Псалми 74
74
ПСАЛМ 74
Благодарност кон Бога за судот над горделивите
1За крајот. Не погубувај! Псалм на песната, на Асаф.
2Ќе Те славиме Тебе, Боже, ќе Те славиме
и ќе го повикуваме името Твое.
3Ќе раскажувам за сите чудеса Твои, кога ќе дојде време.
Јас чесно ќе судам.
4 #
45,2; 59,2; 92,1-2; 95,10; 1 Цар 2,8 Се растопи земјата и сите што живеат на неа,
јас ги утврдив столбовите нејзини.
5 #
1 Цар 2,3; Зах 1,18–2,3 Им реков на законопрестапниците: „Не вршете беззаконија“;
и на грешниците: „Не возвисувајте рог,
6 #
93,4; Јов 15,25 не подигајте го високо рогот свој
и не говорете против Бога неправда“.
7 #
Мт 24,23-28
Зашто нема спас ни од исток, ни од запад,
ниту од пустинските гори,
8 #
1 Цар 2,7; Дан 2,21 зашто Бог е судија,
едниот го унижува, а другиот го возвишува.
9 #
59,3; 91,11; Ис 51,17; Јов 21,20 Зашто во раката Господова е чашата полна со нерастворено, мешано вино,
и тој преточува од едно во друго,
но талогот негов не се испразнува,
ќе го испијат сите грешници на земјата.
10А јас ќе се зарадувам довека,
ќе Му пеам на Бога Јаковов;
11и сите рогови на грешниците ќе ги скршам
и ќе се возвисат роговите на праведниот.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
Псалми 74: MAK2024PS
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង
ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
Македонско библиско здружение 2024