Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Натприродно Водење БизнисПримерок

Doing Business Supernaturally

6 ДЕН ОД 6

Мртвите луѓе не се впуштаат во Авантура



Вчера разговаравме за тоа да не го распнуваме воскреснатиот човек. Кога го живееме воскреснатиот живот...знаејки дека Бог е на наша страна и Неговиот Дух е во нас...ние можеме да чекориме самоуверено и храбро. Ова е животен стил кој не би можеле да го живееме доколку сме опседнати од гревот и развратот. 



Поминав долги години посетувајки црква која беше опседната со понизност, ама не од онаа здравата понизност. Ние немавме големо Христово влијание врз луѓето, но кога започнав да чекорам во моќта на воскресението, тоа беше почетокот на мојата авантура! Никогаш порано не ми било толку многу забавно, и доброто е што ова е на дофат на секој еден од нас кој го има Духот во себе. 



Сакам да споделам приказна за еден Марко кој работеше во компанијата на еден Евреин атеист. Марко учеше за тоа како да го живееш воскреснатиот живот, па започна да се моли за луѓето на работа. 



Еден ден Марко слушнал дека неверниот сопственик на компанијата се пожалил од страшна главоболка, па собрал храброст и отишол да му понуди да се помоли за негово заздравување. Шефот од очај ја прифатил неговата понуда, по што Марко се помолил набрзина и човекот беше веднаш исцелен, а шефот останал вчудоневиден. Но приказната не завршува тука.



После некое време, компанијата која изнајмувала опрема за авантуристички активности била присутна на една индустриска конференција во Лас Вегас. Оваа конференција била од критична важност за лидерите на компанијата, да можат да се поврзат со нивните идни клиенти. За несреќа, како што се приближуваше почетокот на настанот, се појави неочекувана бура. Еден од инженерите го информираше шефот за ова, дека е опасно да се претставува опремата на вакво невреме и дека презентацијата треба да се одложи за подоцна. 



На неверниот атеист, шеф, не му се слушаше за ваквото сценарио и извика, “Марко! Дојди ваму.” Шефот му даде наредба на Марко да се помоли за облаците од бурата да се поместат подалеку од местото на нивната презентација. 



Незнам за вас, ама мене ова би ме заплашило. Главоболките се една работа, но ова беше огромна бура. Дали Бог би ни искочил во пресрет за вакво нешто? Дали некој после Исус се обидел да направи нешто вакво? 



Притисокот се покачил уште повисоко. Марко се скрил во ќош за да им напише порака на неговите пријатели и фамилија да се помолат за ситуацијава. Следниот потег се очекуваше од Бог! Додека тој пишуваше пораки, го слушна гласот на неговиот шеф како ечи од далеку, тој ги собрал неговите пријатели да им објасни како ова функционира...



“Сега, само што разбравме дека ни доаѓа бура која ќе ја прекине презентацијата за нашата опрема, но нашиот член на тимот, Марко, ќе се помоли на Бог. И ние ќе продолжиме со презентација на авантурата. Ви благодарам за вниманието.” 



Срцето на Марко отиде во петици. Баш во тој момент прими слика од “заштитна купола” која му се појавила во мислите на еден од неговите пријатели. Така охрабрен, Марко се вратил на сцената да се помоли за бурата да ја промени својата патека. 



Бурата продолжи да надоаѓа накај нив, но се случи нешто многу чудно во тој момент. Облаците се разделија на два дела, бурата се подели на две страни и местото на презентацијата не го допре ниту една капка дожд. Некој што стоеше на сцената го сликал небото кое што изгледаше баш како да има купола над поставената опрема. Само една мала област каде што не заврна. 



Бог ја доби целата слава. Многу луѓе беа допрени од случувањата и приказната се рашири на далеку, а Марковото влијание се зголеми во очите на директорот. Што мислите, на кого прво би му се јавил директорот кога ќе треба да се донесе некоја тешка одлука? 



Забележавте ли дека Марко немал потреба да биде директор за да има големо влијание? Исто како Даниел, Јосиф, и Естира од Стариот Завет, и ти немаш потреба да бидеш директор за да имаш важна улога. 



Влијанието на Марко можеше да остави голем отпечаток на новите продукти, корпоративните полиси и насока на компанијата. Исто како и оние карактери од Стариот Завет, Марко може е првиот човек кој му е потребен на шефот во моменти на криза. 



А ти? Дали се поставуваш себеси да можеш да влијаеш на културата? Дали му веруваш на Бог дека ќе работи заедно со тебе, за да го донесеш Рајот на Земјата? Овој свет плаче за решенија за малите и големите проблеми со кои се соочува. Масивните проблеми кои ја придружуваа пандемијата ни го докажаа тоа. 



Бог чека на нас да му пристапиме за да побараме Негов совет и увид, за да можеме да го примениме Рајското решение на Земјата и да ги предаваме Неговите начини додека ги демонстрираме решенијата на светските проблеми. Она што го демонстрираше Исус преку исцелување на телата, е истата таа моќ која што ќе го трансформира твојот бизнис...и заедница...и нација. 



Ова е само почеток. Доколку сакаш да се придружиш на една заедница од охрабрени верници кои бараат да работат натприродно на нивниот бизнис, кликни ТУКА за да видиш повеќе. Можеме заедно да го постигнеме ова!


Ден 5

Опис за овој план

Doing Business Supernaturally

Со години верував во лага. Оваа лага можеме да ја видиме многу често во Христијанските кругови. Верував во секуларно-света дихотомија, и тоа го спречуваше мојот раст. Придружи ми се во истражувањето како Бог сака да ни д...

More

Би сакале да се заблагодариме на Гејтвеј Министрис што го овозможија овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://dbs.godsbetterway.com/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност