Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Активна вераПримерок

Active Faith

4 ДЕН ОД 6

Чудесно создаден

“Споредувањето е крадец на радоста” ~Теодор Рузвелт

Во ова време на социјални медиуми, себе истакнување и селфиња, скоро е невозможно да се помине денот без да се споредиш со некој. Интересното е дека иако овие платформи беа креирани со цел корисниците да може да споделат информации со пријателите за себе и за она кои навистина се тие, овие платформи станаа место каде луѓето ја споделуваат верзијата од себеси која што ќе привлече најмногу лајкови и ќе ги импресионира другите. Притисокот за да имаш одреден изглед, да живееш на одреден начин, и да постираш некои нешта со цел да си прифатен или сметан за вреден е повисок од било кога. Не е ни случајност што милиони луѓе, од тинејџери до милениумци се борат со самопочит и сликата која ја имаат создадено за себе, што е една од причините зошто луѓето се споредуваат едни со други, што исто така поттикнува натпреварување, а во некои случај и завист према луѓето.

Како следбеници на Исус, не треба да дозволиме светот да влијае на нашата дефиниција за убава, кул или интересна личност. Ако знаеш кој си и чиј си, ќе сфатиш дека нема потреба да се споредуваш.

Без разлика на тоа што кажуваат социјалните медиуми или светот за тебе, ти си дете на Царот над Царевите, тоа те прави дел од царството. Ти си створен според сликата на Бог и Создателот со причина одлучил да те создаде онака како што си. Ако твојот живот му е угоден Нему, нема потреба да се грижиш за тоа дали ќе импресионираш други луѓе. 

Провери си ги своите мотиви и потруди се причините за исполнување на твоите цели без разлика дали се поврзани со физичката област или друго, бидат со цел да станеш надоброто од себе за да го прославиш Бог, а не за да добиеш повеќе лајкови. Ако некогаш имаш моменти на пад на самодовребата или моменти во кои се споредуваш со луѓето, запомни дека Бог те создал и Тој е најдобар во тоа што го прави. Со други зборови, имај доверба во начинот и причината зошто си создаден на тој начин бидејки во Божјите очи, ти си чудесно и прекрасно создаден. #Безфилтер, немаш потреба од тоа.

Предизвик: 

Направи 7-10 дена пауза од сите социјални мрежи. Одјави се од сите апликации или избриши ги апликациите од телефонот и секогаш кога ќе се појави потреба да провериш што има на социјалните мрежи, отвори ја Библијата и прочитај барем една глава или помоли се. Кога ќе се вратиш назад на редовно користење на социјалните мрежи запомни да бидеш цврст во тоа кој си и не се споредувај со никој друг.

 

Кликни тука за да видиш повеќе совети околу верата, фитнесот и здравјето од 4-тиот ден! 

Свето Писмо

Опис за овој план

Active Faith

Како може секојдневно да си активен во верата? Многу е важно да сме физички и духовно спремни додека поминуваме низ предизвиците и потешкотиите во животот. Тимот на Актив фејт спортс го направи овој план со цел да ни даде практични примери за како да бидеме физички активни и активни во верата. Како додаток има и видеа од Тери Вилијамс кој е дел од тренерската елитна лига во Хјустон, Тексас.

More

Би сакале да се заблагодариме на Актив Фејт Спортс што го овозможија овој план. За повеќе информации посетете ја веб-страната: https://activefaithsports.com