Активна вераПримерок

Крос Фит
Тогаш Исус им рече на Своите ученици: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себеси и нека го подигне својот крст и нека Ме следи. (Матеј 16:24)
Додека го следиме Исус и се стремиме да бидеме послични на Него, треба да се откажеме од нашите телесни желби, а можеби ќе треба и да го жртвуваме она кое што го посакуваме за да го следиме Неговиот пат и Неговите учења.
Слично на ова, многумина од нас имаме цел да бидеме физички спремни или да бидеме во форма, а за да ја постигнеме таа цел можеби ќе треба да се откажеме од нашите желби за некои видови храна, како и од нашите омилени десерти. За да бидеме физички спремни мора да се држиме дисциплинирано до нашата диета и постојано да тренираме. Знаеме дека единствениот начин да се изградат мускули и кардиоваскуларен фитнес е постојано подигање на тежина и вежби со цел да се забрза отчукувањето на срцето. Кога ќе видите некој кој е фит и во форма знаете дека таа личност не вежбала само неколку пати или трчала повремено бидејки да се биде фит е резултат на посветеност на редовен тренинг и добра исхрана.
Истото може да се примени во нашиот стремеж за духовна спремност. Единствениот начин на кој ќе бидеме спремни да го носиме нашиот крст е преку духовно тренирање. Помисли на тоа колку често и колку пати е потребно да тренираш за да ги добиеш тие посилни мускули. Ние мора да го негуваме истиот пристап кон подигање и проучување на Библијата и Божјиот збор. Како што вежбаме нозе и стомачни со цел да постигнеме сила во основата на нашите тела, така треба да клекнеме и да се молиме за да изградиме цврста основа во нашата врска со Бог. Исто како што можат теговите да ти бидат тешки така и крстот кој мора да го носиш со цел да го следиш Исус може да ти стане тежок. Видот на тренинг кој ти е потребен за да станеш фит со цел да имаш сила за да го носиш крстот, не се одвива во теретана.
Затоа те предизвикуваме да бидеш постојано активен во верата и во твоите тренинзи. Исто како што се стремиш да бидеш во подобра физичка форма, не заборавај да се стремиш и кон подобра духовна форма. Знај дека твојата вера е како мускулите, таа мора да биде истегната, предизвикана, и испитана за да расте и да стане посилна. Нема да биде лесно. Секогаш има болка која доаѓа после напорен тренинг, но тоа значи дека си на пат кон тоа да станеш посилен. Твојата вера ќе биде испитувана и ќе има моменти кога ќе искусиш болка, но знај дека твојата вера ќе расте се повеќе и ти ќе бидеш спремен да одговориш на барањето од Исус да го носиш својот крст.
Кликни тука за да го видиш првиот ден од тренингот за вера и фитнес!
Свето Писмо
Опис за овој план

Како може секојдневно да си активен во верата? Многу е важно да сме физички и духовно спремни додека поминуваме низ предизвиците и потешкотиите во животот. Тимот на Актив фејт спортс го направи овој план со цел да ни даде практични примери за како да бидеме физички активни и активни во верата. Како додаток има и видеа од Тери Вилијамс кој е дел од тренерската елитна лига во Хјустон, Тексас.
More
Слични Планови

Живеј со сила и храброст!

Пет молитви на понизност

доверба - да веруваш на тоа што бог го кажува во неговото слово и да живееш во согласност со тоа божјо слово

Живеј живот со цел!

Твојата најдобра инвестиција!

Што е вистинска љубов?

Библија за деца

божиќ о, дојдете да го прославиме!

Ти имаш молитва!
