1. Петар 1
1
Благословен Бог поради големата надеж и блаженството со кое се здобија оние што веруваат. Бидете свети!
1Од Петра, апостолот на Исуса Христа, до избраните придојдени, растурени по Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Витинија,
2по провидението на Бога Отецот, преку осветувањето од Духот за послушност и попрскување со крвта на Исуса Христа: да ви се умножи благодатта и мирот!
3Благословен е Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој по својата голема милост нѐ прероди преку воскресението на Исуса Христа од мртвите за жива надеж,
4за наследство што не пропаѓа, чисто, кое не свенува, запазено на небесата за вас,
5кои Божјата сила преку верата ве запазила за спасение, приготвено да се открие во последно време.
6Затоа радувајте се, макар сега да сте малку во скрб – ако е потребно, – во разни искушенија,
7та вашата вера испитана, да излезе подрагоцена од нетрајното злато, па било тоа да е испитано и преку оган, за пофалба и чест и слава, кога ќе се појави Исус Христос,
8Кого Го сакате, иако не сте Го виделе, и во Кого верувајќи сега, а не гледајќи Го, се радувате со неискажана и прославена радост,
9примајќи го крајот на вашата вера – спасението на душите;
10кое го бараа и испитуваа пророците, што прорекоа за вашата благодат.
11Откако испитаа, во кое или какво време им јавуваше Духот Христов однапред, Кој беше во нив, сведочејќи за Христовите страдања и славата која иде по нив;
12ним им беше откриено дека тие не за самите себе служат, а за нас со она што ви се јави сега вам преку оние, кои го проповедаа Евангелието од небото преку Светиот Дух, и во кое сакаат да вникнат ангелите.
13Поради тоа, возљубени, притегнувајќи ги бедрата на умот свој, бидејќи бодри, наполно надевајте се дека ќе ви се принесе благодатта при јавувањето на Исуса Христа.
14Како послушни чеда, не постапувајте според поранешните наши похоти, кога бевте во незнаење.
15Но, по примерот на Светецот, Кој ве повика, и вие самите бидете светци во сите ваши постапки.
16Оти е напишано: »Бидете свети, бидејќи Јас сум свет.«
17Иако Го наречувате Отец Оној, Кој не гледајќи кој е кој, секому му суди според делата, затоа поминувајте го времето на својот живот во страв,
18знаејќи дека со пропадливо сребро или злато не сте искупени од суетниот живот, кој ви се предаде од татковците ваши,
19туку со скапоцената крв на непорочното и чисто Јагне – Христос,
20Кој е предназначен уште пред создавањето на светот, а се јави во последно време заради вас,
21кои преку Него поверувавте во Бога, Кој Го воскресна од мртвите и Му даде слава, та верата ваша и надежта да ви бидат во Бога.
22Откако ги очистивте душите ваши со послушност на вистината преку Духот, за нелицемерно братољубие, сакајте се еден со друг постојано со чисто срце,
23како преродени не од распадливо семе, туку од вечно преку словото на живиот Бог, Кој пребива во сите векови.
24Зашто телото е како трева, и секоја човечка слава – како цвет од трева: се исушува тревата, и цветот нејзин паѓа;
25но словото Господово останува засекогаш. А тоа е словото, кое ви е благовестено.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
1. Петар 1: MK1990
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង
ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: