Дела 24
24
Павле пред намесникот Феликс.
1По пет дена слегна првосвештеникот Ананија со старешините и со некој си ретор Тертил; излегоа пред намесникот, обвинувајќи го Павла.
2А кога го повикаа Павла, Тертил почна да го обвинува, велејќи:
3Секогаш и насекаде со голема благодарност признаваме дека преку тебе, многупочитувани Феликсе, кај нас има полн мир, а преку грижите твои – на овој народ му се дели вистинска правда.
4Но, за да не ти одземам многу време, те молам да нѐ ислушаш накратко со твојата кроткост.
5Бидејќи најдовме дека овој човек е зараза и дека крева бунтови против сите Јудејци по вселената и дека е водач на назарејската ерес,
6кој се обиде дури и храмот да го оскверни, затоа ние го фативме и сакавме да му судиме според нашиот Закон;
7но заповедникот Лисиј дојде и со голема сила го истргна од рацете наши, и го испрати при тебе,
8откако заповеда и ние, неговите обвинители, да дојдеме при тебе. Ти ќе можеш сам да го испиташ и од него да узнаеш во што го обвинуваме ние.
9А и Јудејците потврдуваа дека е така.
10Намесникот му даде знак на Павла да зборува, а тој одговори: »Бидејќи знам дека од многу години си му судија на овој народ, тоа со послободно срце ќе зборувам во моја заштита.
11Ти можеш да дознаеш дека нема повеќе од дванаесет дена откако се искачив во Ерусалим на поклонение.
12И ни во храмот ме најдоа некому да зборувам, или бунт да кревам меѓу народот, ни по зборниците, ниту, пак, во градот.
13Ниту, пак, тие можат да го докажат она што сега ти зборуваат за мене.
14Но ти признавам, дека според учењето, кое тие го наречуваат ерес, Му служам на Бога и на отците наши, дека верувам во сѐ што е напишано во Законот и во Пророците,
15и дека се надевам на Бога, оти ќе има воскресение на мртвите, на праведните и на неправедните, кое и тие сами го очекуваат.
16А за тоа и сам се грижам секогаш да имам чиста совест пред Бога и пред луѓето.
17По многу години дојдов да му донесам на мојот народ милостина и приноси.
18Тогаш, кога се бев очистил, ме најдоа во храмот, ни со народ, ниту со шум,
19некои азиски Јудејци, кои требаше да се претстават пред тебе и да ме обвинат, ако имаат нешто против мене.
20Или, пак, тие сами да кажат дали во мене нашле некаква неправда, кога се бев јавил пред Синедрионот, –
21освен само овие зборови, кои, застанат пред нив, гласно ги изговорив: ‚Заради воскресението на мртвите ме судите вие денес.‘«
22Кога го чу тоа Феликс, тој го одложи делото, бидејќи добро знаеше за тоа учење, и рече: »Ќе го разгледам делото кога ќе дојде заповедникот Лисиј.«
23И му заповеда на стотникот да го пази Павла, но полабаво, и да не запира никого од неговите блиски да му служат, или да доаѓаат при него.
24По неколку дни дојде Феликс со жената своја Друзила која беше Јудејка, та го повика Павла и слушаше од него за верата во Христа Исуса.
25А кога Павле зборуваше за правда, за воздржување и за идниот суд, Феликс се уплаши и одговори: »Сега оди си, а кога ќе најдам време, ќе те повикам.«
26При ова се надеваше дека Павле ќе му даде пари за да го пушти; затоа често го повикуваше и разговараше со него.
27Но кога изминаа две години, Феликса го замени Порциј Фест. И бидејќи сакаше да им угоди на Јудејците, Феликс го остави Павла во окови.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
Дела 24: MK1990
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង
ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: