Дела 22
22
Павле им прикажува на Евреите за своето обраќање кон Христа.
1Мажи, браќа и отци! Чујте го сега моето оправдание пред вас.
2А кога чуја дека им зборува на еврејски јазик, уште повеќе замолкнаа. Тогаш тој рече:
3»Јас сум човек Јудеец, родум од Тарс Киликиски, но воспитан во овој град при нозете Гамалиилови, изучен точно според Законот на татковците и исполнет со ревност кон Бога, како што сте и вие сите денес.
4До смрт ги гонев јас следбениците на тоа учење, врзувајќи и предавајќи во затвор и мажи и жени,
5како што сведочат за мене првосвештеникот и сите старешини, од кои, откако бев земал и писма до браќата, одев во Дамаск да ги доведам во Ерусалим врзани и тамошните, за да бидат казнети.
6Но, кога бев на пат и наближив до Дамаск, околу пладне, одеднаш од небото ме огреа силна светлина.
7Јас паднав наземи и чув глас, кој ми зборуваше: ‚Савле, Савле, зошто Ме гониш?‘
8Јас, пак, одговорив: ‚Кој си ти, Господи?‘ А Он ми рече: ‚Јас сум Исус Назареецот, Кого Го гониш ти.‘
9Оние, кои беа со мене, ја видоа светлината и се уплашија; но гласот на Оној, Кој ми зборуваше, не го чуја.
10Тогаш реков: ‚Што да правам, Господи?‘ А Господ ми рече: ‚Стани и оди во Дамаск, и таму ќе ти биде речено сѐ, што ти е наредено да правиш.‘
11И бидејќи од болскотот на таа светлина не можев да гледам, ме поведоа за рака оние, кои беа со мене, и така ме одведоа во Дамаск.
12А некој си Ананиј, маж благочестив според Законот, со добро име меѓу сите Јудејци во Дамаск,
13дојде при мене, застана и ми рече: ‚Брате Савле, прогледај!‘ И јас во тој миг прогледав и погледав кон него.
14А тој ми рече: ‚Бог на нашите татковци те определил да ја познаеш Неговата волја, да Го видиш Праведникот и да чуеш глас од устата Негова,
15зашто ќе Му бидеш сведок пред сите луѓе за она, што си видел и чул.
16И сега, што се чека? Стани, крсти се и очисти ги гревовите свои, призовувајќи го името на Господа Исуса.‘
17А кога се вратив во Ерусалим и се молев во храмот, се занесов
18и Го видов како ми вели: ‚Побрзај, та излези од Ерусалим поскоро, зашто нема да го примаат твоето сведоштво за Мене!‘
19Јас, пак, одговорив: ‚Господи, тие знаат дека јас ги затворав и биев по синагогите оние, кои веруваа во Тебе;
20и кога се проливаше крвта на Стефана, Твојот сведок, таму стоев и јас и го одобрував неговото убиство, пазејќи ги алиштата на оние што го убиваа.‘
21И ми рече: ‚Оди! Јас те праќам далеку – при незнабошците.‘«
22До тој збор го слушаа, но потоа го издигнаа гласот свој и викаа: »Премавни го од земјата таков! Тој не треба да живее!«
23И бидејќи тие крескаа, мавтаа со алиштата свои, та креваа прав во воздухот,
24заповедникот нареди да го водат во тврдината и порача да го испитуваат со бичување, за да узнае поради која причина викаат против него така.
25Но, кога го притегнаа со ремења да го бичуваат, Павле му рече на стотникот, кој стоеше таму: »Зар ви е позволено да бичувате римски граѓанин, и тоа неосуден?«
26Кога го чу тоа стотникот, отиде па му кажа на заповедникот и рече: »Гледај, што правиш, зашто овој човек е римски граѓанин.«
27Тогаш заповедникот се приближи до него и рече: »Кажи ми, римски граѓанин ли си ти?« Тој одговори: »Да.«
28А заповедникот рече: »Тоа граѓанство јас сум го придобил за многу големи пари.« Павле пак рече: »А јас сум се и родил како таков.«
29И веднаш отстапија од него оние, кои сакаа да го испитуваат. А и заповедникот, кога узна дека е тој римски граѓанин, се уплаши оти го беше врзал.
30На вториот ден, кога сакаше да узнае во што всушност го обвинуваат Јудејците, го ослободи од оковите и заповеда да дојдат првосвештениците и целиот нивни Синедрион, па го доведе долу Павла и го исправи пред нив.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
Дела 22: MK1990
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង
ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016