1 Макавејска 10

10
Јонатан првосвештеник
1Во сто и шеесеттата година излезе Александар, синот на Ан­ти­ох Епифан и ја завладеа Птоломеида: го примија и се зацари. 2Кога царот Димитриј слушна за тоа, тој одбра многубројна војска и излезе против него за да војува. 3Димитриј му испрати мирољубиво писмо на Јонатан, со предлози за мир и со желба да го издигне, 4мислејќи во себеси: „Да побрзам да склучам мир со него, пред тој да се по­врзе со Александар против мене; 5тогаш тој ќе си го спомне целото зло што му го направивме на него, на не­го­вите браќа и на неговиот народ.“ 6Дури му беше дал власт да собира војска и да прави оружје, за да биде не­гов сојузник и заповедал да му бидат вратени заложниците, кои сѐ уште се наоѓале во ерусалимската тврдина. 7#2 Мојс 24,7Јонатан дојде во Ерусалим и гласно го прочита писмото пред сиот народ и пред оние што беа во тврдината; 8многу се исплашија сите кога слуш­наа дека царот му дава власт да собира војска; 9а луѓето од тврдината му ги пре­да­доа заложниците, и тој им ги врати на нивните родители. 10Јонатан се настани во Ерусалим и почна да гради и да го изградува градот, 11велејќи им на градителите да ги градат ѕидовите околу градот, а и гората Сион да ја утврдат наоколу со делкани камења; и направија така. 12#9,50-52Тогаш избегаа туѓинците што беа во тврдината, изградена од Вакид: 13секој од нив го остави местото што го имаше и се врати во својата земја. 14Само во Бет-Цур останаа некои од оние, кои ги престапиле законите и за­поведите, зашто тоа место им служеше како прибежиште. 15Царот Александар слушна за ветувањето што му го испрати Димитриј на Јонатан, а му раскажаа и за војните и храбрите подвизи, извршени од него и од неговите браќа, како и за маките што ги претрпеле. 16#2,18Тогаш беше рекол: „Ќе најдеме ли некој друг човек како што е тој? Да го направиме наш пријател и сојузник!“ 17Тој му напиша и му испрати писмо со овие зборови: 18„Царот Александар до братот Јо­на­тан – поздрав. 19Слушнавме за тебе дека си храбар и силен човек и дека си достоен за да бидеш наш пријател. 20#2 Мак 4,10И така, те поставуваме за прво­свеш­теник на твојот народ; ќе се наре­куваш пријател на царот, (а му испрати царска облека и златна круна), да при­стапиш кон нас и да бидеш на наша страна, да го пазиш нашето пријател­ство.“ 21#3 Мојс 23,33-36; 5 Мојс 16,13-15Јонатан ја облече свештеничката облека во седмиот месец, во сто и ше­есеттата година, на празникот Сеници, собра војска и приготви многу оружје.
Понудата на царот Димитриј за Јонатан
22Слушна за тоа Димитриј, се налути и рече: 23„Зошто дозволивме Александар да нѐ испревари и да ни го преземе пријателството на Јудејците и на тој начин да ја зајакне својата положба? 24И јас ќе им напишам зборови поздравни, пофални и со ветување за да ми бидат од помош.“ 25Тој им испрати писмо со следнава содржина: „Царот Димитриј до јудеј­скиот народ – поздрав. 26Слушаме и се радуваме дека ги па­зите нашите договори дека останувате во пријателство со нас и дека не сте преминале кон нашите непријатели. 27останете ни и понатаму верни, а ние ќе ви отплатиме со добро, за она што го правите за нас; 28ќе ви простиме многу од вашите да­вачки и ќе ви дадеме дарови. 29#11,35А сега ги ослободуваме сите Ју­деј­ци од даноци и од порезот за сол и за круната, 30#11,34и третиот дел од семињата и поло­вината од овошните плодови, што ми припаѓаат мене, отсега и засекогаш се откажувам да ги земам од јудејската земја и од трите области, присоединети кон неа – од Самарија и од Галилеја, од денешниот ден и за вечни времиња. 31Ерусалим нека биде свет и слободен град, се откажувам и од неговите предели, од десетокот и од сите негови приходи. 32Се откажувам и од власта над ерусалимската тврдина и му давам право на првосвештеникот да постави во неа луѓе што ќе ги избере тој самиот за да ја чуваат. 33Ги пуштам на слобода сите Јудејци во целото мое царство како дар, заробени во јудејската земја; нека бидат сите ослободени од давачките – за себеси и за својот добиток. 34Сите празници, саботи и ново­ме­се­чија и сите пропишани според Законот празници, а и три дена пред и три дена по празниците – да бидат за сите Јудејци во моето царство денови на опростување и ослободување. 35Никој да нема право да ве притесну­ва и да вознемирува некого од вас во ни­каква работа. 36Јудејците ќе се запишуваат во цар­ските војски до триесет илјади души; и ним ќе им се плаќа еднакво како и на сите други. 37Некои од нив ќе бидат поставувани за началници на големите царски тврдини, а други ќе бидат поставувани на доверливи служби во царството, за кои е потребна верност; нивните старешини и заповедници ќе бидат, исто така, од нив, и нека живеат според своите зако­ни, како што одредил царот за јудејската земја. 38#10,30-31; 11,28-34Трите области, присоединети кон Јудеја од Самарија, нека останат при­соединети и понатаму и да се сметаат за едно и да не припаѓаат под друга власт, освен под власта на првосвештеникот. 39#5,15; 10,1; 2 Мак 6,8Птоломеида со нејзината околина ја подарувам на светилиштето во Еруса­лим за да се издржува светилиштето; 40јас лично секоја година ќе давам петнаесет илјади шекели сребро од приходите на моите царски имоти. 41#4,46И сето она што службениците не го давале од државната ризница во мина­тите години, отсега ќе го даваат за по­т­ребите на храмот. 42Освен тоа и петте илјади шекели сребро, што ги собираа секоја година од приходите на светилиштето, отсега тие ќе им се даваат на свештениците кои служат во храмот. 43И секој, кој побара засолниште во ерусалимскиот храм и на неговото под­рачје, а поради царски давачки и дано­ци, нека биде слободен заедно со сѐ што му припаѓа на моето царство. 44За изградба и обновување на свети­лиштето издатоците да бидат давани од царските приходи. 45И за изградба на ерусалимските ѕи­дови и за тврдините околу него – изда­то­ците ќе бидат плаќани од царските приходи, а исто така и за изградба на вакви тврдини и во цела Јудеја.“
Смртта на царот Димитриј
46 # 7,8-9.26; 8,31-32 Јонатан и народот, откако ги ислу­шаа овие зборови, не поверуваа во нив ниту ги прифатија, бидејќи си спомнуваа за оние големи неволји што им ги причини Димитриј на Израилците, измачувајќи ги без милост. 47Затоа повеќе го сакаа сојузот со Александар, бидејќи тој прв им направи предлог за мир; на него му помагаа во војните во сите денови. 48Царот Александар собра голема војска и појде против Димитриј. 49И откако двајцата цареви ја за­поч­наа битката, војската на Димитриј поч­на да бега, а Александар ја гонеше и ја победи. 50Тој водеше жестока борба до зајди­сонце; тој ден Димитриј падна мртов.
Сојузот на царот Александар со Птоломеј Четврти и со Јонатан
51Потоа Александар испрати свои пратеници кај Птоломеј, египетскиот цар, со следниве зборови: 52„Се вратив во земјата на моето царство и седнав на престолот на моите татковци, ја презедов врховната власт, го скршив Димитриј и владеам со целата наша земја. 53Влегов во борба против него, го раз­бив и него и неговата војска, а седнав и на престолот на неговото царство. 54Затоа пак да се спријателиме; дај ми ја твојата ќерка за жена, да ти ста­нам зет и ќе ти дадам и тебе и нејзе дос­тој­ни дарови.“ 55Птоломеј му одговори: „Среќен е денот кога си се вратил во земјата на твоите татковци и си седнал на прес­то­лот на нивното царство. 56Сега ќе го исполнам и она што ми пишуваш; само дојди кај мене во Птолемаида за да се видиме еден со друг и да се сродиме, како што велиш.“ 57И појде Птоломеј од Египет, сам со Клеопатра, својата ќерка, и дојде во Птолемаида во сто шеесет и втората година. 58Царот Александар го пречека Птоломеј и тој му ја даде својата ќерка Клеопатра и ја направија свадбата во Птолемаида со голем блесок, како што им прилега на цареви. 59Царот Александар му напиша пис­мо и на Јонатан за да излезе и да го пре­чека. 60#1 Мојс 6,8; 33,8.15; 2 Мојс 33,12Јонатан отиде во Птолемаида со раскош, се претстави пред двајцата ца­реви и ги обдари со сребро и со злато и со многу дарови и нив и оние од нивната придружба и ја придоби нивната бла­гонаклоност. 61Тогаш се собраа околу него лоши луѓе и беззаконици од Израил за да го оклеветат, но царот не го сврте своето внимание на нив. 62#1 Мојс 41,41-43; Ест 6,8-11Царот заповеда да му ја соблечат на Јонатан неговата облека и да го облечат во царска облека; така и направија. 63Потоа царот го стави до себе и им рече на своите достоинственици: „Изле­зете со него среде град и разгласете дека никој не смее да го клевети за ништо и дека никој не смее да го вознемирува со никаква работа.“ 64Кога неговите клеветници ја видоа неговата слава, каква чест му се прави и како извикуваат царските луѓе за не­го, како е облечен во порфира, сите се разбегаа. 65И така, царот го запиша меѓу сво­и­те први пријатели и го постави за вој­сководец и намесник. 66Јонатан се врати во Ерусалим во мир и со радост.
Димитриј Втори го повикува Аполониј против Јонатан
67Но во сто шеесет и петтата година дојде од Крит Димитриј, синот на Димитриј, во земјата на своите предци. 68За тоа слушна царот Александар и многу се огорчи, па се врати во Антио­хија. 69#4,15; 7,1; 2 Мак 3,5Димитриј го постави за војсководец Аполониј, управителот на Ке­ле-Сирија; тој собра голема војска. Постави логор кај Јамнија и испрати да му кажат на првосвештеникот Јонатан: 70„Само ти се гордееш над нас; преку тебе се изложив на срам и подбивање. Зошто ни се спротивставуваш во гори­те? 71Ако имаш толкава доверба во тво­ите воени сили, слези кај нас во доли­ните; таму ќе ги измериме нашите сили, зашто војската е со мене во градо­вите. 72#1 Цар 4,1-11; 31,1-7Прашај кој сум јас и кои се оние што ми помагаат, а тие ќе ти кажат; не можете да истраете пред нашето лице, зашто вашите татковци двапати беа прогонувани во својата земја. 73Против ваква коњица и ти нема да издржиш во рамнините, каде што нема ни камења, ни клисури, ниту места каде што ќе можете да избегате.“ 74Кога Јонатан ги слушна тие Аполо­ниеви зборови, се охрабри во душата, избра десет илјади мажи, излезе од Ерусалим, а брат му Симон му се при­дружи за да му помага. 75Се улогорија во Јопија, но не можеа да влезат во градот, зашто во Јопија бе­ше Аполониевата стража; и почнаа да војуваат против неа. 76Тогаш исплашените жители му ја отворија градската порта, и Јонатан влезе во Јопија. 77Кога Аполониј слушна за тоа, тој зеде три илјади коњаници и голема вој­ска, па појде за Азот: сакаше да помине преку него, но дојде во рамнината, заш­то имаше голема коњица и се надеваше на неа. 78А Јонатан одеше по него до Азот и нивните војски се судрија. 79Аполониј сокри илјада коњаници и ги остави зад Јонатановата војска: 80но Јонатан разбра дека зад него има заседа; тие ја заобиколија неговата вој­ска; фрлаа стрели врз војската од утро до мрак. 81Но војската добро издржа, како што ѝ беше заповедал Јонатан; најпосле коњите нивни се изморија. 82Тогаш Симон ја поведе својата вој­ска и го нападна одредот, зашто коњицата се измори многу; тој ги разби и тие се дадоа во бегство. 83#Суд 16,23; 1 Цар 5,2-5Коњаниците се распрснаа по рам­нината и избегаа во Азот и влегоа во хра­мот на Дагон, светилиштето на нивниот идол, за да се спасат. 84Но Јонатан го изгоре Азот и околни­те градови; го зеде нивниот плен и им го изгори храмот на Дагон заедно со оние што се беа сокриле во него. 85Имаше околу осум илјади избиени со меч и изгорени од оган. 86Јонатан појде оттаму и се улогори спроти Аскалон, но жителите на градот го пречекаа со големи почести. 87Се врати Јонатан во Ерусалим со сите што беа со него, со многу плен. 88Кога Царот Александар слушна за тие настани, тој одново му искажа по­чести. 89Откако му испрати златна дијадема, каква што, според обичајот, им се дава на царските роднини, исто така, му го подари Акарон и целата негова област – да владее со него наследно.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

1 Макавејска 10: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល