Захарија 14

14
Конечната битка и Божјата победа
1 # Ис 39,6 Ете, доаѓа денот Господов кога ќе го разделат ограбеното од тебе среде тебе. 2#12,3; 13,8; Ис 13,16; Ез 38,9; Јоил 3,2.12; Мих 4,11; Ис 31,4Ќе ги соберам сите народи во војна против Ерусалим; градот ќе биде преземен, и домовите разграбени; же­ните ќе бидат обесчестени, половината од градот ќе отиде во ропство; но останатиот народ нема да биде ис­требен од градот. 3Тогаш ќе излезе Господ и ќе се сврти против тие народи, како што војува во борбен ден. 4#Ез 11,23; Мих 1,4И ќе застанат нозете Негови на Маслиновата Гора во оној ден, што се наоѓа спроти Ерусалим од источната страна: и ќе се расцепи Маслиновата Гора од исток кон запад со многу голема долина и половината ќе се помести кон север, а втората поло­вина – кон југ. 5#5 Мојс 33,2-3.5; Амос 1,1; 1 Сол 3,13И вие ќе побегнете во долината на Мојата гора, зашто планинската до­лина ќе се протега до Ацал; а ќе по­бегнете како што бегавте од земјотресот во деновите на Озија, царот Ју­дејски; и ќе дојде Господ, мојот Бог, и сите светии со Него. 6Во тој ден нема да има светила, светилата ќе бидат премавнати. 7#Мт 24,36; Мк 13,32; Откр 21,23; 22,5Тој ден ќе биде чуден, познат само на Господ; ниту ден, ниту ноќ – и ноќе ќе биде виделина. 8#Јоил 3,18; Откр 22,1-2Во тој ден ќе потечат живи води од Ерусалим, половина кон источното море, а половина кон западното море; така ќе биде и лете и зиме. 9#5 Мојс 6,4; 33,26; Ис 54,5; Пс 46,7; Откр 11,15И Господ ќе биде Цар над целата земја; во тој ден Господ ќе биде единствен и името Негово – едно единствено. 10#12,6; Ер 31,38Целата таа земја ќе се претвори во рамнина од Гева до Римон, јужно од Ерусалим, кој ќе се извиши на местото свое и ќе се насели од Пор­ти­те Венијаминови до местото на Први­те Порти, до Аголните Порти, и од кулата на Хананел до царските визби. 11#5 Мојс 33,28; Ер 31,40; 33,16; Откр 22,3И ќе се населат во него, и прок­летство нема да има повеќе, а Еру­са­лим ќе живее во мир. 12#12,9; Ис 66,24А еве какво ќе биде поразувањето, со кое Господ ќе ги порази сите народи, кои војувале против Еру­салим – месото ќе им се распаѓа уште додека стојат на нозете свои, и очите ќе им скапуваат во длабнатините, и јазикот ќе им изгние во устата нивна. 13#Суд 7,22; Ез 38,21И во тој ден ќе завладее голем смут од Господ, така што еден друг ќе се фаќаат за раката своја и секој ќе ја подига раката своја против раката на ближниот свој. 14#Ез 39,10Дури и Јуда ќе војува во Еру­са­лим, и богатството на сите околни народи ќе биде собрано: злато, сребро и облеки во голем број. 15Таков пораз ќе има и врз коњите и маските, камилите и магарињата, и врз секаков добиток, што ќе се наоѓа во логорите нивни. 16#8,22; 3 Мојс 23,34; Ис 2,3А потоа сите што ќе преживеат, од оние кои војувале против Еруса­лим, од сите народи, ќе доаѓаат од го­ди­на во година, за да се поклонат на Царот, на Господ Саваот, и да го празнуваат празникот Сеници. 17#2 Мојс 23,14И, ако некое од племињата земни не појде во Ерусалим, за да Му се поклони на Царот, на Господ Саваот, дожд нема да падне кај нив. 18И, ако племето египетско не трг­не на пат и не дојде тука, и него ќе го постигне пораз, со каков што ги порази Господ оние народи, што не доаѓале да го празнуваат празникот Сеници. 19Таква ќе биде казната за Египет и на сите народи, кои нема да дојдат да го празнуваат празникот Сеници. 20#2 Мојс 28,36Во тоа време дури на уздите од коњите ќе биде забележано „Пос­ве­тен на Господ“, и котлите во домот Господов ќе бидат како жртвените садови пред жртвеникот. 21#Јн 2,16И сите котли во Ерусалим и во Јудеја ќе бидат посветени на Господ Саваот, и ќе доаѓаат сите што принесуваат жртва, ќе ги земат и ќе варат во нив, и нема повеќе да има ниту еден трговец во домот на Господ Саваот во тој ден.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

Захарија 14: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល