Исход 5

5
Мојсеј и Арон кај фараонот
1 # 3,18; 4,23 А потоа Мојсеј и Арон дојдоа кај фараонот, па му рекоа: „Вака вели Господ, Бог Израилев – ‚Пушти го народот Мој, да празнува празник во Моја чест во пустината.‘“ 2#3,19; 7,5.17; 14,4; Јов 21,15Но фараонот рече: „Кој е тој Господ, за да го послушам гласот Не­гов, и да ги пуштам синовите израилски? Не Го познавам тој Господ, ниту ќе го пуштам народот израилски.“ 3#8,27; 3 Мојс 26,25; 5 Мојс 28,21А тие рекоа: „Бог на Евреите нѐ повика нас три дена пат да одиме во пустината, за да Му принесеме жртва на Господ, нашиот Бог, та да не ни испрати помор или убиство.“ 4#1,11Тогаш царот египетски им рече: „Зошто вие, Мојсеј и Арон, го одвлекувате (мојот) народ од неговата работа? Одете (си секој од вас по својата работа)!“ 5#1,9; 1 Мојс 12,2И фараонот уште додаде: „Ете, сега кога народот се намножи во земјата, вие сакате да го натерате да не работи!“
Фараонот им ја наголемува работата на Евреите
6И веднаш им заповеда фараонот на надзорниците над народот и на настојниците негови, и рече: 7„Отсега на народот нема да му да­вате плева за правење тули, како до­сега: туку сами нека одат да си собираат плева. 8#5,14.17.18А колку тули досега правеле, настојувајте толку да прават и отсега: ништо не намалувајте; зашто се без работа, па затоа викаат и велат – ‚Да одиме и да Му принесеме жртва на нашиот Бог.‘ 9Нека им се зголеми работата на тие луѓе, за да работат повеќе и да не се занимаваат со празни зборови.“ 10#1,11; 5,13И излегоа надзорниците и настој­ниците, и му рекоа на народот: „Вака вели фараонот: нема да ви давам веќе плева; 11#5,19одете сами и собирајте си плева, каде што ќе најдете; а од работата нема ништо да ви се намали.“ 12И се разотиде народот по целата земја египетска за да собира стрника наместо плева. 13А надзорниците (ги) навалуваа, велејќи: „Вршете ги вашите (определени) работи секој ден, како и порано кога имавте плева.“ 14#5,16; Ис 10,24А настојниците од родот на сино­вите израилски, кои ги поставија над нив надзорниците на фараонот, беа би­­ени и им се велеше: „Зошто ни вчера, ни денес не изработивте толку тули, колку што ви е определено, како што пра­вев­те порано?“ 15И отидоа настојниците на синовите израилски пред фараонот, па извикаа и рекоа: „Зошто постапуваш така со слу­гите твои? 16Плева не им се дава на слугите твои, а пак ни се вели: правете тули. И ете, ги бијат слугите твои. Го онеправдуваат твојот народ.“ 17#5,8Но тој им одговори: „Седите без работа, не работите, па затоа велите: ‚Да одиме да Му принесеме жртва на Господ.‘ 18Затоа сега одете, работете; плева нема да ви се дава, а вие определениот број тули ќе го предавате.“ 19И настојниците на синовите израилски се видоа во зло, бидејќи им беше речено: „Дневната количина на тулите не смеете да ја намалите.“ 20А кога излегоа откај фараонот, ги сретнаа Мојсеј и Арон, кои стоеја и ги очекуваа. 21#14,11; 16,3; 1 Мојс 16,5; 34,30; 4 Мојс 14,3Па им рекоа: „Бог нека види и нека ви суди што нѐ направивте омразени кај фараонот и кај службениците негови, и им дадовте меч во рацете, за да нѐ убиваат!“ 22#4 Мојс 11,11; Ис.Н. 7,7Тогаш Мојсеј се обрна кон Господ и рече: „Господи, зошто го воведе во не­волја овој народ и зошто ме испрати мене? 23#Ер 4,10; 20,7Зашто, откако излегов пред фараонот и проговорив во Твое име, тој уште полошо постапува со овој народ? Ти не го избави народот Свој!“

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

Исход 5: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល