Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Натприродно Водење БизнисПримерок

Doing Business Supernaturally

3 ДЕН ОД 6

Кога Рајот ја освои Земјата



Дали имаш слушнато за тоа што се случи во Алмолонга, Гватемала? 



Вчера разговаравме за тоа што значи Бог да го донесе Рајот на Земјата преку нашите бизниси. Денес ќе откриеме како тоа изгледа во реалноста. 



Алмолонга, Гватемала беше ужасно место. Алкохолизмот, култовите, и вештерствата беа широко распространети. Злоупотребата, убиствата и разни криминали беа во ек. Четирите затвори на местото беа преполни, и стана рутина да се пренесуваат затвореници со автобуси низ градовите. Тие беа земјоделска земја, но земјата беше непродуктивна. 



На еден локален фармер му се гледаше крајот откако за малку ќе беше убиен. Тој клекна на земјата во очај и ја посвети неговата фарма, неговиот живот и земјата во регионот на Бог. Други фармери му се придружија во молитвата до Бог за да ги излее Неговите благослови на таа, на изглед проколната земја. Тие се молеа за нивното ќоше на Земјата да заличи на Рајот. (Матеј 6:10). 



Господ ги слушна нивните молитви и им одговори на драматичен начин (Излез 2:24-25). Луѓето од Алмолонга ги отфрлија нивните идоли, престанаа да посетуваат барови и почнаа да одат во црква. Многумина кои беа статични, почнаа многу да работат, многу бракови беа спасени и многу се помирија со нивните непријатели. 



Во следните неколку години, од 36 барови и дискотеки во Алмолонга, бројот се намали на три. Сите четири затвори во градот се затворија, а последниот од нив беше пренаменет во “Музеј на Чест.” Христијанскиот градоначалник и црковните лидери таму, поверуваа дека 80% од населението станаа следбеници на Исус. 



Еден од најдраматичните резултати беше во областа на земјоделието. Со години жетвата им страдаше од лошо третирана земја и работни навики. Сега земјата дава повеќе од три жетви годишно. Фармерите од Алмолонга порано испраќаа по четири камиони полни со жетва до пазарите секој месец, а сега испраќаат по 40 камиони неделно. Фармерите плаќаат ќеш за големи Мерцедес камиони и ги дизајнираат со стихови од Библијата и Христијански фрази. 



Самата жетва се промени исто така. Зеленчуците растат дупло поголеми од нормалното, морковите растат колку долниот дел од раката на еден човек. Земјоделски техничари од Америка и од разни делови на светот ја посетуваа Алмолонга за да се обидат да разберат како да добијат зголемено производство на истите земјоделски култури. Но не го открија она што го очекуваа. 



Бог ја исцели нивната земја.



Дали мислиш дека Господ се грижи и за твојата земја? 


Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Doing Business Supernaturally

Со години верував во лага. Оваа лага можеме да ја видиме многу често во Христијанските кругови. Верував во секуларно-света дихотомија, и тоа го спречуваше мојот раст. Придружи ми се во истражувањето како Бог сака да ни д...

More

Би сакале да се заблагодариме на Гејтвеј Министрис што го овозможија овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://dbs.godsbetterway.com/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност