Biểu trưng YouVersion
Biểu tượng Tìm kiếm

Битие 12

12
Аврамовото повикување. Поаѓање во замјата Хананска. Првото ветување.
1И му рече Господ на Аврама: »Излези од земјата своја, и од родот свој, и од домот на татка си, па појди во земјата, што ќе ти ја покажам Јас!
2А од тебе ќе направам голем народ, и ќе те благословам, и името твое ќе го прославам и ти ќе бидеш благословен.
3Ќе ги благословам оние, што тебе ќе те благословуваат, и ќе ги проколнам оние, што тебе ќе те проколнуваат и преку тебе ќе бидат благословени сите родови на земјата.«
4Тогаш тргна Аврам, како што му кажа Господ, а со него појде и Лот. А Аврам имаше седумдесет и пет години кога излезе од Харан.
5И ги зеде Аврам Сара, жената своја, и Лота, братанецот свој, со целиот имот што го беа спечалиле, и луѓето што ги беа придобиле во Харан, па излегоа за да отидат во земјата Хананска.
6И Аврам ја измина таа земја во должина дури до Сихем и до високиот даб Мамре; а тогаш во таа замја живееја Хананејци.
7И му се јави Господ на Аврама и му рече: »Оваа земја ќе му ја дадам на твоето потомство.« И направи таму Аврам жртвеник на Господа, Кој му се јави.
8Потоа оттаму се премести на ридот, на исток од Ветил, и таму го распна шаторот свој; и Ветил му беше од запад, а Гај од исток; и таму Му направи на Господа жртвеник, и го призиваше името Господово, што му се јавуваше.
9А оттаму се крена Аврам и се упати кон југ.
10Но настана глад во таа замја и Аврам слезе во Египет да поживее таму; зашто гладта продолжи во оваа земја.
11И кога наближи да влезе во Египет, ѝ рече на жената своја Сара: »Еве, знам дека си жена лична во лицето.
12Затоа, кога ќе те видат Египтјаните, ќе речат – оваа му е жена –. Па ќе ме убијат, а тебе ќе те остават во живот.
13Туку кажи, дека си ми сестра, за да ми биде добро покрај табе и да останам жив поради тебе.«
14И кога влезе Аврам во Египет, Египтјаните видоа дека жената е многу убава.
15Ја видоа и првенците Фараонови, па ја пофалија пред Фараонот. И жената беше одведена во дворот Фараонов.
16И заради неа тој му правеше добро на Аврама; имаше овци, говеда, осли, слуги, слугинки, маски и камили.
17Но Бог пушти големо зло на Фараонот и на неговиот дом поради Сара, жената Аврамова.
18Тогаш Фараонот го повика Аврама и му рече: »Зошто ми го направи тоа? Оти не ми кажа дека ти е жена?
19Зошто рече – сестра ми е – па сакав да ја земам за жена. Сега, пак, ете ти ја жената, земи си ја и оди си!«
20И Фараонот определи луѓе, кои го испратија Аврама и жената негова, со сѐ што имаше, и Лота со него.

Tô màu

Sao chép

So sánh

Chia sẻ

None

Bạn muốn lưu những tô màu trên tất cả các thiết bị của mình? Đăng ký hoặc đăng nhập