Марко 7
7
За човечките закони. Исус ја исцелува ќерката на жената Хананејка, а и глуви и неми.
1Се собраа при Него фарисеите и некои од книжниците, што беа дошле од Ерусалим.
2И кога видоа дека некои од Неговите ученици јадат леб со нечисти, односно со неизмиени раце, ги укорија.
3Зашто фарисеите и сите Јудејци, држејќи го преданието на старите, не јадат, дури не ги измијат рацете до лактите;
4и кога ќе се вратат од пазар, не јадат, дури не се измијат; и уште многу друго има што примиле и го држат; миење чаши, чинии, котли и столови.
5Потоа фарисеите и книжниците Го прашаа: »Зошто учениците Твои не постапуваат според преданието на старите, но со неизмиени раце јадат леб?«
6А Он им одговори и рече: »Добро пророкувал Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ‚Овој народ со уста Ме почитува, а со срцето свое стои далеку од Мене;
7но напразно Ме почитува, оти проповеда човечки повелби.‘
8Зашто, вие, оставајќи ја Божјата заповед, го држите преданието човечко: миење чинии и чаши, и вршите многу други слични работи.«
9И им рече: »И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го запазите вашето предание.
10Оти Мојсеј рече: ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘, и ‚Кој го злослови таткото свој или мајка си, со смрт да се казни,‘
11А вие велите: ‚Ако некој каже на татка си или на мајка си: корван, односно, ветено е на Бога она, со кое би се ползувал ти од мене.‘
12И на таков не оставате веќе ништо да направи за својот татко или за својата мајка,
13престапувајќи го словото Божјо со вашето предание, што сте го предавале вие; и многу такви слични работи вршите.«
14И кога го повика сиот народ, им рече: »Слушајте Ме сите и разберете:
15ништо што влегува во устата на човекот однадвор, не може да го оскверни; освен она што излегува од него, тоа го осквернува човекот.
16Ако некој има уши да слуша, нека чуе!«
17И кога се оддалечи од народот и влезе во една куќа, учениците Негови Го прашаа за параболата.
18А Он им рече: »Зар сте и вие така неразумни? Не разбирате ли дека ништо, што влегува во човекот од надвор, не може да го оскверни?
19Оти не во срцето му влегува тоа, а во стомакот, и излегува надвор, чистејќи ја сета храна.«
20И уште им рече: »Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот.
21Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодејства, блудства, убиства,
22кражби, лакомства, лукавства, пакости, злоби, око лукаво, богохулство, гордост, безумство.
23Сето тоа зло однатре излегува и го осквернува човекот.«
24И кога се крена оттаму, отиде во пределите Тирски и Сидонски; и кога влезе во една куќа, сакаше никој да не Го узнае. Но не можеше да се сокрие.
25Зашто чу за Него една жена, чија ќерка имаше нечист дух, па, како дојде, падна пред нозете Негови.
26А таа жена беше друговерка, по потекло Сирофеничанка; и Го молеше да го истера бесот од ќерка ѝ.
27Но Исус ѝ рече: »Остави најнапред да се насити челадта; зашто не е добро да се земе лебот од челадта и да им се фрли на кучињата.«
28И таа одговори и Му рече: »Да, Господи! Но и кучињата јадат под трпезата, од трошките на челадта.«
29И ѝ рече: »За тој збор оди си! Бесот излезе од ќерка ти!«
30И кога се врати дома, ја најде ќерка си како лежи на постела, а бесот беше излегол.
31И пак излезе Исус од пределите Тирски и Сидонски и отиде кон Галилејското Море, низ пределите на Десеттоградието.
32И доведоа при Него еден глув и тепкав, па Го молеа да положи над него рака.
33Исус, откако го одведе настрана од народот, ги стави Своите прсти во неговите уши; а кога плукна, го допре неговиот јазик;
34па, штом погледна на небото, воздивна и му рече: »Ефата!« – што значи: »Отвори се!«
35И веднаш му се отвори слухот, и се разврзаа врските на неговиот јазик и говореше чисто.
36И им заповеда никому да не кажуваат. Но, во колку Он им забрануваше, во толку повеќе тие разгласуваа.
37И прекумерно се чудеа и велеа: »Сѐ добро прави: и глувите ги прави да слушаат и немите да зборуваат.«
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
Марко 7: MK1990
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: