Јуда Вовед

Вовед
Посланието на Јуда не е упатено до некоја посебна заедница, туку до христијаните воопшто. Неговата порака е мошне блиска на онаа која се наоѓа во Второто Петрово послание (види посебно 2 Птр 2): и едната и другата се борат против грешните учења и против оние кои се истакнуваат со нивниот разврат.
По воведот (ст. 1–2), писателот жестоко ги напаѓа пропагаторите на лажните учења, кои се вовлекле во Црквата, и најавува осуда што ќе ги погоди сите (ст. 3–16). Од своја страна, верниците се повикани да останат цврсти во верата (ст. 17–23). Посланието завршува со завршен збор упатен до Единствениот Бог, нашиот Спасител Исус Христос, нашиот Господ (ст. 24–25).
Ако ова послание ја открива застрашувачката сила на лагата, тогаш тоа уште повеќе ја подвлекува потпората и надежта што ја поседуваат христијаните во Бога, во Исус Христос и во Светиот Дух.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

Јуда Вовед: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល