Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Активна вераПримерок

Active Faith

6 ДЕН ОД 6

"

Активна вера

Најчесто ние имаме идеја и створено концепт за верата. Како верници знаеме дека е невозможно да му угодиме на Бог без да имаме вера, (Евреите 11:6) но што ако ти кажам дека да имаш вера само по себе не е доволно? Ако навистина сакаме да му угодиме на Бог и да живееме по Неговата волја ние мораме да правиме дела поттикнати од нашата вера. 

Нашата вера е ставена на тест кога е потребно да дејствуваме поттикнати од неа, а тешкото во оваа задача е што верата е невидлива. “Дејствуваме поттикнати од вера, а не од својот разум и сетила”, “Верата е силна увереност во она на кое се надеваме и убедување во нештата кои не се гледаат”… Овие стихови за верата се добро познати, а преку нив гледаме дека верата не е заоснована на тоа што е опипливо и видливо и треба да ни послужат како потсетник дека верата бара дејствување, бара акција. Да дејствуваш поттикнат од нешто неопипливо е навистина тешко, но за да може да дејствуваш, треба да го направиш првиот чекор и да Му веруваш на Бог.

Замисли си како му било на Ное и колку чудно го гледале луѓето кога започнал да ја гради арката. Долго време помина откако Бог првично го повика да ја изгради арката со цел да се заштити од поплавата која требаше да дојде, но Ное мораше да делува во вера и да почне да го гради бродот иако сеуште не можеше да види знаци кои укажуваат дека ќе има некаков дожд или поплава. Ное само веруваше во Божјите зборови и беше послушен. Кога надојде поплавата, Ное и неговото семејство се спасија и можеа да живеат на бродот кој го изгради додека поплавата заврши.

Каква задача, сон, или цел одложуваш бидејќи не можеш да видиш дека ќе се случи сега? Ако Бог ти дал сон или визија, почни да дејствуваш во вера и Бог ќе обезбеди сѐ што ти е потребно за исполнување на тој сон или визија. Кога Бог дава сон или задача, ние го гледаме дрвото расцветано и полно со плод, но Тој сеуште не ни го дава тоа плодоносно дрво. Тој пред сѐ ни дава семе, а од нас зависи дали ќе го обработиме, дали ќе го посееме и наводнуваме тоа семе, од нас зависи дали ќе го потхрануваме сонот се додека не порасне во тоа дрво полно со плодови. Потребно е да дејствуваме поттикнати од нашата вера и да го завршиме својот дел во тоа што Бог нѝ го доверил. 

 

Кликни тука за 6-тиот ден од тренингот за вера и фитнес! 

"

Опис за овој план

Active Faith

Како може секојдневно да си активен во верата? Многу е важно да сме физички и духовно спремни додека поминуваме низ предизвиците и потешкотиите во животот. Тимот на Актив фејт спортс го направи овој план со цел да ни даде практични примери за како да бидеме физички активни и активни во верата. Како додаток има и видеа од Тери Вилијамс кој е дел од тренерската елитна лига во Хјустон, Тексас.

More

Би сакале да се заблагодариме на Актив Фејт Спортс што го овозможија овој план. За повеќе информации посетете ја веб-страната: https://activefaithsports.com