Лука 8:47-48

Лука 8:47-48 MK1990

Жената, штом виде оти не може да се сокрие, со треперење пристапи, па како падна пред Него, Му кажа пред сиот народ зошто се допрела и дека веднаш оздравела. А Он ѝ рече: »Не бој се, ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир!«