Biểu trưng YouVersion
Biểu tượng Tìm kiếm

Битие 13

13
Аврам се одделува од Лот. Ветувањето е обновено.
1Така излезе Аврам од Египет кон југ, во пустињата Негев, тој, жената негова, и сѐ што имаше, а и Лот со него.
2А Аврам беше многу богат со добиток, со сребро и со злато.
3И отиде, од каде што појде, во пустињата сѐ до Ветил; продолжи да патува сѐ до местото, каде што порано му беше поставен шаторот, меѓу Ветил и Гај;
4На местото, каде што најнапред беше подигнал жртвеник; и таму го призва Аврам името Господово.
5А и Лот, кој одеше со Аврама, имаше овци, говеда и шатори.
6И земјата беше тесна, за да живеат заедно, бидејќи имотот нивни беше толку голем, што не можеа да живеат заедно.
7И стана караница меѓу пастирите на Аврамовиот добиток и пастирите на Лотовиот добиток. А во таа замја живееја тогаш Хананејци и Ферезејци.
8Затоа Аврам му рече на Лота: »Не треба да се караме јас и ти, ни моите пастири со твоите пастири, зашто сме роднини.
9Не е ли пред тебе целата земја? Оддели се од мене. Ако тргнеш ти на лево, јас ќе тргнам на десно; ако ти појдеш на десно, јас, пак, на лево.«
10Тогаш Лот ги крена очите свои и ја виде целата околина Јорданска, која, пред Бог да ги уништи Содом и Гомор, целата, сѐ до Сигор се напојуваше со вода, како рајот Божји и како земјата Египетска.
11И Лот ја избра за себе целата околина Јорданска; па појде Лот кон исток; и се разделија еден од друг.
12Аврам се насели во земјата Хананска, а Лот се настани меѓу градовите на околината, преместувајќе се сѐ до Содом.
13Луѓето, пак, во Содом беа лоши, и многу грешни пред Бога.
14И му рече Бог на Аврама, откако Лот се оддели од него: »Крени ги сега очите свои, па погледни од местото, каде што си, на север и на југ, на исток и на запад,
15зашто целата земја, што ја гледаш, ќе ти ја дадам тебе и на потомството твое довека;
16ќе го умножам потомството твое да биде колку што е песокта на земјата; ако некој може да ја изброи песокта на земјата, тоа ќе може да го изброи и потомството твое.
17Стани и изоди ја оваа земја во должина и во широчина, зашто ќе ти ја дадам тебе и на потомството твое довека.«
18И Аврам ги крена шаторите свои, и отиде да се насели кај дабот Мамре, што беше во Хеврон, и таму Му направи жртвеник на Господа.

Tô màu

Sao chép

So sánh

Chia sẻ

None

Bạn muốn lưu những tô màu trên tất cả các thiết bị của mình? Đăng ký hoặc đăng nhập