Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Љубовта успоруваПримерок

Love Slows Down

3 ДЕН ОД 7

Љубов која ја брка лутината 



Ако не се справиме со стравот, тој лесно може да се претвори во лутина. Стравот тежнее кон тоа да најде упориште во лутината, а лутината пак, ни ветува дека ќе биде од помош при одбрана од сѐ што претставува закана за нештата од кои имаме потреба или ги цениме. 



Лутината е секундарна емоција која е последица на чувството на закана (или повреда) на нашата безбедност, поврзаност или контрола. Прво може да почувствуваме закана, па после да се налутиме. Лутината не е грев, лутината е само знак. 



Исус се налути поради тоа што религиозните водачи ги злоупотребуваа луѓето, Тој ги преврте сите маси во храмот. (Матеј 21:12) Тоа претставуваше праведна лутина, која е реална, но е ретка. 



И јас се имам погрижено за неколку маси на истиот начин во мојот живот, но не можам да кажам дека го сторив тоа со цел да ги одбранам послабите, туку поради тоа што моите очекувања не беа исполнети или почувствував закана врз мојата безбедност, поврзаност или контрола. 



Можеш да се пронајдеш во ова? 



Кога ќе се налутиме поради нешто што ни се случува, скоро секогаш причината за тоа е што, нешто се случува во нас. Лутината е како сијаличка за предупредување на шалт таблата на твојата кола која укажува дека треба да се реши некој проблем. Начинот на кој реагираш на тоа предупредување ја прави разликата помеѓу тоа дали ја користиш лутината за свое добро или лошо.  



Апостол Павле кажал, “Секое огорчение, и јарост, и гнев, и викање и хулење, да бидат отстранети од вас, со секаква злоба. Бидете еден кон друг добри, милостиви, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости вам во Христа.“ (Ефешаните‬ ‭4:31-32‬ ‭Mkb). Кога сме лути поради ситуации кои ни ја загрозуваат безбедноста, поврзаноста и контролата, сме наклонети кон неправедна лутина и огорченост и сите други нешта кои Павле ги споменува во овој стих, но лутината може да се искористи и за добра работа. 



Лутината ја користиме за доброто, кога успеваме да ја контролираме и сфаќаме дека таа ни укажува на некој дел од нашиот живот кој треба да го предадеме на Бог. Лутината нѐ потсетува дека само Божјата љубов може да ни ја даде перфектната безбедност, поврзаност и контрола. Лутината е показател на сферите од животот во кои имаме потреба од овие нешта, и ги бараме од места каде што не треба да ги бараме, место што не е Бог. Кога се лутиш, успори, вдиши длабоко, исчекори од ситуацијата, помоли се и побарај од Бог да ти даде мир и увид со што ќе имаш многу поголема шанса да ја разрешиш ситуацијата на здраворазумен начин. Љубовта успорува, а лутината убрзува, па успори малку сега и потпри се на Божјата љубов.


Свето Писмо

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Love Slows Down

Ние сме создадени од љубов, за љубов и сме повикани, да живееме во Божјата љубов. Оваа посвета е базирана на книгата со наслов „Љубовта успорува“ и ќе ти помогне да успориш и да ги замениш твојата лутина, твојот неспокој...

More

Благодарни сме на Жоел и Јонатан Малм за овој план. За повеќе информации, посети ја: http://joelmalm.com

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност