Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Натприродно Водење БизнисПримерок

Doing Business Supernaturally

2 ДЕН ОД 6

Како на небото така и на Земјата



Вчера научивме дека како бизнисмени, имаме првокласен повик од Господ. Ја имаме можноста да ја прикажеме Божјата моќ пред скршен свет во потрага по решенија, на уникатен и моќен начин. И ова би требало да има ефект врз начинот на кој се молиме. 



Ја молиме Господовата молитва. Но што значи тоа? Што значи за нашиот бизнис? 



Значи дека доколку не е во Рајот, тогаш не треба да биде ни на Земјата. Доколку не е во Рајот, тогаш не треба да биде во мојот живот, во мојата фамилија или во мојот бизнис. Ова вклучува неопростување, и расправии и можеби пропаѓање на бизнисот. Вклучува лоши вработени и лоши шефови, вклучува и неквалитетна изработка или лоша услуга. Ништо од овие лоши нешта не се дел од Божјиот план.  



Па, како изгледа кога Небесното Царство го освојува Земното Царство? 



Божјата волја е извршена на Земјата како што е во Рајот, кога луѓето, бизнисите и заедницата просперира. Културата доживува позитивно влијание, клиентите ги добиваат добрата и услугите кои им се потребни, и бизнисмените и вработените просперираат. 



Исусовата слава, љубов и моќ се претставени. Вработените работат напорно и стануваат подобри сопружници, родители, пријатели и членови во црквата. Еден дел од овој свет се движи кон оригиналниот дизајн на Еденската градина. 



Кога сето ова ни е јасно, ние се молиме различно. Како бизнис лидер со декади искуство, се молев за евангелизација, болест и раст на црквата. Се молев за фамилијата и пријателите, но се чувствував како овца кога барав од Бог да ми помогне да успеам во бизнисот. Ова беше дел од таа лажна дихотомија за која говорев вчера. Дали твојот молитвен живот страда од оваа лага? 



Имаше еден човек кој работеше со реставрирање на мебел од дрво. Тој сфати дека хемикалиите кои се користат се штетни и можат да предизвикаат долготрајни здравствени проблеми, поради што планираше да престане со бизнисот доколку не успее да најде решение за овој проблем. Се обидуваше да пронајде нова органска и нетоксична хемикалија која ќе ги отстрани штетните хемикалии. Но тој си имаше поставено високи стандарди: пронајдокот мора да функционира исто како и штетните брендови. Тој и неговата жена бараа од Бог да им даде одговор. 



Еден ден, тој дојде дома за да и донесе ручек на сопругата. Таа беше трудна, и како што се разбуди од попладневна дремка, таа сподели со него еден сон со чудна комбинација од букви. Човекот сфати дека тоа е хемиска формула, се врати директно назад во работилницата и ги искомбинира овие хемикалии. 



Оваа мешавина излезе дека е перфектната формула за нетоксичен отстранувач што ја бараше за дрвениот мебел. И функционираше исто така како и останатите штетни комерцијални брендови. Започна да го рекламира производот во неговиот регион, за после некое време да го продадат патентот за производство на една голема корпорација. Парот си купи убаво патничко комбе и ја добија можноста да патуваат низ Америка во служба на црквата. 



Дали имаш потреба од мудрост за твојот бизнис денес? Дали се соочуваш со проблеми кои потребно е да бидат решени? Биди сигурен дека Бог ги има сите одговори, и Тој е спремен да те искористи за да го донесеш Рајот на Земјата. Твоја работа е да го прашаш...и да очекуваш да слушнеш одговор. 



"А кога ќе дојде Тој, Духот на Вистината, ќе ве упати во сета вистина, зашто нема да зборува Сам од Себе, а ќе зборува она што слуша, и ќе ви навести за нештата што ќе дојдат." Јован‬ ‭16:13‬


Свето Писмо

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Doing Business Supernaturally

Со години верував во лага. Оваа лага можеме да ја видиме многу често во Христијанските кругови. Верував во секуларно-света дихотомија, и тоа го спречуваше мојот раст. Придружи ми се во истражувањето како Бог сака да ни д...

More

Би сакале да се заблагодариме на Гејтвеј Министрис што го овозможија овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://dbs.godsbetterway.com/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност