Дела 19

19
Пристигнувањето на Павле во Ефес
1Додека Аполос беше во Коринт, Павле откако мина низ горните земји, дојде до Ефес. Таму сретна некои ученици, 2и им рече: „Кога поверувавте, при­мив­те ли Дух Свети?“ А тие му одгово­рија: „Ние не сме ни слушнале дека има Дух Свети.“ 3Тој им рече: „А како бевте крс­те­ни?“ Тие одговорија: „Со Јовановото крштение.“ 4#1,5; 10,37; 13,24; Лк 3,3.15-18Павле рече: „Јован крштеваше со покајно крштевање, велејќи му на наро­дот да верува во Оној, Кој иде по него, односно во Исус Христос.“ 5Кога го слушнаа тоа, тие се крстија во името на Господа Исуса. 6#2,4.38; 8,16-17; 10,44.46-48И кога Павле ги положи рацете над нив, слезе Духот Свети на нив. Тогаш тие почнаа да зборуваат на разни јазици и да пророкуваат. 7А вкупно беа околу дванаесет души.
Павле проповеда во Ефес
8 # 9,20; 14,1 Потоа Павле влезе во синагогата, и тука три месеци смело проповедаше и расправајќи ги уверуваше за царството Божјо. 9Но, бидејќи имаше некои жестоки противници на верата, кои говореа ло­шо за патот Господов пред народот, Павле се оддели од нив, ги одвои уче­ни­ците и секојдневно расправаше во учи­лиштето на некој си Тиран. 10Тоа траеше цели две години, така што сите жители на Азија, како Ју­деј­ците, така и Елините, можеа да го слу­шаат словото за Господ Исус.
Синовите на Скева
11А Бог правеше многу чудеса преку рацете Павлови, 12#5,16така што врз болните полагаа крпи и шамивчиња за пот, што го беа доп­ре­ле неговото тело, и болестите ги на­пуштаа, а злите духови излегуваа од нив. 13#16,16-18Некои, пак, од Јудејците кои лутаа наоколу и ги истеруваа злите духови, се обидоа да го повикаат името на Господ Исуса над оние кои беа обземени со де­мони, и велеа: „Ве заколнуваме во Исус, Кого Го проповеда Павле!“ 14Тоа го правеа седумте синови на јудејскиот првосвештеник Скева. 15А лошиот дух одговори и рече: „Исус Го познавам и Павле го знам; но кои сте вие?“ 16И скокна на нив човекот, во кого имаше лош дух, и, откако ги совлада, покажа против нив таква сила, што тие, го­ли и ранети, побегнаа од таа куќа. 17#2,43; 5,5.11За тоа разбраа сите Јудејци и Ели­ни, кои живееја во Ефес, и сите нив ги спопадна страв; и името на Господа Исуса се величаше. 18И многумина од верниците доаѓаа, та се исповедуваа и ги откриваа своите дела. 19А мнозина од оние, кои правеа ма­гии, собирајќи ги книгите свои, ги гореа пред сите; дури ја пресметаа и нивната цена и најдоа дека чинат до педесет ил­јади сребреници. 20Така моќно растеше и се засилува­ше словото Господово.
Бунтот во Ефес и заминувањето на Павле
21А кога се сврши тоа, Павле науми, откако ќе ја мине Македонија и Ахаја, да оди во Ерусалим, па рече: „Штом ќе бидам таму, ќе треба да го видам Рим.“ 22#1 Кор 4,17; Фил 2,19И прати во Македонија двајца свои прислужници – Тимотеј и Ераст, а сам остана извесно време во Азија. 23Во тоа време се создаде голем бунт против патот Господов: 24некој си златар, по име Димитриј, кој правеше сребрени храмови за Арте­мида и на занаетчиите им овоз­мо­жу­ва­ше со тоа не мала заработувачка, 25ги повика нив, а и други работници кои работеа околу такви работи, и им рече: „Другари, познато ви е дека од таа работа зависи нашата благосостојба. 26А, гледате и слушате дека не само во Ефес, туку скоро во цела Азија, тој Павле убеди и заведе доста народ, ве­леј­ќи дека не се богови оние што се прават со човечки раце. 27#16,19Затоа постои опасност не само нашиот занает да биде презрен, туку и храмот на великата божица Артемида да се смета за безвреден, и да загине ве­личието на онаа, која ја почитува цела Азија и вселената.“ 28Кога го слушнаа тоа, се исполнија со гнев, и почнаа да извикуваат велејќи: „Велика е Артемида Ефеска!“ 29И целиот град се побуни; едно­душ­но се втрчаа во театарот, влечејќи ги со себе Македонците Гај и Аристарх, Пав­ловите сопатници. 30А кога Павле сакаше да влезе меѓу народот, учениците не го пуштија. 31Исто така и некои од азиските на­чал­ници, бидејќи му беа пријатели, ис­пратија кај него и го молеа да не се појавува во театарот. 32И така, едни извикуваа едно, други – друго; зашто меѓу насобраните вла­дееше безредие, и повеќето од нив не знаеја за што се беше собрал народот. 33По предлог на Јудејците беше из­ви­кан меѓу народот Александар. Алек­сан­дар даде знак со рака, сакајќи да одржи одбрамбен говор пред народот. 34Но кога дознаа дека е Јудеец, сите извикаа во еден глас и почнаа да викаат околу два часа: „Велика е Артемида Ефеска!“ 35А градскиот писар, кога го смири народот, рече: „Луѓе ефесци, кој човек не знае дека градот Ефес е чувар на ве­ликата божица Артемида и нејзиниот кип паднат од небото? 36Штом е тоа, пак, неспорно, вие тре­ба да бидете мирни и да не правите ништо непромислено. 37#16,20А вие сте ги довеле овие луѓе, кои ниту храмот на Артемида го ограбиле, ниту, пак, божицата ваша ја хулат. 38Ако, пак, Димитриј и занаетчиите, што се со него, имаат нешто против некого, за тоа постојат судски собири, а има и проконзули: нека се тужат едни со други. 39Ако, пак, нешто друго барате, тоа ќе биде решено во законското собрание. 40Зашто постои опасност да бидеме обвинети за бунт поради денешнава ра­бота, бидејќи нема никаква причина, со која можеме да го оправдаме овој со­бир.“ Штом го рече тоа, го распушти собирот.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

Дела 19: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល