Марко 8
8
Нахранети четири илјади луѓе. Барање знак. Потребно е чување од фарисеите и од Ирода. Исцелување на слепиот. Петровата исповед. Првото пророкување за страдањата.
1Во тие дни, кога се беше собрал многу народ и немаше што да јадат, Исус ги повика учениците Свои и им рече:
2»Ми е жал за народот, оти три дена веќе стојат при Мене и нема што да јадат.
3Ако ги распуштам гладни по куќите нивни, ќе премалеат по патот, зашто некои дошле од далеку.«
4Учениците му одговорија: »Од каде може човек сите овие да ги нахрани со леб, овде во пустинава?«
5И ги праша: »Колку лебови имате?« А тие одговорија: »Седум.«
6Тогаш му заповеда на народот да поседне по земјата; па, откако ги зеде седумте лебови, заблагодари, ги раскрши и им ги даде на учениците Свои да ги разделат; и тие ги ставија пред народот.
7Имаа и малку риби; како ги благослови, заповеда да ги разделат и нив.
8И јадеа, и се наситија; и кренаа седум кошници останати парчиња.
9А оние, што јадеа, беа околу четири илјади. И ги распушти.
10И веднаш влезе во кораб со учениците Свои и дојде во пределите Далманутски.
11И излегоа фарисеите и почнаа да се препираат со Него, па искушувајќи Го, Му побараа чудо од небото.
12А Он воздивна длабоко и рече: »Зошто овој бара чудо? Вистина ви велам: нема да се даде чудо на овој род.«
13И кога ги остави, пак влезе во коработ и премина на другата страна.
14А тие, пак, беа заборавиле да земат леб и во коработ немаа со себе повеќе, освен еден леб.
15А Он им заповеда и рече: »Внимавајте, чувајте се од квасот фарисејски и од квасот Иродов!«
16И си размислуваа помеѓу себе, велејќи: »Тоа е што немаме леб.«
17А Исус, кога ги разбра, им рече: »Што мислите дека немате леб? Зар уште не знаете и не разбирате? Уште ли е скаменето вашето срце?
18Очи имате, не гледате ли? Уши имате, не слушате ли? И не помните ли?
19Кога ги раскршив петте лебови, за пет илјади души, колку полни кошеви со парчиња кренавте?« Му рекоа: »Дванаесет.«
20А седумте – за четири илјади, колку кошници со останати парчиња собравте? Тие одговорија: Седум.
21И им рече: »Па како тогаш не разбирате?«
22Потоа дојде во Витсаида; и доведоа при Него слеп и Го молеа да се допре до него.
23И кога го зеде слепиот за рака, го изведе надвор од селото и, откако плукна на очите негови, ги положи рацете над него, па го праша дали гледа нешто.
24Тој, кога погледна, рече: »Ги гледам луѓето да врват како дрвја.«
25Потоа пак ги положи рацете над очите негови и му рече да погледа. И му се поврати видот и ги гледаше сите јасно.
26И го испрати во домот негов и му рече: »Не се одбивај в село, ниту раскажувај некому!«
27И излезе Исус со учениците Свои по селата на Ќесарија Филипова. По патот ги праша учениците Свои и им рече: »За кого Ме мислат луѓето?«
28Тие одговорија: »За Јована Крстител, некои за Илија, а други, пак, за еден од пророците.«
29Он, пак им рече: »А вие, за кого ме мислите?« Петар Му одговори и рече: »Ти си Христос!«
30И им забрани да говорат за Него кому и да било.
31Па почна да ги учи дека Синот Човечки треба многу да пострада, да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците, и да биде убиен и на третиот ден да воскресне.
32И говореше за тоа откриено. Но Петар, како Го повлече настрана, почна да Го одвраќа.
33А Он, кога се заврте и ги погледна учениците Свои, му забрани на Петра да говори и рече: »Бегај од Мене, сатано! Оти не мислиш на она што е Божјо, туку на она што е човечко.«
34И кога го повика народот и учениците Свои, им рече: »Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене.
35Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја загуби; а кој ја загуби душата своја заради Мене и Евангелието, тој ќе ја спаси.
36Оти каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости?
37Или каков откуп ќе даде човек за својата душа?
38Зашто, кој се срами од Мене и од зборовите Мои во овој прељубодеен и грешен род, и Синот Човечки ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Отец со светите ангели.«
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
Марко 8: MK1990
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: