Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Натприродно Водење БизнисПримерок

Doing Business Supernaturally

4 ДЕН ОД 6

Бескраен Потенцијал 



Дали го достигнуваш својот потенцијал? 



Можеби не си свесен за ова, но ти имаш повеќе потенцијал од Бил Гејтс! Сериозно. Еден од најбогатите луѓе на светот има сериозни ограничувања кои не треба да ни претставуваат ограничување доколку сме Христови следбеници. Да ги разгледаме фактите... 



1. Бил Гејтс е створен со Божјиот лик. (Создавање 1:27) Нашиот Создател се гледал во огледало кога го создавал Бил, и Бил го искористил ова максимално! Истово ова се однесува и на вас Браќа и Сестри. 



2. Го имаш Христос во тебе што носи надеж за прослава. (Колосјаните 1:27) Од она што го можеме да го видиме, Бил Гејтс нема некоја сериозна предност. 



3. Ти го поседуваш Христовиот ум. (1 Коринтијаните 2:16) Изгледа дека Бил го нема. 



4. Ти го поседуваш Светиот Дух. Бог живее во тебе! (1 Коринтијаните 3:16) Што е уште една предност која ја имаш пред г-дин Гејтс. 



Значи може да се каже дека Бил функционира на само една четвртина од твојот капацитет? Другари, ние мора да започнеме вистински да веруваме во нашето спасение, и импликациите од истото врз нашите животи и бизниси. 



Доколку Бил и другите како него постигнуваат толку многу без да имаат пристап до Божјиот Дух и без оптоварувањата кои луѓето си ги ставаат на себе од секуларно-светата дихотомија, замисли што сѐ можеш да постигнеш ти! Земи ја во предвид светата мудрост и креативност која ти е дадена.

Дојде време да ги сврземе нашата вера и нашите бизниси. Време да ги донесеме Божјите креативни решенија и иновации како решенија за светските проблеми. Секаде има проблеми, некои се на светско ниво, додека други можеби ни изгледаат како помалку значајни. Но ако се важни за тебе, тогаш тие се важни и за Бог. 



Мет МекФерсон беше евангелист и водач во групата за славење. Тој исто така беше љубител на ловење со лак и стрела. Бог, еден ден му се објави и му кажа дека, “Јас го имам секој одговор за секој проблем во светот, и доколку луѓето ме прашаат, јас ќе им ги дадам одговорите.



Мет можеше да го побара решението за глад во светот или некој начин за како да покрене огромна служба за Бог, но тој не го стори тоа. Тој побара од Бог преку молитва, да му помогне со правење на подобар професионален лак за спортско ловење. 



Знаеш, професионалниот лак за спортско ловење беше измислен во доцните 60ти години и во тоа време имаше два котура(тркала на двата краја од лакот), кои беа тежок предизвик за дизајнерите да ги синхронизираат перфектно кој не успеваа да го решат. Лошата синхронизација на овие котури беше причина за лошо нишанење, што е сериозен проблем за ловците. 



Околу две недели подоцна Мет се разбуди во ноќта, и се почувствува како да има пред него лист хартија на која бил рачно исцртан професионален лак кој веднаш започна да го копира во неговата тетратка. Додека го црташе, разбра дека овој лак беше различен од сите лакови кои до сега биле напрвени. Овој лак имаше само еден котур. 



Веројатно ти е јасно дека Хонда продаваат многу коли и заработуваат многу мал профит по кола. Ролс Ројс продава многу малку коли, но остварува голем профит по продадена кола. Мет МекФерсон ја започна компанијата Матеј Инк. кои во моментов се најголемите производители на професионални лакови во светот. За разлика од Хонда, тие остваруваат голем профит по продаден лак. 



Мет исто така тргна да измисли нов тип на акустична гитара, па сега неговите МекФерсон гитари се сметаат за едни од најдобрите во светот. Бизнисот на Мет е неговата служба за Бог, и тој сеуште се шета локално околу продавниците во Висконсин каде го шири евангелието. Тој го задржа Бог во сѐ она што го прави. 



Зошто да не го правиш ова и ти? Зошто Бог да не те употреби и тебе за да решиш некој проблем од интернационален карактер...или во твојата заедница или компанија? Светот е во потрага по решенија, и Божјите луѓе имаат пристап до светите стратегии кои ќе ги исцелат народите и ќе донесат мир. Сега е моментот за нас да побараме. 



Дали се наежи кога ти ја спомнав молитвата на Мет МекФерсон? Дали мислеше дека Божјиот човек требаше да побара нешто по...боженствено? Доколку е ова вистина, најверојатно имаш паднато во стапицата на секуларно-светата дихотомија.


Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Doing Business Supernaturally

Со години верував во лага. Оваа лага можеме да ја видиме многу често во Христијанските кругови. Верував во секуларно-света дихотомија, и тоа го спречуваше мојот раст. Придружи ми се во истражувањето како Бог сака да ни д...

More

Би сакале да се заблагодариме на Гејтвеј Министрис што го овозможија овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://dbs.godsbetterway.com/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност