Дела 27
27
Павла како затвореник го спроведуваат во Рим. Бродолом и спасение. Доаѓањето на Мелит.
1Кога беше решено да отпловиме за Италија, Павла и неколку други затвореници ги предадоа на еден стотник, по име Јулиј, од Августовата чета.
2Се качивме на една адрамитска лаѓа и се оттиснавме, сакајќи да пловиме покрај азиските места. Со нас беше Аристарх, Македонец од Солун.
3На другиот ден стигнавме во Сидон. И Јулиј, постапувајќи со Павла човекољубиво, му позволи да отиде до пријателите свои, за да се погрижат за него.
4Кога тргнавме оттаму, минавме под Кипар, бидејќи ветровите беа спротивни,
5и, откако го препловивме морето покрај Киликија и Памфилија, слегнавме до Мира Ликиска.
6Таму стотникот најде една александриска лаѓа, која пловеше за Италија, и нѐ префрлија во неа.
7И пловејќи полека многу дни, одвај стигнавме спроти Крит, бидејќи ветрот ни пречеше, и препловивме под Крит покрај Салмона.
8И, откако со мака минавме покрај неа, стигнавме до едно место, наречено Добри Пристаништа, близу кое се наоѓаше градот Ласеја.
9Но, бидејќи беше минало доста време и пловењето стана веќе опасно, а и постот беше веќе минал, Павле посоветува
10и им рече: »Гледам, луѓе, дека пловењето ќе биде мачно и со голема штета не само за товарот на лаѓата, туку и за животите наши.«
11Но стотникот повеќе му веруваше на кормиларот и сопственикот на бродот отколку на зборовите Павлови.
12И бидејќи пристаништето не беше годно за презимување, многумина изјавија дека сакаат оттаму да отпловат, ако е можно, до Финик, критското пристаниште, кое се наоѓа спроти југозападниот и северозападниот ветар, и таму да презимуваат.
13А кога дувна југот, тие помислија дека желбата им се исполни, па тргнаа и пловеа покрај Крит.
14Но наскоро против нив се дигна бурниот ветар, наречен евроклидон.
15А кога лаѓата се оттргна, оти не можеше да му се противстави на ветрот, ние ја предадовме на таласите и тие нѐ носеа.
16И кога поминавме покрај едно островче, кое се вика Клавда, одвај можевме да го задржиме чунот,
17кој се извлече и врза на лаѓата одоздола; и бидејќи се плашевме да не удриме на песочен нанос, ги спуштивме едрата и така пловевме.
18На другиот ден, бидејќи бевме силно фрлани од бурата, почнаа да го исфрлуваат товарот,
19а на третиот ден, сами со рацете свои ги исфрливме корабните алати.
20Но, бидејќи во текот на многу дни не се виде ни сонце, ни ѕвезда, а и не мала бура имаше, понатаму исчезнуваше секаква надеж да се спасиме.
21И како долго време не беа јале, Павле застана среде нив и рече: »Луѓе, браќа, требаше да ме послушате и да не тргаме од Крит, и ќе ги избегневме овие маки и штети.
22А сега ви советувам да бидете бодри, оти ниедна душа од вас нема да загине, освен лаѓата.
23Бидејќи ноќеска ми се јави ангел од Бога, Чиј сум и Кому Му служам,
24и рече: ‚Не бој се, Павле, ти треба да излезеш пред ќесарот; и ете, Господ ти ги подари сите, што пловат со тебе.‘
25Затоа, браќа, не плашете се, зашто Му верувам на Бога дека ќе стане така, како што ми беше речено.
26Ние ќе дојдеме до еден остров.«
27Кога настана четиринаесеттата ноќ, откако пловевме по Јадранското Море, кон полноќ морнарите помислија дека се приближуваат до некоја земја,
28и, откако ја измерија длабочината, најдоа дваесет фати; па отидоа малку потаму, измерија пак и најдоа петнаесет фати.
29И бидејќи се плашеа да не удрат на карпести места, од страната на кормилото спуштија четири ленгера, па чекаа да осамне.
30А кога морнарите намислија да побегнат од лаѓата, и спуштија чун во морето како да ќе спуштат ленгери од предната страна,
31Павле им рече на стотникот и на војниците: »Ако овие не останат на коработ, вие не можете да се спасите.«
32Тогаш војниците ги исекоа јажињата на чунот и го оставија да падне долу.
33И пред да осамне, Павле ги покани сите да каснат, велејќи: »Денес е четиринаесетти ден, откако во очекување стоите гладни, не вкусувајќи ништо.
34Затоа, ве молам, каснете: тоа ќе го запази животот ваш, зашто на ниеден од вас нема да му падне ни влакно од главата.«
35Како го рече тоа, зеде леб, Му благодари на Бога пред сите, прекрши и почна да јаде.
36Тогаш се ободрија сите и јадоа;
37а во лаѓата нѐ имаше нас вкупно двесте седумдесет и шест души.
38И кога се поткрепија, почнаа да ја олеснуваат лаѓата, исфрлувајќи го житото в море.
39Штом се раздени, земјата не ја познаа, но забележаа еден залив со песок, на кој решија, ако им појде од рака, да ја извлечат лаѓата.
40И дигајќи ги ленгерите, се заплови по морето; а покрај другото ги разлабавија и врските на кормилата, го развија малото едро спрема ветрецот што дуваше, та пловевме кон брегот.
41А кога дојдовме до еден гребен, носот на лаѓата се заби и веќе не се помрдна, а задниот дел од лаѓата се разбиваше од силата на таласите.
42Војниците, пак, помислија да ги убијат затворениците, та некој да не исплива и побегне.
43Но стотникот, сакајќи да го спаси Павла, ги задржа од таа намера и заповеда најнапред да искокаат и излезат на земја оние, што знаат да пливаат,
44а другите – кој на штица, кој на штогоде од лаѓата. И така излегоа сите живи на земја.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
Дела 27: MK1990
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង
ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: