Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Љубовта успоруваПримерок

Love Slows Down

7 ДЕН ОД 7

Чекори во заедништво 



Едно од најважните правила во искачување на планини е да не одиш сам. Има премногу нешта кои можат да тргнат наопаку кога си во дивината, затоа од безбедносни причини е потребно некој да дојде со тебе.  



Никогаш да не одиш сам е многу добар животен совет. Независно од тоа колку сме силни и подготвени, секогаш ќе имаме потреба од друштво на нашите патувања. Кралот Соломон на оваа тема, го опишува ова во денешниот стих: “Двајца се подобри од еден.” Ние не сме создадени да го живееме животот осамени, како што можеме да видиме и во една африканска изрека, “Доколку сакаш да се движиш брзо, оди сам. Доколку сакаш да стигнеш далеку, оди во заедништво.”



Кога животот ќе стане предизвикувачки или тежок, ние тежнееме кон тоа да се изолираме и оградиме од заедницата, но изолацијата никогаш не завршува добро. Јагленот кој е одвоен од оганот многу брзо ја губи својата топлина, исто како и ние луѓето, доколку сакаме да го задржиме жарот и енергијата во нашето заедништво со Бог, треба да бидеме во заедништво со други луѓе. Кога сме во заедништво со Божјите луѓе, ние го чувствуваме опипливиот израз на Божјата љубов.



Бог не создал на начин да имаме потреба од Неговата љубов. Во нашиот свет, најопипливиот, видлив израз на Неговата љубов обично го гледаме преку луѓето. Ние ја искажуваме Божјата љубов со тоа што ги љубиме луѓето. Можеби ти со Исус си ја завршил работата, но начинот на кој што живееш и како се поврзуваш со другите е доказ за твојата поврзаност со Него. 



Доколку се чувствуваш осамено на врвот или како другите да те успоруваат, голема е шансата дека се движиш пребрзо и најверојатно ќе треба да успориш малку. Љубовта успорува, а лутината забрзува поради што и не можеш да искажеш љубов на брзина. Да успориш за да чекориш во заедништво со други луѓе е еден добар начин на кој можеш да ја искажеш твојата љубов према нив. 



Кога животот ќе стане зафатен или преоптоварувачки, најдоброто нешто кое можеш да го направиш е да си поставиш приоритет да поминуваш време во заедништво со други христијани. Најди некоја заедница, почувствувај ја од близу топлината која доаѓа од поврзаноста со други луѓе и ќе видиш како твојата лутина и неспокој се заменети со љубов.   



Овој план е базиран на книгата Љубовта успорува.


Ден 6

Опис за овој план

Love Slows Down

Ние сме создадени од љубов, за љубов и сме повикани, да живееме во Божјата љубов. Оваа посвета е базирана на книгата со наслов „Љубовта успорува“ и ќе ти помогне да успориш и да ги замениш твојата лутина, твојот неспокој...

More

Благодарни сме на Жоел и Јонатан Малм за овој план. За повеќе информации, посети ја: http://joelmalm.com

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност