Активна вераПримерок

Трчај и не се уморувај
Една од мерките за нивото на нашата физичка спремност е трчањето. Иронично, во Библијата има многу референци за трчањето кои се претставени како метафори за животот.
Сите кои некогаш трчале на долги дистанци можат да кажат дека истовремено чувствуваат љубов и омраза према трчањето. Без разлика на твоето претходно искуство или физичка спремност, кога трчаш долги дистанци секогаш има моменти во кои ќе посакаш да сопреш, но со цел да можеш да продолжиш потребно е во тие моменти ментално да се избориш со себе. Независно дали ќе добиеш симптоми како стегање во градите, недостиг на воздух, болка или грч во мускулите, секогаш се јавува таа потреба за застанување при ваков подвиг.
Во маратонот на нашите животи многу често се соочуваме со слични ситуации низ сферите на нашите врски, образование, кариери, исполнување на соништа или целите, без исклучок доаѓаме до тешки моменти во кои сакаме да се откажиме од работите. Подемите и падовите во животот се голем предизвик и многу пати може да се чувстуваме како да трчаме на рид кој нема крај. Заморот може да се јави заради игнорирање на разочарувањата, тешките моменти и болката низ која минуваме додека трчаме низ овој живот, но како да го надминеме ова? Како да стигнеме до крајната цел?
1. Трчај ја својата трка! Евреите 12:1-2
Не ја споредувај својата трка со ничија друга. Бог нѝ дал на секој поеднично индивидуална стаза која треба да ја истрчаме. Не се дефокусирај со правење споредби со други луѓе ниту пак му дозволувај на непријателот да те дефокусира. Остани фокусиран на Исус и на она што Тој го има за тебе без да гледаш настрана или назад, држи ги своите очи фокусирани напред на Исус.
2. Трчај за да победиш! 1 Коринтјаните 9:24
Нашиот Бог е совршен Бог, Тој е најдобриот и нѝ го посакува најдоброто. Каква и да е трката пред тебе, истрчај ја најдобро што можеш со намера да победиш давајки го најдоброто од себе на Бог со стремеж да живееш на начинот што Тој го наумил за тебе. Не трчај само колку за да истрчаш. Трчај за да победиш!
3. Верувај му на Бог во моментите кога сакаш да се откажеш Исаија 40:31
Сите се соочуваме со вакви моменти или се движиме кон нашите цели, но никако да стигнеме да ги исполниме. Во овие моменти треба да му веруваме на Бог дека Тој не води по патот кој е најдобар за нас и да веруваме дека Тој се грижи за нас. Кога ќе научиме да Му веруваме без разлика на околностите во кои се наоѓаме, Тој ќе ни ја обнови силата и ќе ни помогне да ја продолжиме трката!
Кликни тука за да го видиш 5-тиот ден од тренингот за вера и фитнес
"Опис за овој план

Како може секојдневно да си активен во верата? Многу е важно да сме физички и духовно спремни додека поминуваме низ предизвиците и потешкотиите во животот. Тимот на Актив фејт спортс го направи овој план со цел да ни даде практични примери за како да бидеме физички активни и активни во верата. Како додаток има и видеа од Тери Вилијамс кој е дел од тренерската елитна лига во Хјустон, Тексас.
More
Слични Планови

Библија за деца

Пет молитви на понизност

Што е вистинска љубов?

Живеј живот со цел!

Отстапи го на Бога првото место

Живеј со сила и храброст!

божиќ о, дојдете да го прославиме!

доверба - да веруваш на тоа што бог го кажува во неговото слово и да живееш во согласност со тоа божјо слово

Твојата најдобра инвестиција!
