непријателите до Кедес, до самиот нивен логор и таму застанаа. 74Во тој ден од туѓинците паднаа три илјади мажи. Тогаш Јонатан се врати во Ерусалим.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
1 Макавејска 11: MK2006D
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006