Активна вераПримерок

Господ е мојата сила
Како што започнуваме со новата година, повеќето од нас си имаме поставено некои нови цели и планови на кои се фокусираме да ги оствариме во текот на овој период. Секоја година, најпопуларните новогодишни планови се поврзани со нашето здравје и фитнес кои вклучуваат намалување на тежината, здрава исхрана и вежбање, но дали знаеш дека после 3 недели од новата година 75% од луѓето кои започнале со изведба на овие планови се предаваат?
Причините за неуспехот варираат од тоа добро да се испланира или да се постават реално достигливи цели до немање на партнер кој ќе нѐ држи одговорни за исполнување на истите. Сите овие причини се поврзани со луѓе кои се потпираат на својата желба и моќ, но една од работите кои ги учиме од Библијата и низ животот е дека како поединци сме слаби и осудени на пропаст кога се потпираме на својата сопствена сила.
Важната работа во тоа да се биде верник е знаењето дека само преку Исус Христос имаме пристап до сила која не би ја поседувале во ниеден друг случај. Тоа не значи дека после нашата молитва Исус ќе ни помогне да подигнеме 300 килограми во теретана, туку значи дека нашата слабост можеме да ја предадеме на Бог и дека Тој ќе нѝ помогне да ја надминеме. Нашата слабост нѐ покорува кога се обидуваме да се потпреме на нашата сопствена сила.
Твојот предизвикот почнувајки од денес е:
Во моментите на слабост, одвој барем 1 минута да се помолиш на Господ и да Го замолиш да ти даде сила за да ја надминеш. Доколку твоите цели се поврзани со здравје и фитнес и знаеш дека треба да се храниш подобро, помоли се на Бог да ти даде сила да го издржиш искушението да пробаш некој нездрав оброк или закуска. Препознај ги твоите слабости и моли се за нив во текот на овој месец бидејки Бог дал ветување дека ќе нѝ даде сила што ние ја немаме.
Кликни тука да го видиш третиот ден од тренингот за вера и фитнес!
Опис за овој план

Како може секојдневно да си активен во верата? Многу е важно да сме физички и духовно спремни додека поминуваме низ предизвиците и потешкотиите во животот. Тимот на Актив фејт спортс го направи овој план со цел да ни даде практични примери за како да бидеме физички активни и активни во верата. Како додаток има и видеа од Тери Вилијамс кој е дел од тренерската елитна лига во Хјустон, Тексас.
More
Слични Планови

Твојата најдобра инвестиција!

Што е вистинска љубов?

Библија за деца

Живеј живот со цел!

Пет молитви на понизност

Ти имаш молитва!

Живеј со сила и храброст!

Отстапи го на Бога првото место

божиќ о, дојдете да го прославиме!
