Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Натприродно Водење БизнисПримерок

Doing Business Supernaturally

5 ДЕН ОД 6

Не го распнувајте воскреснатиот човек



Како што работиме натприродно на нашиот бизнис, од критична важност е да не го распнуваме воскреснатиот човек 



Чекај малку... што?



Во Евангелијата околу седум пати, Исус им заповедаше на Неговите следбеници да загинат за да се спасат. Тоа го разбирам како да треба да ги умреме нашите себични, самоволни, злобни желби и да го ставиме Божјото Царство пред сѐ. 



Во Римјаните 6 до 8 глава, Павле укажува на живеење на воскреснатиот живот околу 40 пати. Ова е нашиот повик... да живееме со моќта на Исусовото воскресение до крајот на нашите животи. 



Некој ќе каже, “Ама чекај малку”. “Јован Крстител кажал, ‘Тој мора да се воздигне, а јас морам да се понизам.’ Не ли треба ова да биде нашата молитва?” 



Генерално, не верувам дека е така. Јован, најголемиот пророк од сите, според Исус, претставувал крај на една ера. Затворањето на стариот завет. Крајот на ерата на Законот и Пророците. Јован и неговата порака беа кажани при завршувањето на овој период. 



Смртта и воскресението на Исус би бил вовед во нова ера во човечката историја. Нова креација стапи на сцена: Луѓето со Бог во нив. Тоа е она што си ти. 



Па можеби твојот фокус треба да се промени. Наместо да се фокусираш на што да убиеш во себе, можеби треба да видиш што Светиот Дух сака да зголеми во тебе. (Фокусот на убивање на гревот во секој случај, не функционира. Фокусот на зголемување на нашата пасија за Исус е лекот за гревот.) 



Ти и јас сме повикани да ја убиеме алчноста. Но не и да ги убиеме желбите кои Духот ги влева во нас. Ти си надворешно, физичката манифестација на живиот Исус на Земјата во денешницата. Светиот Дух те носи како ракавица. 



Господ ќе ги употреби твоите преференци, твоите желби, твојата пасија, таленти, личност, и изглед. Јас бев збунет за ова нешто многу години во минатото. Мислев дека мојата желба да успеам во бизнисот беше дел од мојата себичност која треба да ја убијам. “...и дека морам да се понизам.” Но, тоа беше најверојатно дел од онаа лажна секуларно-света дихотомија, потпомогната од гласот на непријателот. 



Верници исполнети со Духот треба да се на водечките позиции во бизнисот, иновациите, технологијата, модата, уметноста, и музиката. Но ние нема никогаш да стигнеме таму ако се обидуваме да го убиеме воскреснатиот човек. 



И нема никогаш да стигнеме таму ако сме љубоморни некому. Доколку го разбираш Божјиот повик за твојот живот, Божјата пасија за тебе и Божјата бескрајна способност да го пренесе Рајот на Земјата преку тебе, веројатно никогаш не би сакал да бидеш некој друг. Прочитај ја оваа реченица уште еднаш, и размисли за ова. 



Кои желби ги поставил Бог во тебе? Дали си ги умрел соништата кои Исус сака да ги воскреснеш? По кои нови соништа сака Тој да трагаш денес? Се молам за тебе да можеш да исчекориш во твојата судбина и повик, да го живееш животот исполнето. Тој ќе ја добие славата, и ти ќе го добиеш најдоброто животно искуство! 



Запамти, Тој не е ограничен од ништо што можеме ние да го замислиме. (Ефесјаните 3:20-21) 


Ден 4Ден 6

Опис за овој план

Doing Business Supernaturally

Со години верував во лага. Оваа лага можеме да ја видиме многу често во Христијанските кругови. Верував во секуларно-света дихотомија, и тоа го спречуваше мојот раст. Придружи ми се во истражувањето како Бог сака да ни д...

More

Би сакале да се заблагодариме на Гејтвеј Министрис што го овозможија овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://dbs.godsbetterway.com/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност