Јаков 1
1
Благословен е родот на трпението во маки. Изворот на гревовите. Потребно е да се прими Господовото слово и да се живее според него.
1Јаков, слугата на Бога и на Господа Исуса Христа, испраќа поздрав до дванаесетте колена, кои живеат растурено.
2Радувајте се, браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија,
3знаејќи дека испитувањето на вашата вера создава трпеливост:
4трпеливоста, пак, нека ви биде совршена работа, за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток.
5Ако некому од вас не му достига мудрост, нека ја моли од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без укор – и ќе му се даде.
6Но да се моли со вера и никако да не се сомнева; оти оној, кој се сомнева, прилега на морски талас, кого ветрот го издига и растура;
7таков човек нека не мисли дека ќе добие нешто од Господа.
8Човек што се двоуми во сите свои патишта е непостојан.
9Понизениот брат нека се фали со возвишеноста своја,
10а богатиот – со својата понизност, бидејќи тоа ќе помине како цвет од трева;
11оти сонцето огрева и со својата горештина ја исушува тревата, и цветот нејзин отпаѓа, и убавината на нејзиниот изглед исчезнува; така ќе овене и богатиот во својот пат.
12Блажен е оној човек, кој поднесува искушение, бидејќи откако ќе биде испитан, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние, кои Го сакаат.
13Ниеден, кога е во искушение, да не вели: »Бог ме искушува«, бидејќи Бог со зло не се искушува, и Он никого не искушува,
14но секого го искушува неговата похот, која го влече и мами.
15Потоа похотта, откако ќе се зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт.
16Не заблудувајте се, браќа мои возљубени.
17Секој добар дар и секој совршен подарок иде одозгора, доаѓа од Отецот на светлината, во Кого нема промени ни сенка од измена.
18Оти Он нѐ роди по Своја волја преку словото на вистината, за да бидеме почеток на Неговите созданија.
19И така, мои возљубени браќа, секој човек нека биде брз во зборувањето, и бавен на гнев,
20бидејќи човечкиот гнев не ја извршува Божјата правда.
21Затоа, отфрлувајќи од себеси секаква нечистота и насобрана злоба, со смиреност примете го насаденото слово, кое може да ги спаси душите ваши.
22Бидете извршители на словото, а не само слушатели, мамејќи се сами себе.
23Оти, кој го слуша словото а не го извршува, тој прилега на човек, кој го гледа сопственото си лице во огледало;
24ќе се погледне, па ќе си замине, и веднаш заборава каков бил.
25Но кој ќе се задлабочи во совршениот Закон на слободата и остане во него, тој, бидејќи е незаборавлив слушател, туку извршител на делото, ќе биде блажен во своето делување.
26Ако некој од вас мисли дека е благочестив, а не го обуздува јазикот свој, туку го мами срцето свое, неговата благочестивост е суетна.
27Чиста и непорочна вера пред Бога и Отецот е оваа: да пригледуваш сираци и вдовици во нивните маки и да се пазиш да останеш неосквернет од светот.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
Јаков 1: MK1990
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង
ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: