Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Љубовта успоруваПримерок

Love Slows Down

2 ДЕН ОД 7

Совршената љубов го изгонува стравот



Ние сме создадени за да бидеме безбедни, поврзани и зајакнати во Божјата љубов. Во моментот кога гревот ги одвои Адам и Ева од таа љубов, тие веднаш почувствуваа страв и сите ние од тој момент до денес го чувствуваме истиот тој страв. Стравот има многу лица. Тој се манифестира во форма на неспокој, нервоза или грижа. Некогаш е суптилен и доаѓа во форма на неодлучност или предизвикува отрпнување. Целиот страв е поврзан со длабоко чувство на загриженост од причина што можеби нема да ги добиеме сигурноста, поврзаноста или контролата кои ни се потребни.



Исус ја обнови нашата поврзаност со Божјата љубов, за ние да не живееме повеќе во страв. Сѐ што треба да направиме е да го бараме Него и Неговата љубов. Нашиот партнер, деца, работа, дом, нашите познаници и нашиот посед никогаш нема да ни ја дадат совршената безбедност, поврзаност и контрола што ја посакуваме, само Бог може да го овозможи тоа. Кога се обидуваме да ги задоволиме тие потреби без Негово присуство, секогаш ќе дојдеме до неспокој и грижи. 



Стравот е силна и моќна емоција. Може да предизвика секаков вид на реакција во нашето тело и ум. Понекогаш знаеме дека стравот е нерационален, но поради тоа што претставува моќна емоција, не е возможно да го елиминираме со употреба на факти и логика, туку само со употреба на нешто многу помоќно, како Божјата љубов, која е посилна од секој страв кој можеме да го искусиме. Божјата совршена љубов го изгонува стравот. 



Една од најдобрите работи за Божјата љубов е што, најчесто, најдобриот начин да ја искусиш е со тоа што ќе ја искажеш према други луѓе — точно во моментите кога си исплашен. Избркај го стравот од себе и од другите преку љубовта! Помогни на некој кој има потреба, дури иако се плашиш да го сториш тоа. Во моментите кога ќе започнеш да ја искусуваш Божјата љубов на дело, како што поминува низ тебе така ќе се ослободуваш од стравот. 



Стравот не си заминува сам по себе, тој расте во мракот и го ограничува нашиот светоглед. Единствениот начин да го надминеш стравот е доброволно да се изложиш на тоа што го предизвикува, но во помали дози. Превземи ситни чекори во вера (со мудрост) соочувајќи се со нештото што те плаши. Додека Бог те прати во секој чекор што го превземаш, ќе изградиш поцврста вера која ќе ти помогне да продолжиш напред, но мораш да продолжиш храбро. Продолжи дури и во страв, но со знаење дека нема нешто што може да те одвои од Божјата љубов (Римјаните 8:38-39).



Денес биди храбар бидејки Божјата љубов е извор на безбедноста, поврзаноста и контролата што ја бараш. Искажи ја таа љубов кон други луѓе. Живеј со таа љубов.


Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Love Slows Down

Ние сме создадени од љубов, за љубов и сме повикани, да живееме во Божјата љубов. Оваа посвета е базирана на книгата со наслов „Љубовта успорува“ и ќе ти помогне да успориш и да ги замениш твојата лутина, твојот неспокој...

More

Благодарни сме на Жоел и Јонатан Малм за овој план. За повеќе информации, посети ја: http://joelmalm.com

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност