Натприродно Водење БизнисПримерок

Лажна Дихотомија
Верував во лага во првите 28 години од мојот живот како Христијанин.
Тоа е многу честа лага во Христијанските кругови, и ако си бизнисмен, претпоставувам дека исто и ти си се борел со оваа ситуација.
Верував во секуларно-света дихотомија. И тоа предизвикуваше во мене да функционирам далеку под мојот капацитет, во бизнисот и во црквата.
Дозволи ми да објаснам...
Кога станав Христов следбеник во втора година на факултет, некако добив ментална слика за сите добри верници... оние кои беа најсериозни за нивната вера...започнале со мисионерска служба во полно време. Сепак, сите познати биографии, проповеди, и говорници се исполнети со луѓе кои “дале сѐ што имаат за Исус.” И ниту еден од нив не работел на некој бизнис (или барем така ми изгледаше).
Па се почувствував инфериорен и почнав да размислувам да го напуштам школото за да одам на Библиски факултет. Се почувствував дека доколку останам во бизнисот, секогаш ќе бидам Христијанин од втора класа, чија улога во црквата би била да присуствува на финансиски состаноци или да ја полни кошницата со пари за доброволен прилог, за да ги финансира оние кои работат на вистинската Божја задача. Оние луѓе со полно работно време во служба.
Но не успеав да приметам дека јас бев избран за служба со полно работно време, на денот кога бев спасен. Исто како што беше и ти.
Исто така не успеав да сфатам дека бизнисот не е повик од втора класа. Тоа е легитимна задача исто како што е и да се биде говорник.
Нема Дихотомија
Не постои дихотомија помеѓу светото и секуларното. Сѐ е духовно. Божјото Царство се протега низ секоја животна сфера, не само во четирите ѕида на црквата, а ние како бизнисмени, многу често имаме поширок допир со луѓе за разлика од еден типичен пастор. Плус имаме повеќе можности да ја искажеме Божјата љубов и моќ на неочекувани начини.
Тој ни вети дека ќе биде со нас, и дека Неговиот Дух ќе не води до секоја вистина. Твојот бизнис не е исклучок за ова ветување. Тоа е одлична вест, нели?
Бог чека на нас да пристапиме на Неговиот совет и Неговиот увид за да можеме да ги примениме Рајските решенија на Земјата и да ги представиме Неговите начини со тоа што ќе демонстрираме решенија за светските проблеми. Светот е скршен, и е во очајна потрага по одговори (види Римјаните 8:19). Ние имаме пристап до одговорите...од Светиот Дух. Се очекува од нас да бидеме иноватори, креатори, откривачи и дизајнери на решенија потребни за човештвото.
Она што Исус го демонстрираше преку лекување на телата е истата таа моќ која може да го трансформира твојот бизнис... и заедница... и нации.
Дали се имаш откажано од секуларно-светата дихотомија? Дали се здружуваш со цел да го донесеш Рајот на Земјата преку твојата сфера на делување во бизнисот и животот?
Свето Писмо
Опис за овој план

Со години верував во лага. Оваа лага можеме да ја видиме многу често во Христијанските кругови. Верував во секуларно-света дихотомија, и тоа го спречуваше мојот раст. Придружи ми се во истражувањето како Бог сака да ни даде натприродна моќ за да го донесеме Рајот на Земјата и да успееме во бизнисот и во животот. Ние имаме многу повеќе можности да влијаеме на светот од повеќето “министери со полно работно време," а овој Библиски план ќе ти го покаже начинот!
More
Слични Планови

Пет молитви на понизност

доверба - да веруваш на тоа што бог го кажува во неговото слово и да живееш во согласност со тоа божјо слово

Отстапи го на Бога првото место

Живеј со сила и храброст!

божиќ о, дојдете да го прославиме!

Библија за деца

Што е вистинска љубов?

Твојата најдобра инвестиција!

Живеј живот со цел!
