Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Љубовта успоруваПримерок

Love Slows Down

5 ДЕН ОД 7

Заборави на тоа 



Пред неколку години, го однесов мојот тим на рафтинг тура по реката Колорадо која поминува низ Гранд Кањонот. Кога започнавме со турата, реката беше кристално чиста, но после само еден километар наидовме на каллива вода. За кратко време целата река каде што пловевме беше матна и кафена и таква остана до крајот на нашето шест дневно патување. Замислете, само една мала струја од матна вода успеа да ја претвори кристалната вода на реката Колорадо во катастрофална нечистотија, со километри надолу по нејзиниот тек. 



Кралот Соломон кажал, “Од сѐ, што е за пазење, најмногу чувај го срцето свое, зашто од него се изворите на животот.” (Изреки‬ ‭4:23‬ ‭Mk2006‬‬) Чисто срце води кон чиста љубов, но доколку не сме претпазливи, нападите, предавствата, разочарувањата или неуспесите може да ги загадат чистите води на нашето срце и да нѐ направат да бидеме заморени или цинични. Колку повеќе мислиме на нападите, толку позагадени ќе ни бидат водите, затоа, мораме да се осигураме дека ги одржуваме нашите срца чисти од сѐ што има потенцијал да ги загади.



Кога одиме со тимот низ дивината, еден од најголемите предизвици во одржувањето на тимот во добро здравје е, да се осигурам дека ќе имаме доволно чиста вода за пиење поради што и ги носам со мене најдобрите филтри за прочистување на вода. Филтерот очистува скоро сѐ што има во водата, што може да ни наштети. Секоја вечер додека седиме со тимот во круг, еден по еден пумпаме чиста вода за употреба во текот на утрешниот ден.



Мислам дека треба да извршуваме слична процедура во секојдневието од нашите животи каде ќе поминуваме време секој ден филтрирајки ги тие мали напади кои можат да ја зголемат загаденоста на чистите води кои извираат од нашето срце.



Опростувањето е филтерот кој те очистува од болката и лутината во твоето срце, и ги прави водите повторно да бидат кристално чисти. 



Тешко е да заборавиш и да простиш кога некој те повредил или се однесувал лошо со тебе. Чувството за праведност во нас ни вели дека не е во ред да нѐ повредуваат, но опростувањето е одлука која ја правиме за да ја ослободиме личноста од одговорност за тоа што ни го направила—независно дали се исповедала или не. Тоа е она што Исус го направи, Тој ни опрости уште пред ние да знаеме дека ни треба опростување. Тој нѐ замоли и ние да го правиме истото. 



Добрата вест е дека простувањето всушност те ослободува. Кажано е дека простувањето претставува ослободување на затвореникот, за на крај да разбереме дека ние сме биле тие кои сѐ позади решетките. Опростувањето ни помага да го ослободиме бесот и незадоволството. Доколку навистина сакаш да живееш во Божјата љубов, одбери да заборавиш на повредата и лутината и да ја примиш Неговата милост со отворени раце. 


Ден 4Ден 6

Опис за овој план

Love Slows Down

Ние сме создадени од љубов, за љубов и сме повикани, да живееме во Божјата љубов. Оваа посвета е базирана на книгата со наслов „Љубовта успорува“ и ќе ти помогне да успориш и да ги замениш твојата лутина, твојот неспокој...

More

Благодарни сме на Жоел и Јонатан Малм за овој план. За повеќе информации, посети ја: http://joelmalm.com

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност