Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Љубовта успоруваПримерок

Love Slows Down

6 ДЕН ОД 7

Биди сам



Живееме во многу гласен свет во кој се слуша константен шум од движењето, музиката или разговорите околу нас каде и да одиме. Дури иако нашата околина е тивка, тешко е да се стиши буката која потекнува од нашите грижи и неспокој во нашето срце и ум.



Во Исаија 26:3, се потсетуваме на тоа дека клучот до доаѓање до мирот во било која ситуација е да бидеме фокусирани на Божјата љубов. Кога веруваме во таа љубов, тоа ни носи мир, но за да го сториме тоа треба да обрнеме внимание на нашите мисли. Мораме да мислиме на нашите мисли.



Никогаш нема да имаме мир доколку сме на строга диета со неспокој и лутина. Проблемот не се тие неколку негативни наслови што ќе ги прочитаме по социјалните медиуми, туку насобраната галама од светот околу нас која го создава тој негативен ефект. Сѐ се случува толку суптилно што воопште не сме ни свесни на кој начин се гради стресот во нас. 



Поради тоа, од голема важност е да одвоиме време во кое ќе го исполниме нашиот ум со Божјиот збор. Во Псалм 1, кралот Давид ни кажува дека оние кои медитираат врз Божјиот збор се споредуваат со дрво кое е засадено веднаш до извор со вода, што значи дека тешко се крши и дава добри плодови поради неговата внатрешна сила. Вака би изгледал вашиот живот кога редовно би одвојувале време за заедништво со Бог. 



Моја дефиниција за самотност е дека тоа е нешто кое ни овозможува психички мир. Ја користам оваа дефиниција поради тоа што за многумина од нас е невозможно да се биде физички сам или редовно оддалечен од гужвите. Да се биде сам е оптимална ситуација во која можеме да практикуваме самотност, всушност, ние треба да одвоиме време да бидеме сами, но тоа не значи дека ќе го добиеме тој психички мир што ни е потребен. Затоа кога медитираме врз Божјиот збор можеме да најдеме мир независно од тоа во каква ситуација се наоѓаме. 



Има многу ситни моменти во текот на денот кога би можеле да го побараме тој психички мир. Додека возиш во кола со изгасена музика, додека пешачиш и се молиш за време на пауза за ручек или кога го повторуваш писмото додека диплиш алишта. 



Доколку твојот ум започне да застранува во правец на страв, грижи или лутина додека ги правиш овие работи, насочи ги своите мисли кон Божјиот збор. Добрата вест е дека секогаш можеш да медитираш врз писмото дури иако имаш грижи. Грижите прават да мислиш на сите можни негативни исходи цело време, што е спротивно на добрината и вистината која Бог ни ја дава преку писмото додека се молиме, што во суштина е истиот ментален процес само што фокусирајки се на Бог, ќе дојдеш до многу подобри резултати. 



Денес, во моментите кога ќе се вознемириш или почувствуваш неспокој, вдиши длабоко, расчисти ги грижите во твоите мисли и повтори го денешниот стих неколку пати во себе за мирот да се влее во твоето срце и во твојот ум. Тоа е Божјото ветување за тебе. 


Ден 5Ден 7

Опис за овој план

Love Slows Down

Ние сме создадени од љубов, за љубов и сме повикани, да живееме во Божјата љубов. Оваа посвета е базирана на книгата со наслов „Љубовта успорува“ и ќе ти помогне да успориш и да ги замениш твојата лутина, твојот неспокој...

More

Благодарни сме на Жоел и Јонатан Малм за овој план. За повеќе информации, посети ја: http://joelmalm.com

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност