Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Активна вераПримерок

Active Faith

2 ДЕН ОД 6

Верата пред стравот

Многу често Бог нѐ благословува и поттикнува на подем преку напуштање на нашата комфортна зона. Тој нѐ носи во ситуации во кои е потребно целосно да се потпреме на Него за да го досегнеме тоа што Тој го има за нас, но зошто е тоа така? Затоа што во тие моменти за да ги надминеме стравовите потребно е да се потпреме на верата и да зависиме од верата, а не на нашите заслуги.

Покрај сатаната, едни од нашите најголеми непријатели може да бидат сомневањето во себе, отсуство на понизност и удобноста. 
Соништата кои Бог ти ги дал и местата каде што Бог сака да нѐ одведе многу пати се близу до нас, но понекогаш ние мора да поминеме низ некои неудобни или болни периоди. 
Напуштањето на удобноста и тргнување во непознатото изгледа страшно бидејки никој не сака да му е неудобно. Стравот од неудобноста, непознатото или од неуспех е тоа што ги спречува луѓето од досегнување на соништата или целите кои тие ги имаат во животот.

Знаеме дека нашиот Небесен Татко го сака најдоброто за нас. 
Кога имаме сомнежи или почнуваме да се плашиме од непознатото, ние мора да ја избереме верата над стравот. Тоа не значи дека нема да чувствуваме страв туку дека избираме да веруваме во Нашиот семоќен Бог дури и кога стравот е присутен. Дел од имањето поголема вера отколку страв е верување дека Бог го има замислено најдоброто за нас и дека Тој никогаш нема да нѐ поведе во погрешен правец.

Ова ме потсетува на приказната за девојчето кое си игра со кутија полна со песок, во која нејзиниот татко одлучи да ја однесе на подобро место каде што би уживала повеќе. Таа плачеше долго откако татко ѝ ја подигна од песокта за да се преместат и не можеше да разбере зошто тој ја примора да си одат. Татко и проба да ја смири, да ѝ каже дека се ќе биде во ред и дека ќе ја однесе на подобро место. 
Солзите престанаа кога тие стигнаа до плажата која беше исполнета со бескраен песок и прекрасни води што предизвика смеа и радост во девојчето додека трчаше низ плажата и си играше со брановите во вода.

Колкумина од нас доживеале неудобност или страв во моментите кога сме ја напуштале кутијата со песок, а не сме можеле да видеме што не чека после тоа? Бог има извонредни плажи кои чекаат на нас, но ние некогаш сме омалаксани од страв и одбиваме да ја напуштиме кутијата со песок за да ги видеме плажите.

Без разлика дали станува збор за нова работа, започнување на бизнис, исполнување на сонот, започнување на служба, продолжување на образованието или нешто што Бог ти го ставил на срце, верувај дека твојот небесен Татко ќе те води кон она што е најдобро за тебе. Избери ја верата пред стравот и стани она што Бог те повикува да бидеш!

 

Кликни тука за да го видиш вториот ден од тренингот за вера и фитнес!  

Опис за овој план

Active Faith

Како може секојдневно да си активен во верата? Многу е важно да сме физички и духовно спремни додека поминуваме низ предизвиците и потешкотиите во животот. Тимот на Актив фејт спортс го направи овој план со цел да ни даде практични примери за како да бидеме физички активни и активни во верата. Како додаток има и видеа од Тери Вилијамс кој е дел од тренерската елитна лига во Хјустон, Тексас.

More

Би сакале да се заблагодариме на Актив Фејт Спортс што го овозможија овој план. За повеќе информации посетете ја веб-страната: https://activefaithsports.com