Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Љубовта успоруваПримерок

Love Slows Down

4 ДЕН ОД 7

Создади простор



Патникот секогаш е посреќен кога товарот што го носи, тежи помалку.. – Маркус Феликс



Јас водам планинарски групи на Мачу Пичу, на планината Килиманџаро и ги водам по местата каде што чекорел Исус околу Израел.



Повеќето од луѓето понесуваат премногу товар кога тргнуваат на тие патеки. Тешкиот ранец навистина може да го отежни патувањето, поради што ноќта пред поаѓање ги советувам сите учесници да ја измерат тежината на своите торби и да ги извадат нештата кои им се непотребни. Овој процес знае набрзина да поттикне многу емоции! Членовите на екипата се секогаш загрижени дека нешто ќе им недостасува, но како што ја одминуваме патеката тие се најчесто се благодарни што им посочив да си го олеснат ранецот со цел да имаат попријатно искуство додека планинарат. 



Животот е многу сличен на овие планинарски тури. Сите ние имаме нешта кои ги понесуваме со нас додека го живееме животот—нешта кои мислиме дека некогаш можеби ќе ни затребаат. Исто како и планинарот што носи камења во неговиот ранец во случај да се појави пред него мечка, и ние си додаваме товар кој мислиме дека ќе ни даде поголема безбедност, поврзаност и контрола, но товарот на нашите рамена станува сѐ потежок и потежок, се до моментот кога ќе се измориме премногу и станеме нервозни и лути. 



Ние сме способни да понесеме со нас толку колку што можеме. Имаме определено време, пари и енергија, затоа, во некој момент, ќе мораме да застанеме и да провериме што носиме на нас, да видиме дали има нешто што треба да го изоставиме, дури и да е нешто добро, со цел да направиме простор за она што е важно. 



Тогаш си го поставуваме прашањето: Што носам со мене што ми тежи животот? 



Исус ова го подели на две наједноставни работи: 1) Љуби го Бог 2) Љуби ги луѓето. (Матеј. 22:37) Според овој редослед, подредено по врвниот приоритет, ние треба секогаш да го даваме најдоброто прво на Бог, после на луѓето. Такви се Божјите принципи и кога се придржуваме на нив, тоа ќе не исполни и ќе ни донесе мир, радост и исполнетост. 



Во денешниот стих, Исус кажа дека Тој знае за нашите грижи, за тоа што ќе облечеме и што ќе јадеме—нашата безбедност, поврзаност и контрола—но Тој дополни и дека доколку сакаме тие нешта да бидат задоволени, ние треба “прво да го бараме Божјото Царство и да бидеме праведни.” Ние го добиваме тоа што ни е најмногу потребно кога бараме да дознаеме што сака Бог—го бараме Неговиот редослед, што значи дека можеби има некои добри нешта кои треба да ги оставиме позади нас за да ја покажеме нашата љубов према Него и оние луѓе кои Тој ни ги дал во нашите животи—нашиот партнер, нашите деца, нашата фамилија и нашата црковна заедница.



Доколку давање на најдоброто од твоето време, пари и енергија на Бог и луѓето ти предизвикува потешкотии, тогаш можеби е време да се ослободиш од некои нешта што ти тежат. Ослободи се од доброто за да направиш простор за најдоброто—тоа што Бог го вели е најважно. Можеш да бидеш сигурен дека на почетокот кога ќе започнеш да го бараш Неговото царство ќе добиеш чувство на неспокој, лутина и нервоза од кои треба да се ослободиш за Тој да може да ти овозможи сѐ што ти е потребно. 


Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Love Slows Down

Ние сме создадени од љубов, за љубов и сме повикани, да живееме во Божјата љубов. Оваа посвета е базирана на книгата со наслов „Љубовта успорува“ и ќе ти помогне да успориш и да ги замениш твојата лутина, твојот неспокој...

More

Благодарни сме на Жоел и Јонатан Малм за овој план. За повеќе информации, посети ја: http://joelmalm.com

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност