Псалми 91
91
ПСАЛМ 91
Похвала на Божјата праведност
1Псалм на песната, за саботниот ден.
2 #
32,1-3
Добро е да се слави Господ
и да му се пее на името Твое, Севишен,
3наутро да се објавува милоста Твоја
и вистината Твоја во текот на ноќта,
4на харфа со десет струни,
низ песна од лира.
5Зашто со Твоите творби ме развесели, Господи,
и во делата на рацете Твои ќе се зарадувам.
6 #
8; 138,6.17-18 Колку се возвеличија делата Твои, Господи,
многу се задлабочија замислите Твои.
7 #
72,22; Мудр 13,1 Човек безумен тоа нема да го осознае
и неразумниот тоа нема да го разбере.
8 #
36,35-36
Кога грешниците растат како трева,
и сите што вршат беззаконие изникнуваат,
тоа е за да бидат истребени во вечни векови.
9А Ти си, Господи, Севишен довека.
10 #
67,1-2
Зашто, ете, непријателите Твои ќе загинат
и ќе се распрснат сите што вршат беззаконие;
11 #
22,5; 74,10; 5 Мојс 33,17 и рогот на мојата моќ ќе се возвиси како кај еднорог
и староста моја во масло обилно.
12И окото мое погледна на непријателите мои
и увото мое ќе ги слушне лукавите што стануваат против мене.
13 #
1,3
Праведникот ќе расцвета како палма,
како кедарот во Ливан ќе се умножи.
14 #
51,8
Оние што во домот Господов се засадени,
во дворовите на нашиот Бог ќе процветаат.
15 #
5 Мојс 32,4
Дури и во длабоката старост тие ќе се умножуваат,
и ќе живеат во наслада, за да објават
16дека е праведен Господ, нашиот Бог,
и нема неправда во Него.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
Псалми 91: MAK2024PS
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង
ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
Македонско библиско здружение 2024