Јона Вовед

Вовед
Книгата на пророкот Јона се разликува од другите пророчки книги, по наративниот карактер. Во неа се раскажува за обидот на пророкот Јона да избега од Божјата служба, односно, да не ја изврши задачата што Господ му ја дове­рил. Пораката што Јона требало да ја проповеда се состоела само од една реченица. Господ го испратил во Ниневија, главниот град на тогаш големата империја Асирија, која била и смртен непријател на Израел. Јона не сакал да оди, зашто бил уверен дека Господ нема да ја изврши Неговата закана, која Јона требало да ја проповеда. По серија драматични случки, Јона сепак заминал за Ниневија и ја пренел Божјата порака. Народот се покајал и Господ не ги казнил, поради што Јона многу се налутил.
Оваа книга има за цел да истакне дека Господ е добар и милостив и дека повеќе сака да простува, отколку да казнува. Клучен стих е 4,2.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

Јона Вовед: MK2006

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល