2 Макавејска Вовед

Вовед
Втората книга Макавејска во голема мера се разликува од првата. Писателот е исто така анонимен, најверојатно Јудеец, кој живеел надвор од Палестина, со елинистичко образование. Книгата изворно е напишана на грчки. Во неа, како што вели самиот писател, го резимира монументалното дело на Киренеецот Јасон. Стилот на писателот е историско-патетичен; тој не е првенствено историчар, туку говорник и морализатор, кој настојува да го поттикне читателот. Од таа гледна точка би требало да се оценуваат поединечните делови од книгата, која сепак е историска во својата основа. Теолошки, оваа книга, покрај книгата Мудроста Соломонова, е најдобар сведок на јудејската вера и побожност, на прагот на христијанската ера: спореди со излагањето за создавањето (7,23; 28 и понатаму), за воскресението, задгробната отплата и вечниот живот (7,11, 22, 29, 33, 37), за вредностите на мачеништвото (7,32-38) и др.
Втората книга Макавејска, според податоците од самата книга, би можела да биде напишана некаде околу 124 и 63 год. пр. Христос. Нејзиниот писател обилно користел податоци од Првата книга Макавејска.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

2 Макавејска Вовед: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល