1 Макавејска 9
9
Битката кај Вереа и смртта на Јуда Макавејски. – Погребот на Јуда Макавејски
1Кога Димитриј слушна дека Никанор и неговите војници паднале во битката, одново ги испрати Вакид и Алким во Јудеја и со нив десното крило на војската. 2Тие појдоа на пат кон Галилеја и поставија логор кај Месалот, во подрачјето на Арвили, па, откако го освоија, убија многу луѓе. 3Во првиот месец, во сто педесет и втората година, нивниот логор беше пред Ерусалим, 4но станаа и појдоа кон Вереа со дваесет илјади пешаци и две илјади коњаници. 5А Јуда се расположи во својот логор кај Еласа, а со него беа три илјади одбрани јунаци. 6Но кога ја видоа големата војска, кога видоа колку е многубројна, многу се исплашија и многумина избегаа од логорот; и од нив останаа не повеќе од осумстотини војници. 7Кога Јуда виде дека неговата војска се разбега, неговото срце се обесхрабри, војната го тревожеше, а немаше време одново да ги собере своите војници. 8#Ис.Н. 8,1-3Тој се натажи и им рече на оние што беа останале: „Да станеме и да појдеме против нашите противници; можеби ќе имаме сила да се бориме со нив!“ 9Но тие го одвраќаа, велејќи му: „Ние немаме сила; можеме само да си ги спасиме животите, а потоа ќе се вратиме заедно со нашите браќа и ќе продолжиме да се бориме со нив; сега сме малкумина.“ 10А Јуда им рече: „Не, тоа никогаш нема да биде со мене – јас да бегам од нив; ако, пак, нашиот час дошол, да умреме храбро за нашите браќа и да не дозволиме да има дамка врз нашата слава.“ 11Војската се дигна од логорот и застана спроти нив; коњицата се раздели на два дела, а пред војската одеа праќарите и стрелците и сите предни силни војници. 12А Вакид се наоѓаше на десното крило; одредите се приближуваа од двете страни и трубите трубеа. 13#3 Цар 1,40Со труби затрубеа и луѓето што беа со Јуда; се потресе земјата од вревата на војските и упорна борба започна, која траеше од утрото до вечерта. 14Јуда виде дека Вакид и најсилниот дел од неговата војска се наоѓаат на десната страна; кај него беа собрани сите што имаа храбро срце, 15#2 Цар 13,23го разбија десното крило и го гонеа дури до планината Азара. 16Кога оние, што беа на левото крило, видоа дека десното крило е разбиено, се свртеа и појдоа по стапките на Јуда и на оние што беа со него и зад него. 17Борбата беше многу жестока; паднаа убиени и од едната и од другата страна; 18падна и Јуда, а другите се спуштија да бегаат. 19А Јонатан и Симон го зедоа својот брат и го погребаа во гробницата на нивните предци во Модин. 20Сите Израилци многу го оплакуваа и многу дни тажеа, велејќи: 21#2 Цар 1,19.21„Како падна силниот кој го спасуваше Израил?“ 22#3 Цар 11,41А другите дела на Јуда, борбите, храбрите подвизи што ги изврши, како и делата на неговата слава не се опишани затоа што беа извонредно многу.
Јонатан го наследува Јуда
23 #
Пс 91,7
По смртта на Јуда во сите израилски предели се појавија беззаконици и одново се кренаа сите оние што вршеа неправда. 24Во тие денови настапи голема глад, земјата премина кон страната на непријателите. 25Тогаш Вакид ги одбра безбожниците и ги постави за началници во земјата; 26тие се распрашуваа и ги бараа пријателите на Јуда и ги доведуваа кај Вакид, а тој им се одмаздуваше и се подбиваше со нив. 27Настана голема жалост во Израил, каква што не била од денот откако кај нив веќе пророк не се појавил. 28Тогаш се собраа сите пријатели на Јуда и му рекоа на Јонатан: 29„Откако умре брат ти Јуда, не се најде човек сличен на него, кој може да излезе против Вакид и против непријателите на нашиот народ, 30а, ете, сега ние те избравме тебе место него – за да ни бидеш началник и водач – да ја водиш нашата војска.“ 31#2,1Тогаш Јонатан го прими водството и го зазеде местото на својот брат Јуда.
Јонатан во пустината Текоа и во моавската земја
32Вакид дозна за тоа и бараше да го убие. 33#1 Цар 24,2; 26,2; Амос 1,1; 2 Лет 20,20А штом тоа го слушнаа Јонатан и Симон, брат му, и сите оние што беа со него, избегаа во пустината Текоа и поставија логор кај водите на езерото Асфар. 34Вакид, кога го разбра тоа, во еден саботен ден, ја мина реката Јордан, тој и неговата војска. 35#5,25А Јонатан го испрати својот брат, како водач на придружбата, и ги замоли пријателите свои, Наватејците, да соберат многу храна. 36Но од Медева излегоа синовите на Јамври, го фатија Јован со сѐ што имаше и избегаа. 37По тој настан го известија Јонатан и брат му Симон дека синовите на Јамври прават голема свадба и дека во голем раскош водат невеста од Надават, ќерка на еден од прочуените ханански кнезови. 38Тогаш си спомнаа за својот брат Јован, излегоа и се сокрија во гората. 39Кога ги подигнаа своите очи, ете, весели извици и голема придружба; младоженецот, неговите пријатели и неговите браќа беа излезени за пречек со свирки, тимпани и со многу оружје. 40Тогаш оние што беа со Јонатан скокнаа од заседа на нив и ги убија; паднаа многу убиени, а другите избегаа во гората; и тие го зедоа целиот плен. 41#1,39-40; Амос 8,10Така свадбената веселба се претвори во жалост, а звуците на нивните свирки во плач. 42Тие се одмаздија за крвта на својот брат и пак се вратија на брегот покрај Јордан.
Тепачката на брегот на Јордан
43За ова слушна Вакид и еден саботен ден дојде со голема војска на брегот под Јордан. 44Тогаш Јонатан им рече на своите луѓе: „Сега да станеме и да ги нападнеме за нашиот живот, зашто сега не е она што беше вчера и завчера. 45Ене, сега тие се пред нас и зад нас, водата на реката Јордан е од едната и од другата страна, околу нас е мочуриштето и честакот од грмушки, немаме место кај да избегаме. 46#3,50Па повикајте кон небото за да се избавиме од рацете на нашите непријатели.“ 47Борбата почна. Јонатан протегна рака за да го удри Вакид, но тој се тргна назад од него. 48Јонатан и оние што беа со него скокнаа во реката Јордан и ја препливаа на другиот брег, но противниците не појдоа против нив. 49Тој ден паднаа мртви околу илјада луѓе на Вакид.
Вакид се закрепнува во Јудеја. Смртта на Алким
50 #
3,16.40; Ис.Н. 12,17; Суд 12,13.15 Вакид се врати во Ерусалим и изгради во Јудеја утврдени градови: тврдините во Ерихон, Емау, Веторон, Ветил и Тамната, Фаратон и Тефон – со високи ѕидови, порти и резиња; 51во нив остави одреди војска за да го напаѓаат Израил. 52Ги утврди и градовите Бет-Цур, Газир и тврдината, оставајќи во нив војска и храна; 53собра и заложници, синови на народните водачи и ги стави под стража во ерусалимската тврдина. 54Во сто педесет и третата година, во вториот месец, заповеда Алким да го урнат ѕидот од внатрешниот двор во храмот, и така да го срушат делото на пророците; и почнаа веќе да уриваат. 55#2 Цар 12,15Но токму тогаш Алким доби удар и се запре она што го беше почнал; устата му се затвори, онеме, не можеше веќе ни збор да проговори, ниту пак да управува со својот дом. 56Така умре во тешки маки. 57Кога Вакид дозна за смртта на Алким, веднаш се врати кај царот, а јудејската земја остана спокојна во текот на две години.
Вакид поразен во Ветваси ја напушта Јудеја
58Тогаш сите беззаконици се советуваа и говореа: „Ете, Јонатан и оние што се со него живеат во безопасност и спокојство; да го повикаме Вакид да се врати; тој ќе ги фати само во една ноќ.“ 59Отидоа кај него и така го советуваа. 60Тој реши да појде со голема војска и тајно им испрати писма на сите свои сојузници што се наоѓаа во Јудеја да го фатат Јонатан и оние што се со него, но тие не можеа, затоа што нивните намери беа откриени. 61Тие фатија педесетина луѓе од земјата, виновници за тоа зло, и ги убија. 62Потоа, Јонатан, Симон и оние што беа со нив се оддалечија од Ветваси, во пустината, ги обновија тамошните урнатини и утврдениот град. 63Вакид, откако разбра за тоа, ја собра сета своја војска, ги извести и оние што се наоѓаа во Јудеја, 64дојде и го опседнаа градот Ветваси; таму се задржа многу дни и постави бојни направи. 65Јонатан го остави својот брат Симон, а тој отиде во околните предели со својата неголема војска. 66Тој ги нападна во нивните шатори и ги победи: Одомер и неговите браќа, како и Фасироновите синови, па почна да убива и да напаѓа со војската. 67Тогаш Симон и оние што беа со него излегоа од градот и ги изгореа воените направи; 68водеа битки и со Вакид и го победија; тоа многу го натажи, зашто неговите планови и походот попусто се свршија. 69Многу им се налути на беззакониците што го советуваа да појде во таа земја, а многумина од нив и уби, па одлучи да се врати во својата земја. 70Кога разбра за тоа, Јонатан испрати гласници кај него со порака да склучат мир и да му ги вратат заробените. 71Тој се согласи со тоа и остана верен на своите ветувања и се заколна дека нема да му прави никакво зло во целиот свој живот; 72му ги врати луѓето што ги беше запленил во Јудеја, се врати во својата земја и веќе никогаш не се врати во нивните предели. 73#Суд 2,16; 3,10; 1 Цар 13,2.5; 13,11.16.23; 14,5.31; Ер 47,6Се смири мечот во Израил. Јонатан се настани во Михмас и почна да му суди на народот и ги истреби безбожниците во израилскиот народ.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
1 Макавејска 9: MK2006D
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: